Аерозагадувањето и пушењето најчести причини за заболени пациенти од ХОББ

Загадениот воздух постепено влијае и кај здравите луѓе од година во година тој создава сериозни заболувања.

Расте бројката на пациенти во клиниката за пулмологија и алергологија. Освен вирусните и бактериските инфекции, многу пациенти кои претходно имале заболувања на белите дробови имале влошување на здравствената состојба, причина за ваквата состојба пулмолозите го посочуваат и загадениот воздух, но и неизмиените улица и лошата состојба во градот, почнувајќи од дивите депонии, преголмото градење и загревањето со штетни материјали. Загадениот воздух постепено влијае и кај здравите луѓе од година во година тој создава сериозни заболувања.

„А тие честички кои се најситни стигнуваат до терминалните оние алвеоли што ги викаме и имаат две тенки структури и овие честички лесно ја поминуваат таа мембрана и се разлеваат по целиот организам и се причина за артеосклероза, и карценогенеза. Тие процеси не ги чувстуваме и се јавуваат по неколку години и затоа е зголемен бројот на карциномите“, објаснува проф. д-р Јагода Стојковиќ Клиника за пулмологија и алерголија.

„Може да ве зашитат и КН 95 и обична маска ако немате маска ставете шал. Но уште полошо е и внатрешното аерозагадување. Ако дома се пуши и ако имаме несоодветно загревање тоа загадување е уште полошо посебно за малата популација не би требало родителите да конзумираат тутун“ проф. д-р Оливер Зафировски Клиника за пулмологија и алерголија.

Професорот Зафировски потенцира дека токму пушењето цигари и производи од тутун се првата причина за добивање на болеста ХОББ.

Во Македонија 8% од населението е со ХОББ болест. Докторите велат дека мора да се превзме повеќе мерки околу примена на мерките за пушење во затворен простор.

Австралија наметнува милионски казни за социјалните мрежи за пристап на лица помлади од 16 годи

Социјалните мрежи би можеле да бидат казнети со повеќе од 30 милиони евра доколку не успеат да го спречат пристапот на децата до нивните платформи, според новата легислатива предложена во австралискиот Парламент.

Законот ќе ги принуди социјалните мрежи да преземат чекори за да ги спречат лицата под 16 години да пристапуваат до платформи како што се Икс, ТикТок, Фејсбук и Инстаграм.

Доколку не го направат тоа, ќе добијат парични казни до речиси 50 милиони австралиски долари.

Австралија планира да испроба систем за проверка на возраста што може да вклучува биометрија или државна идентификација за да се спроведе старосната граница за пристапот до социјалните мрежи, што е меѓу најстрогите контроли досега наметнати од една земја.

Со предлогот, нема да има ослободувања со родителска согласност или исклучоци за претходно постоечки сметки.

Предложениот закон, исто така, ќе вклучи силни одредби за приватност кои бараат технолошките платформи да ги избришат сите собрани податоци за проверка на возраста.

„Ова е значајна реформа. Знаеме дека некои деца ќе најдат решение, но испраќаме порака до социјалните мрежи да се прочистат“, рече премиерот Ентони Албанес.

Министерката за комуникации Мишел Роланд рече дека социјалните мрежи се одговорни за „безбедноста и менталното здравје“ на Австралијците.

„За премногу млади Австралијци, социјалните мрежи можат да бидат штетни. Речиси две третини од Австралијците на возраст од 14 до 17 години гледале исклучително штетна содржина на интернет, вклучувајќи злоупотреба на дрога, самоубиство или самоповредување“, рече Роланд.

„Законот го става товарот на социјалните платформи, а не на родителите или децата, за да се осигура дека има заштита“, додаде таа.

Албанезе рече дека децата ќе имаат пристап до пораки, онлајн игри и услуги поврзани со здравјето и образованието.

Ако предложениот закон помине, на технолошките платформи ќе им биде даден рок од една година за да осмислат како да ја спроведат забраната.

Социјалните мрежи соопштија дека ќе го почитуваат новиот закон, но ја предупредија владата да не дејствува пребрзо и без соодветна консултација.

Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со интерконтинентална балистичка ракета

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нема „ништо да каже“ за обвинувањата на украинската војска дека Русија утрово истрелала интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) врз Украина.

Во разговор со новинарите, Песков одби да коментира, јави Си-Ен-Ен.

- Тоа е прашање за нашата војска, рече тој.

Русија денеска лансирала интерконтинентална балистичка ракета „Кинџал“ од нејзиниот јужен регион Астрахан и седум крстаречки ракети, соопшти украинската војска.

Русија го употреби ова оружје со долг дострел за прв пат откако ја почна војната.

Нападот следуваше откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне цели во Русија, за што Москва со месеци предупредуваше како потенцијална ескалација.

Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар, соопштија властите.

Пол Џорџ не го заврши натпреварот против Мемфис поради повреда

Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ одигра само 17,5 минути ноќеска на натпреварот со Мемфис во НБА-лигата.

Џорџ не можеше да му помогне на својот тим кој загуби со резултат 111:117. Тој повторно го исчаши левото колено. Истата повреда кошаркарот ја доби пред еден месец.

До моментот на напуштање на теренот Џорџ успеа да постигне 2 поени, 4 скока и 2 асистенции, со шут од поле 1 од 6.

Филаделфија е последна во Источната конференција со биланс две победи и 12 загубени натпревари.

притисни ентер