Леброн Џејмс ги напушта социјалните мрежи

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.

- АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе – напиша Леброн.

Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.

- Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.

Џејмс кој наскоро ќе наполни 40 години се уште е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата.

ВМРО-ДПМНЕ:СДС во недостаток на идеи, најде партнер за насилство во Левица и пудлицата Апасиев

Венко Филипче и СДС по црвениот картон кој го добија од народот во мај, по практикувањето на корупција и криминал сега прибегнуваат и кон насилство.

Во недостаток на идеи, во насилството партнер на Филипче и СДС им е пудлицата Димитар Апасиев.

Филипче и СДС деновиве во Собранието приредија драма, пцовки, или недолично однесување наместо аргументирана дебата.

Ова недолично однесување кое Филипче го манифестира преку својата пудлица Апасиев е сликата за опозицијата во државата.

Сликата која Филипче ја прави е слика полна со навреди кон семејствата на поединци.

Додека СДС и Левица практикуваат навреди, насилство, недолично однесување, ВМРО-ДПМНЕ нуди поинаков пристап кој нуди решенија за граѓаните и за државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема време за ваков примитивен пристап во законодавниот дом и воопшто на општествената сцена. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото недолично однесување на СДС и Левица. ВМРО-ДПМНЕ работи единствено во интерес на граѓаните и државата, се наведува во партиското соопштение.

Мелони: Г7 ќе расправа за потерницата по Нетанјаху, терористите и Израел не се исто

Италија планира да го разгледа налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на претстојниот состанок на групата Г7, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони.

„Оваа влада останува цврста на една работа: одговорноста на државата Израел и терористичката организација Хамас не може да се поистоветува“, се вели во изјавата на премиерката Мелони, која рече дека ќе ги „испита мотивите“ на МКС.

Италија, која во моментов претседава со групата Г7, во понеделник ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи во Фиуџи, град во близина на Рим.

Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна отпуштениот израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Сојузниците на Израел ја критикуваа одлуката. Генерално, од земјите-членки на МКС се бара да ги извршат налозите за апсење, иако меѓу тие држави постои несогласување за тоа како да постапат со Нетанјаху. Унгарија веќе соопшти дека има намера да го игнорира налогот за апсење.

Останатите членки на Г7 се САД, Канада, Британија, Јапонија, Франција и Германија. САД, како и Израел, не го признатаваат Меѓународниот кривичен суд.

Остин: Севернокорејските војници наскоро ќе се вклучат во војната во Украина

САД очекуваат илјадници севернокорејски војници стационирани во Русија наскоро да тргнат во битка против Украина, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.

Тој додаде дека најверојатно околу 10.000 севернокорејски војници се стационирани во рускиот пограничен регион Курск каде минуваат низ процес на „интеграција во руските единици“.

- Судејќи според тоа за што тренираа и начинот на кој се интегрираат во руските единици, целосно очекувам наскоро да ги видам во акција, посочи Остин за време на посетата на Фиџи.

Остин наведе дека досега не видел „сериозни податоци“ за активно учество на севернокорејските војници во борбите.

Пред два дена јужнокорејските владини претставници изјавија дека Русија за Пјонгјанг обезбедила нафта, ракетни одбранбени системи и економска помош во замена за севернокорејските војници.

Киев предупреди дека Москва собрала армија од 50.000 војници, вклучително и севернокорејски војници, кои имаат задача да ги вратат деловите од пограничниот регион заземени од украинските воени сили.

Украина, во молскавична офанзива во август, презеде контрола над дел од Курската област.

притисни ентер