„Скопска новогодишна приказна“, дочек на нова година во општина Кисела Вода

Незаборавна забава вечерва најавува и Општина Кисела Вода под мотото „Скопска новогодишна приказна“. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Сириската влада најави зголемување на платите во јавниот сектор за 400 проценти

- Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.

Привремената влада на Сирија ќе ги зголеми платите на бројни вработени во јавниот сектор за 400 проценти следниот месец, откако ќе заврши административното преструктурирање на министерствата за подобрување на ефикасноста и отчетноста. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Мохамед Абазид.

Зголемувањето, за кое се проценува дека ќе чини 1,65 трилиони сириски фунти (околу 127 милиони американски долари), ќе биде финансирано од постојните државни ресурси, заедно со регионална помош, нови инвестиции и обиди за одмрзнување на сириските средства во странство.

- Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.

Тој додаде дека платите за овој месец ќе бидат исплатени неделава. /МИА

Јохауг победи на женската Тур де ски 2025

Норвежанката Тереза ​​Јохауг е победничка на женското повеќедневно натпреварување Тур де ски 2025 година.

Триесет и шестгодишната атлетичарка го освои турнирот по четврти пат во кариерата.

Јохауг се најде на врвот во генералниот пласман со време од 3 часа, 46 минути и 59 секунди.

Норвежанката Астрид Слинд (+47 секунди) го зазеде второто место, а Американката Џесика Дигинс (+2 минути 41 секунда) го зазеде третото место.

Кај мажите, трофејот го освои сонародникот на Јохауг, Јоханес Клебо.

Јохауг е четирикратна олимписка шампионка, 14-кратен светска првенка и трикратна победничка на Светскиот куп./МИА

Милан му нуди на Олмо шестмесечен договор со можност да се врати во Барса во јули

Дани Олмо би можел привремено да се пресели во Милан. 

Претходно Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) објавија дека Барселона одбила да го регистрира Дани Олмо. Претходниот истече на 1 јануари.

Според „Кориере дела Сера“, миланскиот клуб на играчот од средниот ред му понудил шестмесечен договор. Договорот вклучува клаузула дека Шпанецот може да се врати во Барселона во јули.

Се истакнува дека ваквата одлука би му овозможила на Милан привремено да се засили, а Барселона да најде излез од тешката ситуација.

Олмо оваа сезона одигра 11 настапи во Ла Лига и постигна пет гола./МИА

притисни ентер