„Само Интервју“ со Димитар Ковачевски

Дами и господа утре во Само Интервју ќе гостува поранешнито премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Од очекување за победа, до историскиот пораз на изборите - што му пресуди на СДСМ- политиките и кадрите или пак односот кон ДУИ?

Европските интергации им беа главниот адут, но дали францускиот предлог е вистинскиот пат или стана ќорсокак? Како неговото НЕ во Брисел, стана ДА во Скопје, без претходен поширок консензус?

Филипче призна дека измените на Кривичниот законик беа грешка... Кој и зошто ја направи?

Какви реформи и требаат на државата, а какви на партијата?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Димитар Ковачевски, по вестите во 18 часот.

Драма во Шпанија: Жена со миленичињата е спасена во последен момент (ВИДЕО)

По поплавите кои ја погодија Валенсија, на социјалните мрежи се појави ново видео од драматични моменти на спасување на жена од нејзината куќа.

Жената била заробена во водата во нејзината дрвена куќа во Утиел. Таа ги држела своите миленици блиску до себе цело време додека чекала помош, објави Newsweek.

На снимката се гледа како спасувач слегува од хеликоптер на јаже и доаѓа да ѝ помогне на жената.

Жената носеше мало куче во рацете и држеше нешто што изгледаше како носач за мачки: „Успеавме да го натераме хеликоптерот да нѐ види и да ја спасиме оваа жена во Утиел која беше заробена во нејзината дрвена куќа со нејзините мачки и куче. Неверојатно спасување“, велат корисниците на платформата Х.

Жената му ја подаде раката на спасувачот додека водата им стигна до грлата. Таа и сите нејзини миленици биле прикачени на јаже, по што хеликоптерот ги однел. Видеото предизвика ентузијазам кај корисниците на социјалните мрежи.

„Ги плаќам даноците за ова. Каква гордост за итните служби“, коментира еден корисник. „Се надевам дека се добро... Каква голема помош пруживте“, е исто така еден од коментарите.

Полското радио што ги замени новинарите со роботи, ѝ даде отказ на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција „доби отказ“, а беше воведена како замена за отпуштените новинари на OFF Радио Краков.

Отказот дојде по само една недела поради жестоките негативни реакции во јавноста.

Предвидено било три виртуелни аватари на вештачка интелигенција да ја водат програмата за млади во наредните три месеци.

„Судбината на пионерите не е лесна. Пресметавме дека експериментот не треба да трае подолго од три месеци. Но, по само една недела, собравме толку многу забелешки, мислења и предлози што признавме дека нема смисла да продолжиме. “, рече главниот уредник на OFF Radio Kraków, Марцин Клин.

Реакциите за Еми, Куба и Алекс, водителите на тематските емисии на инаку музичкиот канал на јавното полско радио, наменети за младите, биле главно негативни, меѓу другото, бидејќи радиото претходно ги отпушти новинарите кои подготвуваа и беа домаќини на програмата и ги заменија со содржина со вештачка интелигенција.

Скандалот избувна веднаш, кога пред една недела беше емитувано измислено интервју со покојна поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература, Вислава Шимборска, за јужнокорејската литература, каде домаќин беше А.И., а гласот на Шимборска исто така беше клониран.

За само еден ден, 15.000 луѓе потпишале петиција против ваквото сквернавење на националната културна икона претворена во ликови на Дизниленд и против отпуштањето на новинарите само да бидат заменети со вештачка интелигенција.

Раководството на радиото соопшти дека се враќа на концептот на музичко радио за млади и дека целта на експериментот е постигната, бидејќи се покажало колку области на примена на вештачката интелигенција се нерегулирани, на пример заштитата на слика и дело, препознавање на содржина генерирана од вештачка интелигенција, авторски права.

Контроверзниот експеримент беше критикуван и од полската влада, а министерот за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, за радиото изјави дека иако лично ја поддржува вештачката интелигенција, верува дека таму ја преминале границата.

„Треба добро да се регулира симбиозата на луѓето и вештачката интелигенција. Во тоа ќе ни помогне донесувањето на законот за вештачка интелигенција. И најважното. Масовната употреба на вештачката интелигенција мора да работи за луѓето, а не против нив“, порача министерот Гавковски на социјалните мрежи.

Силен тајфун со голема брзина се приближува кон Тајван, загрозени се 20 милиони луѓе

Многу силен тајфун со денови е над западниот дел на Пацификот.

Во меѓувреме, тој се засили на тајфун од трета категорија. Невремето се наоѓаше на исток од северните делови на Филипините и направи пресврт кон северозапад, така што сега се движи директно кон Тајван.

Тајфунот се движи меѓу островот Лузон и Тајван и до утре ќе стигне до Тајван. Југоисточниот и источниот брег на Тајван ќе бидат директно погодени од тајфунот.

Се очекуваат ветрови со брзина од 200 км/ч, со бранови високи 20 метри.

Покрај ураганските ветрови, тајфунот ќе донесе и огромни количества врнежи.

Се очекува да наврнат над 500 литри дожд на метар квадратен, локално на планините свртени кон исток и до 800 литри поради орографијата каде ќе има опасност од разорни поплави и порои.

Евакуацијата на загрозените лица е веќе во тек, а се очекува и евакуација на уште стотици илјади луѓе.

Невремето ќе трае најмалку 24 часа и целиот систем ќе се движи над овој остров, слабеејќи поради земјиштето, но сепак ќе биде многу опасна бура.

Главниот град Тајпеј исто така ќе биде погоден од тајфунот, со урагански ветрови со брзина од 140 км/ч, каде се очекуваат обилни врнежи, заедно со ризик од поплави и порои.

По Тајван, тајфунот ќе ја премине и источна Кина, но јужно од Шангај ќе направи пресврт кон североисток и ќе се движи кон јужна Јапонија како тропска бура.

притисни ентер