Полското радио што ги замени новинарите со роботи, ѝ даде отказ на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција „доби отказ“, а беше воведена како замена за отпуштените новинари на OFF Радио Краков.

Отказот дојде по само една недела поради жестоките негативни реакции во јавноста.

Предвидено било три виртуелни аватари на вештачка интелигенција да ја водат програмата за млади во наредните три месеци.

„Судбината на пионерите не е лесна. Пресметавме дека експериментот не треба да трае подолго од три месеци. Но, по само една недела, собравме толку многу забелешки, мислења и предлози што признавме дека нема смисла да продолжиме. “, рече главниот уредник на OFF Radio Kraków, Марцин Клин.

Реакциите за Еми, Куба и Алекс, водителите на тематските емисии на инаку музичкиот канал на јавното полско радио, наменети за младите, биле главно негативни, меѓу другото, бидејќи радиото претходно ги отпушти новинарите кои подготвуваа и беа домаќини на програмата и ги заменија со содржина со вештачка интелигенција.

Скандалот избувна веднаш, кога пред една недела беше емитувано измислено интервју со покојна поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература, Вислава Шимборска, за јужнокорејската литература, каде домаќин беше А.И., а гласот на Шимборска исто така беше клониран.

За само еден ден, 15.000 луѓе потпишале петиција против ваквото сквернавење на националната културна икона претворена во ликови на Дизниленд и против отпуштањето на новинарите само да бидат заменети со вештачка интелигенција.

Раководството на радиото соопшти дека се враќа на концептот на музичко радио за млади и дека целта на експериментот е постигната, бидејќи се покажало колку области на примена на вештачката интелигенција се нерегулирани, на пример заштитата на слика и дело, препознавање на содржина генерирана од вештачка интелигенција, авторски права.

Контроверзниот експеримент беше критикуван и од полската влада, а министерот за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, за радиото изјави дека иако лично ја поддржува вештачката интелигенција, верува дека таму ја преминале границата.

„Треба добро да се регулира симбиозата на луѓето и вештачката интелигенција. Во тоа ќе ни помогне донесувањето на законот за вештачка интелигенција. И најважното. Масовната употреба на вештачката интелигенција мора да работи за луѓето, а не против нив“, порача министерот Гавковски на социјалните мрежи.

39- годишен тетовец бил пронајден мртов со прострелна рана на главата

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. 

С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово, соопштуваат од МВР.

Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Врховниот суд на Шпанија реагира по барањето на просјак да се укине исплата на алиментација

Шпанскиот Врховен суд донесе одлука за укинување на обврската за плаќање алиментација на маж кој живее од питачење, а кој тврди дека нема доволно пари да плаќа алиментација на децата поради пандемијата Ковид-19 и војната во Украина.

Неименуваниот маж со поранешната сопруга има четири деца за кои плаќа месечна алиментација во износ од 50 евра по дете, а тој рече дека случајните минувачи сега му даваат помалку пари поради пандемијата на ковид-19 и војната во Украина.

Судот ја одбил жалбата и дополнително му наложил на мажот да плати половина од трошоците за образование на децата, како и половина од сите други непланирани трошоци.

Судот во Мадрид ја донел одлуката врз основа на тоа дека човекот „во 2020 година остварил вкупен приход од 1.861,20 евра од питачење, најмногу на врати од супермаркети, а кој изнајмил соба во стан за 230 евра месечно и плаќал на мајка си 50 евра месечно“.

Експертите предупредуваат: Ако видите „коцкасти“ бранови, веднаш бегајте (ВИДЕО)

Меѓу опасностите кои демнат во океаните и морињата, има и една која се „крие“ зад интересниот изглед.

Станува збор за необичен природен феномен кој претставува опасност и за најискусните капачи - „коцкасти бранови“ или „разбрането море“.

Повеќето ги замислуваат брановите како мирно се „тркалаат“ кон брегот, во релативно прави линии. А како би реагирале на глетката на морето „поделено“ како шаховска табла?

Дури и искусните пливачи можат да бидат во опасност во одредени услови, а експертите советуваат веднаш да се излезе од водата во случај на „коцкасти бранови“, пренесува LadBible.

Тие изгледаат убаво и се создадени од два бранови системи кои се среќаваат под агол поголем од 45 степени.

Сепак, она што се случува под површината е помалку убаво и може да доведе до несреќи. Водните струи можат да бидат сериозна закана за капачите, сурферите, па дури и за помалите пловни објекти.

Овие бранови можат да се формираат за неколку минути и да достигнат висина до три метри, а исто толку брзо можат да исчезнат. Инаку, феноменот обично се поврзува со силни и локализирани плими.

„Коцкастите бранови“ често се појавуваат во Франција, јужниот дел на Тихиот Океан, Атлантскиот Океан и на други места, па затоа внимавајте на нив без разлика каде се наоѓате.

притисни ентер