Поранешен светски шампион „мртов“ пијан талка по улица (ВИДЕО)

Еднаш призна дека е најубаво дома, таму во бразилските фавели, но состојбата на некогашниот најдобар светски напаѓач Адријано е далеку од тоа да може да добие преодна оценка.

Познатиот Император повторно е фатен како пијан талка низ улиците, овој пат со пиво и цигара во рацете - додека минувачите го снимале во тоа лошо издание.

Видеото од сопнувањето на Адријано прво се појави на профилот на тикток, а во меѓувреме ги преплави социјалните мрежи.

Адријано е роден во фавелата на Рио де Жанеиро, каде владее сиромаштија и криминал, па фудбалот му бил единствениот излез. Сепак, тој на крајот се вратил таму од каде што во основа сакал да избега.

Со Бразил беше светски првак во 2002 година во легендарна генерација со Роналдо, Роналдињо, Кака, Кафу, Роберто Карлос, Ривалдо, Дидо... Ги помина сите категории на Бразил, а на крајот одигра 48 натпревари и постигна 27 гола за националниот тим.

На клупски план, најголема трага остави во Интер, на кој му се приклучи во 2001 година, од каде имаше патувања во Фиорентина, па Парма, а потоа повторно се врати во Интер, каде остави голема трага во следните четири години, од 2004. до 2008 г.

Исто така, неодамна привлече внимание откако се разведе по само 24 дена брак. Адријано и Микаела се скарале откако поранешниот репрезентативец решил да оди кај пријател во Пења на југот на Бразил за да го гледа со него натпреварот Бразил-Швајцарија.

По два дена се вратил дома, по што следела голема расправија со сопругата и престанале да се следат на социјалните мрежи, пишува Екстра Глобо. Во меѓувреме нашол 19 години помлада девојка Цеу Оливеира која е студентка по медицина, но веќе не се заедно.

Вучиќ разговарал за санкциите на САД за НИС со американскиот потсекретар: Нема добри вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше, како што изјави, отворен, искрен и тежок разговор со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе Фернандез.

Разговарале, како што рекол, за важни прашања од билатералната соработка меѓу Србија и САД, особено во областа на енергетиката, објави Телеграф.

-Санкциите беа посебна тема, а за неколку дена ќе можам да ги откријам целосните детали. Секако, немам премногу добри вести за граѓаните на Србија, но Србија ќе ја зачува стабилноста и енергетската безбедност - напиша Вучиќ.

Финска енергетска компанија бара заплена на танкерот кој наводно го пресекол подводниот кабел

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес.

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес во обид да ги обезбеди своите побарувања како отштета за штетата на подводниот кабел за пренос на енергија Естлинк 2.

Финската агенција за транспорт и комуникации претходно денеска соопшти дека ќе изврши контрола на нафтениот танкер „Игл Ес“, кој е осомничен дека припаѓа на руската „фантомска флота“ и дека предизвикал оштетување на подводен кабел во Балтичкото Море.

„На 2 јануари 2025 година, Финската агенција за транспорт и комуникации (Трафиком) ќе започне контрола на танкерот ‘Игл Ес’,“ соопшти директорката на Трафиком, Сана Сонинен, прецизирајќи дека инспекцијата ќе биде дополнување на истрагата што ја води финската полиција.

- Инспекцијата ќе ја извршиме на начин што нема да пречи на полициските операции и истрагата, потенцираше Сонинен.

„Игл Ес,“ кој плови под знамето на Кукови Острови, е осомничен дека на католички Божик го оштетил подводен електричен кабел „ЕстЛинк 2“, кој ги поврзува Финска и Естонија низ Балтичкото Море.

Танкерот беше спроведен со придружба до пристаништето Килпилахти, на 40 километри источно од Хелсинки, каде што истражителите го прегледуваат и го испитуваат неговиот екипаж од околу 20 лица. Од вторникот, седуммина морнари се под сомнение и им е изречена забрана за патување.

Се сомнева дека „Игл Ес“ е дел од руската „фантомска флота“ – бродови што превезуваат руска сурова нафта и нафтени производи под ембарго.

Во петокот, НАТО објави дека ќе го засили своето воено присуство во Балтичкото Море.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, во Балтичкото Море се регистрирани бројни слични инциденти. Според експерти и политичари, овие акции насочени кон енергетската и комуникациската инфраструктура се дел од хибридната војна меѓу Русија и западните држави.

На 17 и 18 ноември, во шведски територијални води беа прекинати два телекомуникациски кабела. Стокхолм го сомничи товарниот брод „Ји Пенг 3“, кој пловел под кинеско знаме, дека бил во областа кога се случил инцидентот.

Европската Унија најави зајакнување на мерките за заштита на подводните кабли, преку подобрување на размената на информации, примена на нови технологии за откривање и поправка и засилена меѓународна соработка.

Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар

Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител.

притисни ентер