Драма во Шпанија: Жена со миленичињата е спасена во последен момент (ВИДЕО)

По поплавите кои ја погодија Валенсија, на социјалните мрежи се појави ново видео од драматични моменти на спасување на жена од нејзината куќа.

Жената била заробена во водата во нејзината дрвена куќа во Утиел. Таа ги држела своите миленици блиску до себе цело време додека чекала помош, објави Newsweek.

На снимката се гледа како спасувач слегува од хеликоптер на јаже и доаѓа да ѝ помогне на жената.

Жената носеше мало куче во рацете и држеше нешто што изгледаше како носач за мачки: „Успеавме да го натераме хеликоптерот да нѐ види и да ја спасиме оваа жена во Утиел која беше заробена во нејзината дрвена куќа со нејзините мачки и куче. Неверојатно спасување“, велат корисниците на платформата Х.

Жената му ја подаде раката на спасувачот додека водата им стигна до грлата. Таа и сите нејзини миленици биле прикачени на јаже, по што хеликоптерот ги однел. Видеото предизвика ентузијазам кај корисниците на социјалните мрежи.

„Ги плаќам даноците за ова. Каква гордост за итните служби“, коментира еден корисник. „Се надевам дека се добро... Каква голема помош пруживте“, е исто така еден од коментарите.

Ја фатил сопругата „на дело“ со сопствениот брат, мајка му со неверојатна реакција (ФОТО)

Неверојатната приказна е снимена на крајот на март во Тасманија, а дури неодамна доби и судски епилог.

Дејвид Мекалок (41) ја фатил сопругата како го изневерува со сопствениот брат Џејми, на задното седиште во автомобилот и во налет на бес се фатил за лопата.

Двојката е заедно 25 години и имаат четири возрасни деца, а семејниот дом го делеле со неговата мајка Су.

На денот на инцидентот, Џесинта МекКалок ја однела својата свекрва кај нејзиниот постар син Џејми, а кога го собрале, таа застанала на блискиот паркинг.

Дејвид во еден момент ѝ се јавил на сопругата, но не можел да ја добие, па тргнал да ја бара. Нејзиниот автомобил го нашол на паркинг и го доживеал шокот на својот живот.

На задното седиште ги видел сопругата и сопствениот брат, но тоа не било најбизарниот дел од приказната. Нивната мајка седела на предното седиште, очигледно незагрижена од ситуацијата, пренесува Дејли Мејл.

Во напад на бес, Дејвид ја отвори вратата и почнал да го удира Џејми. Тоа не било доволно, па ја грабнал лопатата од количката и продолжил да го повредува својот брат.

Мајката се обидела да го спречи, но насилно била оттурната. Бесниот Дејвид ја скршил лопата, а потоа почнал да ја удира сопругата со рачката по глава.

Соседите ја слушнале вревата и повикале полиција, па разгневениот сопруг бил уапсен, додека Џејми и мајката биле пренесени во болница.

Уапсениот Дејвид бил крајно исфрустриран и тврдел дека неговиот брат „го заслужил тоа што му се случило“. На надлежните им рекол дека дома има рачно изработено оружје и муниција.

Случајот завршил на суд, кој ја донесе пресудата минатиот петок. Судијката Тамара Јаго ги прифати околностите кои довеле до насилството.

„Нема сомнеж дека тоа што го направивте беше сериозно и дека користењето на лопата можеше да предизвика сериозни повреди. Реагиравте несоодветно, но прифаќам дека тоа беше емотивен одговор на откриените околности“, рече таа.

Дејвид Мекалок е осуден на три години затвор, а последните 18 месеци ќе бидат условно суспендирани, доколку се однесува соодветно.

Херој од Сингапур: Го ризикува животот за да спаси дете да не падне од трети кат (ВИДЕО)

Инцидентот е снимен во неделата на 21 октомври во станбен комплекс во Сингапур.

На видеото кое го објави Нела Хок, гледаме момче во сини пижами како стои на страна од зграда, а соседот внимателно му приоѓа.

Драматичното видео се појави на Фејсбук и предизвика големо внимание, пренесува AsiaOne.

Пред зградата се гледат луѓе, кои имаат распослано ќебе во случај малиот да падне од третиот кат на станбената зграда.

Неименуван сосед пристигнал да го земе детето, го зел во раце и преку прозорецот го вратил во станот.

Локалните медиуми јавуваат дека вознемирени луѓе тропале на вратата од станот во кој престојувало малото момче, но никој не ја отворил вратата.

Корисниците на мрежите го пофалија човекот кој го спаси момчето ризикувајќи го неговиот живот и го нарекоа „херој на денот“.

Од друга страна, тие ги повикаа надлежните да ги истражат родителите и да побараат одговорност.

Морето исфрлило на брегот чудно суштество, изгледа како вонземјанин (ФОТО)

Корисниците на социјалните мрежи останаа шокирани од фотографиите на „чудно суштество со пипала“, кое морето го исфрли на брегот на Австралија.

„Никогаш не сум видела нешто слично“, напиша Вики Еванс по објавувањето на страницата на Фејсбук „Природата никогаш не престанува да восхитува“.

Шетачи забележале „необично тело“ исфрлено на брегот во Порт Елиот, пренесува New York Post.

Сведоците го опишале како „желатинозна маса со еден куп школки“, а корисниците на Фејсбук останаа без зборови.

„Изгледа како вонземјанин“, „Ова е најчудното нешто што сум го видел“, „Навистина е долго, кога ќе го споредите со куче“, гласат дел од коментарите.

Во меѓувреме, експертите се огласија и открија дека станува збор за вид членконоги (Pollicipes pollicipes) кој се прицврстува на пловечки предмети, докови и повремено плива на брегот.

Екологот од Универзитетот во Јужна Австралија, д-р Зои Доблдеј, смета дека „дел од колонијата“ се отцепила од мајката и завршила на брегот.

„Тие мора да биле долго време во водата кога ја направиле оваа маса“, рече таа.

Иако наликува на школки, овој вид членконоги е поблизок до јастозите и раковите. Се смета за деликатес, особено во Португалија и Шпанија, каде што се служи со путер.

притисни ентер