„Гответе со Дракче“ - Солена палачинка

Во вторник (22.10.2024) во емисијата гостин ни беше Жаклина Узунова

Состојки за денешниот рецепт:

8 лажици брашно

250 мл. вода

4 јајца

пола лажиче сол

2 лажици маргарин

Фил:

250 мл. кисела павлака

250 гр. кравјо сирење

250 гр. шунка

2 - 3 лажици мајонез

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта. 

На седницата беше најавено дека по интервенцијата на Владата со нафта од државните резерви за седум дена, утре изутрина ќе биде нормализиран автобускиот превоз во град Скопје.

- Да истакнам една благодарност не само од мое име туку и од име на градот Скопје и од граѓаните на градот Скопје затоа што утре ќе можат да си стигнат на своите работни места сите оние коишто се движат со јавен превоз и учениците ќе можат да стигнат на училиште. Едновремено би сакала да апелирам до сите вас да се следи овој позитивен пример затоа што доколку е дојден моментот да покажеме пред граѓаните дека сме способни да направиме исчекор и консензус да имаме за прашања коишто се од клучно значење за нивниот интерес тоа можеме да го направиме и повторно со тоа што на следната седница ќе се гласаат сите оние работи коишто навистина се неопходни за нив, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска пред советниците.

За кризата во ЈСП, Арсовска вели дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.

-Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.

Доколку не била поништена оваа јавна набавка, Арсовска вели овој проблем немало да постои.

-Доколку не беше оваа јавна набавка поништена, ние денес овој проблем немаше да го имаме. Од друга страна, морам да кажам дека денес имавме можност да видиме она кое што го зборуваме веќе во изминатите три години, чекорот којшто беше направен од страна на Владата и од страна на премиерот, којшто во рекордно време од истато тоа Биро за јавни набавки успеавме да добиеме одобрение за директна спогодба за да може Јавното сообраќајно претпријатие во овие услови во какви што беше ставано од истата таа институција да може да испреговара и да се снабди со нафта, додаде Арсовска.

Таа посочи дека денеска во рекордно време од Бирото за јавни набавки успеале да добијат одобрение за директна спогодба за да може ЈСП во вакви услови да испреговара и да се снабди со овој енергенс.

-Успеавме од страна на Владата во разговор со претседателот на Владата да добиеме ветување и тоа ветување тој го исполни да ја добиеме потребната количина на горива, односно на нафтени деривати коишто ќе бидат сосема доволни за претпријатието до моментот додека не се склучи новиот договор за да може ЈСП да функционира во нормални услови како што требаше и во изминатите денови, рече Арсовска.

На седницата зборуваат и советниците од Советот на Градот Скопје, кои изнесуваат свои предлози за излез од ситуацијата со автобускиот превоз во која се најде главниот град.

Јанчева:Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ,Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Ја поздравуваме одлуката на Владата, убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ, добро е што заеднички се носат од полза на граѓаните.

Ја поздравуваме одлуката на Владата, убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ, добро е што заеднички се носат од полза на граѓаните, но советничката група на СДСМ бара Советот на Град Скопје да донесе Заклучок со којшто ќе се поддржат сите три предложени решенија, рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на град Скопјем Љубица Јанчева.

-Прво, измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив. Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада, и со него се уредуваат сервисираните долговите на општините, вклучително и долгот на Град Скопје. Значи бараме измена и дополна на тој закон за да се примени и во случајот со Град Скопје. Во голем дел ќе се совпадне со веќе доспеаните долгови. По скратена постапка, СДСМ се нуди пратеничката група да го поднесе но сите да го поддржат. Втор предлог е владата да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта. Убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ но треба да се прецизира и затоа треба да остане и во заклучокот. Дополнително не го знаеме износот на субвенционираното дизел гориво. Ние предлагаме да се бајпасира целиот кризен период до крајот на годината. Добро е да мислиме 3 чекори нанапред. И последниот предлог е предлагаме, со закучокт пратениците во Собранието на да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес, рече Јанчева.

Консезулано да ги донесеме и конструктивно преку дебати да најдеме заеднички јазик, за доброто на Скопје, за да не трпат граѓаните на главниот град, додаде Јанчева, се наведува во партиското соопштение.

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните

„Јас во Кисела Вода реализирав капитален проект во Стаклара-Каменик. После 50 години обезбедуваме питка вода за пиење  за граѓаните но истовремено и фекална канализација.“ 

„Тоа значи дека пред мене, 30 години во независна Македонија градоначалниците не сметале дека тоа е приоритет, замислете во 21 век и такви примери имаме насекаде низ државата“ , јасно говореше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претседател на ЗЕЛС во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само интервју“ истакнувајќи за начинот на работа кој се водел и се води се уште.

Ѓорѓиевски напомена дека во Кисела Вода има висок степен на реализација од ветеното пред граѓаните. Посочи дека важно е секој градоначалник да има слух за граѓаните и да постои механизам со којшто ќе може да се отповика градоначалник доколку не ја извршува својата должност за која е избран.

„Јас сум градоначалник и поаѓам од себе. Не може единствено во нашата држава градоначалникот да биде незаменлив. Да го изберат граѓаните и четири години, дали дал резултати или не, дали постапувал согласно програма или надвор од тоа никој да не може да постапи против него“ , дециден беше Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски дополни дека веќе е време граѓаните да се највисок суверен. Ја истакна нивната важност и потребата да се слушнат нивните предизвици и истите да се решат.

„Ние треба да го промениме тоа. Нашата тенденција треба да биде се да почнува и да завршува со највисокиот суверен, а тоа е народот. Никакви преговори, договори“ , заклучи Ѓорѓиевски.

притисни ентер