Бугарија го отфрли предлогот на Виктор Орбан да посредува за решение меѓу Скопје и Софија

Бугарија ја одби понудата на унгарскиот премиер Виктор Орбан да посредува за изнаоѓање на решение меѓу Скопје и Софија... 

Само неколку часа по понудата Унгарија да посредува за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, Бугарија го отфри предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според тамошниот министер за надворешни Иван Кондов на Бугарија и се потребни посредници во процесот бидејќи европскиот договор со Македонија бил јасен. За дел од познавачите во земјава, во ваквиот потег на Бугарија не е изненадување. Според Марко Трошановски од Институтот за демократија сепак е можно прифаќање на меѓународна медијација од страна на идната бугарска влада, особено ако неа ја формира поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Но вели и дека во таков слчучај тешко би се постигнало заедничко прифатливо решение и за двете страни.

„Апсолутно било кој обид сега за меѓународно посредство од било кој претставник на ЕУ во овој спор ќе бдие одбиено од Бугарија. Јасно е дека сакаат целосн да ја искористи асиметричната моќ која ја има во оваа ситуација. Сепак треба да се има в предвид дека ове е техничка влада која досега се покажа дека емногу ригидна по прашањето за подобрување на односите со Македонија. Да почекаме за евентуално ново стабилно валдино мнозинство во Бугарија, кое можеби ќе има покнструктивен став на темата. Доколку идната бугагарска влада ја составува Бојко Борисов постојат шанси да се отворат некакви разговори со медијација од страна на Унгарија“..

На пораките на унгарскот премиер Орбан дека Македонија до крајот на годината мора да ги отпочне преговорите со Унијата, Трошановски гледа само како на политичка поддршка, а не уверување дека тоа ќе се случи.

„ Досега многу пати многу челници го кажаа тоа, впрочем и претседателот Буш на самиот самит на НАТО од Букурешт рече дека утре Македонија ќе стане следна членка, па тоа не се случи. Така што овие изјави ги толкувам само во насока на политичка воља, политичка поддршка или притсок, меѓутоа далеку од тоа дека е извесно дека ќе резултираат со позитивен исход за нас. Секако дека усвојувањето на уставните измени останува предуслов за да се случи отпочнување на преговорите“.

Одвојувањето на Македонија од Албанија на евроинегративниот пат вели дополнително го усложнува процесот не зачленување на Македонија во ЕУ и е уште една порака од Брисел дека Македонија мора да ги исполни превезмените обврски, а не да се надева на промена на условите од преговарачката рамка.

Стапи во сила законот за нефер трговија, се очекува намалување на производите

Стапува во сила законот за нефер трговски практики, кој дополнително треба да ги намали цените на прехранбените производи... 

Од денеска стапува на сила законот за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, кој дополнително треба да ги намали цените на производите и според најавите да стави ред во трговијата. Со него се опфатени 2.500 производи, меѓу кои се речиси сите видови на млечни, месни и сувомеснати производи, јајца, бројни видови на риби и тестенини, како и овошје и зеленчукот, на кои профитната маржа им е ограничена до 10 %, па се очекува иститите толку и да бидат намалени. Се ограничува и рабатот, а покрај тоа трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и истакнување на одреден производ на полица.

„Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со лие наметнвуање се искористува значителна преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување на нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над приомената на нефер трговските практики.“

Дел од граѓаните со поделени мислења за мерката. Некои сметаат дека цените пред да се направи овој потег биле покачени па очекуваат и платите да пораснат за да има некаков ефект, други пак велат дека ќе почекаат да видат што овој закон ќе значи за нивниот џеб.

Спроведувањето на законот ќе биде под лупа на комисијата за заштита од конкуренција која ја назначува Собранието. Инаку и натаму останува на сила времената владина мерка со која до крајот на октомври се ограничува бруто профитната маржа на 73 производи. Вакви мерки според најавите се очекува да се носат и за празниците.

Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

На средбата беа разменети мислења за целите и приоритетите насочени кон демократизацијата на македонското општество, човековите права и владеењето на правото. Реафирмирајќи ја посветеноста за натамошна конструктивна соработка со Советот на Европа, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континураната поддршка за нашето целосно усогласување со европските стандарди и вредности.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од кредибилно постапување на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кога напредокот на поединечните кандидати е евидентно заслужен. Таа се осврна и на неопходното обезбедување усогласеност со обврските што земјите-членки ги презеле, вклучително и правилното спроведување на пресудите на Судот во Стразбур.

Соговорниците разговараа и за актуелните безбедносни состојби во Европа, со акцент на војната во Украина, како и за потребата од посветеност и заеднички пристап кон сегашните и идните предизвици какви што се влијанието на новите технологии и климатските промени врз човечките ресурси.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, изразувајќи искрени желби за успешно исполнување на важната мисија и продолжување на плодната соработка со македонските институции, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

притисни ентер