Дебата: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

 Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60 проценти од БДП. 

Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето. За добро планирање, неопходни се јасни податоци за трошоците и расходите од сите институции. Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти. МФ, веќе планира воведување на национална класификација и измени на Законот за буџети, во насока на цетрализиран систем на инвестирање.

Ова беше порачано на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Македонија и Finance Think.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на панелот „Фискалните правила и ефективна фискална политика“, го отвори прашањето, дали анализираме реални бројки и неопходноста на, како што рече, точно регистрирање на сите плаќања и трошоци, за да имаме добра подготвеност на националните класификации на Буџетот и правилни и вистински бројки за да можеме да планираме.

Втор момент е што во дадени години имаме надминување на дадениот лимит од 3 проценти на буџетскиот дефицит.

- Ние сме држава во развој. Не е страшно ако се пробие лимитот од 3 проценти. Не е проблемот дали сме потрошиле за нешто повеќе, но за што сме ги потрошиле. Лично, сметам дека кога се трошеше за Скопје 2014 беа непотребни, изјави Димитриеска Кочоска.

Според Димитриеска Кочоска, ние имаме сериозен проблем со институциите во делот на разбирање на финансиите. Кога го правевме Буџетот за 2025 година, посочи министерката, имале проблем со многу од институците и затоа и ја започнале Академијата за финансиска политика.

- Сметаме дека е потребна дополнителна обука на сите институции во делот на финансиите. Замислете 30 години ние така функционираме, а за мене е најголем проблем, изјави Кочоска.

Друг проблем, нагласи таа, се социјалните исплати преку МТСП и Агенција за вработување.

- Работиме на имплементација на софтвер за овој проблем. Паралелно со тоа работи и Агенцијата, на детектирање на тие лица и нивна преквалификација. Исто е со земјоделието. Тој што сака да работи земјоделство да работи и да добие поддршка, а тој што сала да се крие зад социјалната помош, да биде префрлен во социјала. Мора работите да ги решаваме од корен, изјави Димитриеска Кочоска.

МФ, нагласи министерката, ќе иницира измена на Законот за буџети, посочувајќи дека не може повеќе министрите сами да одлучуваат во што ќе инвестираат, и тоа треба да биде посистемски. Одлучивме да на нов сектор за следење на јавните инвестиции.

- Ние имавме период на потпишување на колективни договори, кои сега се рак рана на Буџетот. Сакаме да бидеме економија како САД, а да се однесуваме така што ќе имаме постојан пад на продуктивноста. Нас во 2025 ни е најголем предизвик да го решиме овој проблем. Треба да биде фер и платите да бидат исти за сите, во сите институции, нагласи Димитриеска Кочоска.

Претседателот на Фискалниот Совет на РМ Глигор Бишев, рече дека имаме широко убедување дека држењето на фиксен данок и експанзивна фискална политика, ќе донесе економски раст.

- Цената на тоа е перманентно зголемување на буџетскиот дефицит, без да иницира економски раст, нагласи Бишев.

Контролата на фискалната дисциплина, посочи Бишев, бара конзистентност и да не се менува често, туку да се прават проекции на 3 до 5 години.

На почетокот беше презентирана студијата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Македонија: патот кон одржливост“ на Благица Петрески, извршна директорка Finance Think - Институт за економски истражувања и политики, која прави анализа на фискалната дисциплина во периодот од 2008- 2024 година. Студијата, како што нагласи, ги истражува и анализира принципите на фискалната политика и трошоците согласно новите правила за фискална дисциплина од 2022 година.

Анализата, нагласи Петреска, покажа дека просечниот годишен раст на јавниот долг е 7 проценти и надминува 60 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, и надминува особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето.

-Фискалната политика во РМ е експанзивна во речиси сите анализирани периоди. Расходите за пензии, плати и трансфери кон единиците на локалната самоуправа претставуваат голем дел од расходите. Трошоците во најголем дел се социјални, а во помал дел развојни. Ова ја прави структурата на буџетскиот дефицит доста ограничена, изјави Петреска.

Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии

Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград, со почеток во 19:00 часот.

Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски.

- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Освен премиерот, на македонската вечер ќе се обрати и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.

Туск: Војната на Русија и Украина може да прерасне во глобален конфликт

Полскиот премиер Доналд Туск денеска предупреди дека војната меѓу Русија и Украина влезе во одлучувачка фаза и може да прерасне во глобален конфликт.

„Војната на истокот влегува во одлучувачка фаза. Можеме да почувствуваме дека доаѓа неизвесност“, рече полскиот премиер на состанокот на Синдикатот на полските учители, објави новинската агенција ПАП, пренесе Политико.

Тој предупреди дека никој не знае каков ќе биде крајот на конфликтот, но јасно е дека тој добил драматични размери.

Изминатите десет или повеќе часа покажаа дека заканата од избувнување на глобален конфликт е сериозна и реална“, рече полскиот премиер.

Автобусите на ЈСП се вратија на скопските улици - протест пред Град Скопје, се бара оставка

Автобусите на ЈСП од утринава се вратија на скопските улици, откако им беше доставена нафта од државните резерви... 

Од скандирања за оставка на скопската градоначалничка Арсовска, до свирчиња, сирени и транспаренти со пораки за надминување на проблемите пред Град Скопје, последниот колапс на јавниот превоз ги извади на протест студентите, средношколците и граѓаните на Шуто Оризари. Граѓаните на Шуто Оризари побараа одговорност за состојбите, бидејќи велат веќе три години немаат соодветен превоз како општина, студентите се пожалија дека останале без превоз среде колоквиумска и испитна недела, а средношколците дека веќе три месеци борба водат да стигнат на првите часови.

По дводневниот колапс на јавниот транспорт утринава постојките повторно беа полни со граѓани, но за разлика од изминатите два дена тие дочекаа автобуси.

Градоначалничката Данела Арсовска на вчерашната седница на градското собрание се заблагодари на Владата за отворањето на стоковите резерви за да се снабдат автобусите со гориво. Таа воедно кажа дека од ваквата постапка треба да се извлече поука, па интересот на граѓаните да се стави над секое политичко несогласување.

Директорот на ЈСП – Драги Кушовски посочи дека во моментов во процедура се две постапки за набаква на гориво, една краткорочна која треба да се реализира наредната недела, другата која треба да даде трајно решение на 3ти декември. Како олеснителна околност го гледа тоа што претпријатието ќе може директно да преговара со добавувач за гориво.

Од Финансовата полиција пак за Канал 5 посочија дека веќе постапуваат по дадените насоки од ОЈО Скопје и дека по извршените проверки и деталната анализа на документацијата за претходните јавни набавки на ЈСП за гориво ќе достават поднесок до обвинителството.

притисни ентер