Женската репрезентација на Турција за првпат ја освои Лигата на нации

Турските одбојкари за првпат ја освоија Лигата на нации.

Во финалниот меч Турција ноќеска во Арлингтон (САД) ја победи Кина со резултат 3:1 (25:22, 22:25, 25:19, 25:16).

Третото место и бронзените медали ги освои селекцијата на Полска која во малото финале ја совлада репрезентацијата на САД со резултат 3:2 (25:15, 16:25, 25:19, 18:5, 17: 15). /МИА

Суд во Аргентина нареди апсење на Мадуро за злосторства против човештвото

Аргентински суд вчера нареди апсење на голем број владини претставници на Венецуела, вклучително и претседателот Николас Мадуро, како дел од случај за злосторства против човештвото.

- Аргентинската правда нареди апсење на Николас Мадуро, Диосдадо Кабело и други лидери на венецуелската влада за злосторства против човештвото, соопшти аргентинскиот Форум за одбрана на демократијата кој го покрена случајот.

- Се докажа дека во Венецуела постои систематски план за репресија, присилно исчезнување на луѓе, тортура, убиства и прогон на дел од цивилното население, развиен најмалку од 2014 година до денес, се вели во пресудата на 20 страници на федералниот суд во Буенос Аирес, цитирана од локалните медиуми.

Аргентинските судии својата одлука ја засноваа на принципот на универзална јурисдикција, кој се однесува на случаите на злосторства против човештвото, пренесе ДПА.

Претходно вчера Врховниот суд на Венецуела нареди апсење на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, министерката за безбедност Патриша Булрих и Карина Милеи, сестрата на претседателот и претседателски советник, под обвиненија за перење пари и незаконско лишување од слобода.

Буенос Аирес и Каракас ги затегнаа односите по спорните претседателски избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна измама.

Аргентинските дипломати беа протерани од Венецуела по изборите, додека Буенос Аирес го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да издаде налог за апсење на Мадуро.

Мадуро, кој е на власт од 2013 година, обезбеди трет мандат откако изборната власт во земјата, која е преполна со владини лојалисти, го прогласи за победник.

Владата не обезбеди никакви конкретни резултати од гласачите за да ја поддржи победата на Мадуро. Опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес и има значителна поддршка од другите земји во регионот и од САД.

Гонзалес на 8 септември отпатува во Шпанија и таму поднесе барање за политички азил.

Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска организира еднодневен дополнителен трет упис за студенти бруцоши.

На Високата медицинска школа може да се пријават и запишат уште пет студенти за редовно студирање, 77 со партиципација и 47 вонредени студенти, на Ветеринарен факултет може да се запишат само 32 студенти, додека на ФИКТ огласени се 116 слободни места.

Дополнителен конкурс за запишување студенти во прва година на прв циклус студии се организира на Технички факултет каде слободни се 287 места, 84 индекси за студирање се слободни на Технолошко-технички факултет во Велес, во Прилеп на Економски факултет може да се запишат уште 181 студент, а во Охрид на Факултет за туризам и угостителство огласени се 186 места.

Факултетот за безбедност-Скопје, членка на битолскиот Универзитет, во третиот уписен рок може да запише 119 студенти, но за редовни студенти има само едно слободно место во насоката Криминологија и криминална политика, додека останата можност е за студирање со партиципација или вонредно студирање.

Од УКЛО-Битола информираат дека слободни места за упис има и на Правен факултет-Кичево, Педагошки факултет-Битола и Факултет за биотехнички науки-Битола.

Пронајден 36 годишен затвореник во затворот во Шутка

36 годишен затвореник во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари бил пронајден мртов во неговата ќелија, соопшти МВР.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

„Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

притисни ентер