Најздравиот напиток со кој би требало да го почнуваме денот

 – Намирница богата со минерали и витамини неопходни за здравјето

Повеќето луѓе го започнуваат денот со кафе за да се разбудат, но овој напиток е многу подобра опција за . Овој напиток е особено погоден за луѓе со низок крвен притисок, на кои им е потребно извесно време и „стимуланс“ по будењето да се вратат во нормала.

Лекарите предупредуваат дека пиењето кафе рано наутро, особено на празен желудник, може да биде опасно за желудникот. Затоа многу луѓе наместо кафе наутро пијат чај или топла вода со лимон, што е особено популарно во последните години.

Како што истакнуваат нутриционистите, ниту едно од овие нема да ве „крене“ како овој напиток кој е исклучително здрав. Станува збор за какаото кое е најздрава замена за кафето, чајот и водата со лимон.

Зошто е здраво?

Какаото содржи теобромин, кој е многу сличен на кофеинот, но многу поздрав. Покрај тоа, какаото има голема количина на флавоноиди, кои се неопходни за когнитивните способности и менталното здравје. Така, какаото не само што ќе ве разбуди, туку и ќе го стимулира вашиот мозок да работи што е можно подобро.

Истражувањата покажаа дека флавоноидите го намалуваат ризикот од деменција, ја подобруваат концентрацијата, но се борат и против дејството на штетните слободни радикали. Какаото е богато со растителни протеини, но содржи и голема количина на корисни витамини и минерали како што се железо, фосфор, магнезиум, калиум, калциум, селен, фолна киселина, витамини Б, Е и К групи...

Какаото е исклучително богато со железо, па затоа се препорачува за оние кои имаат проблеми со крвната слика и анемија, одлично е за кожата бидејќи има способност да го регенерира ткивото на оштетените клетки на кожата. Има високи енергетски својства, па затоа е одлично за деца во развој и спортисти, бидејќи растителните влакна помагаат во зајакнување и обновување на мускулите.

Луѓето кои се склони кон депресија треба да го вклучат какаото во исхраната поради големата количина на магнезиум кој благотворно делува на нервниот систем и варењето. Се препорачува да не се претерува со количината на какао и дека една до две шолји дневно се сосема доволни.

Кој не треба да пие какао?

Иако какаото е исклучително здраво, постојат луѓе кои треба да го избегнуваат. Тоа се: --

пациентите со кардиоваскуларни проблеми бидејќи какаото е висококалорична намирница, особено ако го пиете со млеко

деца под 3 години поради можна алергија

Жените со цисти на дојката треба да избегнуваат какао бидејќи кофеинот, теофилинот и теоброминот можат да влијаат на растот на цистичното ткиво

оние кои страдаат од хемороиди на кои им пречи танинот од какаото

луѓе кои се нетолерантни на кофеин

луѓе кои често имаат главоболки

Извор: srecna.republika.rs

Од Либан истрелани 50 ракети кон Израел

Израелската армија соопшти дека утринава биле истрелани повеќе од 50 проектили кон северен Израел од Либан, каде што во последните денови се интензивираат прекуграничните борби против исламистичкото проиранско движење Хезболах.

Повеќето од тие проектили од правец на Либан беа пресретнати, а неколку оштетија згради.

Израел во текот на ноќта изврши нови напади врз цели на Хезболах во Либан, по вчерашниот бомбашки напад во кој загинаа речиси 500 луѓе.

Во понеделникот загинаа 492 лица, од кои 35 деца и 58 жени, а 1.645 беа ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израелската војска објави за „голем број“ членови на Хезболах убиени во Појасот Газа, движењето кое го поддржува палестинскиот Хамас во неговата војна против Израел.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека утринава од Либан биле истрелани повеќе од 65 ракети кон северен Израел. ИДФ наведува дека околу 10 ракети биле истрелани на области источно од градот Хаифа и дека неколку проектили биле пресретнати од израелските воздухопловни сили, пишува Тајмс оф Израел.

Пет ракети се лансирани кон цели во долината Џезраил, од кои некои се пресретнати, додека останатите погодиле ненаселени области и нема повредени. Околу 50 ракети се истрелани врз областа Кирјат Шмона, а ИДФ соопшти дека некои од нив биле пресретнати, додека други го погодиле градот и предизвикале штета, но нема повредени.

Овие напади се случија откако во раните утрински часови беа истрелани две ракети кон Нахарија, а 20 ракети беа истрелани во текот на ноќта кон долината Џезраил во Израел./МИА

Во роденденската сезона на Филхармонија премиерно ќе прозвучат три дела од домашни автори

 Делата на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Македонската филхармонија во мај, оваа година.   

Како што соопштија од Филхармонија, Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот Борис Светиев, „Куклици“ на Ана Пандевска и „Итар Пејо“ од Филип Иванов.

Делата на Светиев, Пандевска и Иванов ќе бидат изведени до крајот на годината, во јубилејната концертна сезона на Македонската филхармонија во која институцијата ќе прослави осумдесет години од формирањето.

-Конкурсот беше инициран како дел од активностите по повод прославата на осумдесетгодишнината на Филхармонија со цел да се поттикнат и мотивираат домашните автори да напишат нови симфониски дела кои својата праизведба ќе ја доживеат во јубилејната сезона 2024/2025, насловена „Одисеја“. Делата кои премиерно ќе прозвучат во роденденската сезона, ќе бидат изведувани и на концертите на Македонска филхармонија во странство со цел да се промовира домашното творештво надвор од нашата земја, се наведува во соопштението.

Евертон би можел да го ангажира Саутгејт

Англискиот фудбалски стручњак Герет Сајтгејт би можел да го води Евертон.

Како што објави „GiveMeSport“, потенцијалниот нов сопственик на тимот на Ливерпул е подготвен да го покани 54-годишниот Англичанец да го замени Шон Дајч.

Саутгејт беше тренер на Англија од септември 2016 година до летото 2024 година. Под негово водство Британците одиграа 102 натпревари, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби.

На Европското првенство 2024, Англија го загуби финалето од Шпанија со резултат 1:2.

притисни ентер