Тајни сигнали за тоа како да им се допаднете на луѓето(видео)

 – Нејзините трикови за љубов проверено функционираат! 

Девојка споделува трикови со кои ќе ги наведете луѓето да ве симпатизираат.

Ако се прашувате како брзо некому да му станете симпатични, една девојка по име Франческа, советничка за животни прашања, има неколку интересни совети. Нејзините најнови совети привлекоа внимание и охрабрија многумина да ги применат нејзините техники во секојдневниот живот.

Првиот совет е да побарате мала услуга од личноста што ви се допаѓа. Оваа техника, позната како „ефект на Бенџамин Френклин“, се заснова на идејата дека кога некому му правиме услуга, имаме тенденција да го доживуваме попозитивно.

- Едноставно кажете: „Еј, можете да ми ја подадете солта“. Нивната потсвест ќе регистрира дека им изгледате симпатично, бидејќи направиле нешто за вас – истакнува таа, а за тоа пишува и Дејли Мејл.

Покрај тоа, Франческа ја нагласува важноста да го користите името на личноста за време на разговорот.

Луѓето сакаат да го слушаат своето име. Тоа им дава чувство дека се важни и почитувани. Кога некому му се обраќате по име, автоматски создавате подлабока поврзаност - додава оваа корисничка на Тикток.

Еден од помалку познатите, но многу ефикасни трикови што таа ги предлага е да направите пауза пред да одговорите на нечие прашање.

- Наместо веднаш да одговорите, почекајте неколку секунди. Така вашите соговорници ќе добијат впечаток дека навистина размислувате за вашиот одговор, а тоа ве прави подобар слушател – вели таа.

@francescapsychology #psychologytricks #psychologyadvice #psychologyfacts #bodylanguage #benjaminfranklin ♬ original sound - Sickickmusic

Франческа ги воодушеви своите придружници со совети за говорот на телото. На пример, таа предлага да разговарате со дланките свртени нанадвор, што сигнализира отвореност и искреност. Исто така, препорачува да кимате со главата додека некој зборува, бидејќи тоа покажува дека слушате и дека неговото мислење ви е важно.

Еден од поинтересните трикови што ги предлага оваа инфлуенсерка е таканаречениот „ефект на забрането овошје“, особено корисен кај романтичните врски.

- Луѓето секогаш го сакаат она што не можат да го имаат. Направете замислена бариера помеѓу вас и личноста која ви се допаѓа. На пример, кажете ѝ: „Ми се допаѓаш, но не би можеле да бидеме заедно поради различни околности“. Овој предизвик честопати ја поттикнува личноста уште повеќе да ве посакува – истакнува таа.

Нејзините објави со овие совети им се допаднаа на преку 700.000 лица на Тикток, а нејзините придружници истакнале дека повеќето од нејзините совети ги пробале во пракса и дека докажано функционираат.

Извор: srecna.republika.rs

Суд во Аргентина нареди апсење на Мадуро за злосторства против човештвото

Аргентински суд вчера нареди апсење на голем број владини претставници на Венецуела, вклучително и претседателот Николас Мадуро, како дел од случај за злосторства против човештвото.

- Аргентинската правда нареди апсење на Николас Мадуро, Диосдадо Кабело и други лидери на венецуелската влада за злосторства против човештвото, соопшти аргентинскиот Форум за одбрана на демократијата кој го покрена случајот.

- Се докажа дека во Венецуела постои систематски план за репресија, присилно исчезнување на луѓе, тортура, убиства и прогон на дел од цивилното население, развиен најмалку од 2014 година до денес, се вели во пресудата на 20 страници на федералниот суд во Буенос Аирес, цитирана од локалните медиуми.

Аргентинските судии својата одлука ја засноваа на принципот на универзална јурисдикција, кој се однесува на случаите на злосторства против човештвото, пренесе ДПА.

Претходно вчера Врховниот суд на Венецуела нареди апсење на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, министерката за безбедност Патриша Булрих и Карина Милеи, сестрата на претседателот и претседателски советник, под обвиненија за перење пари и незаконско лишување од слобода.

Буенос Аирес и Каракас ги затегнаа односите по спорните претседателски избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна измама.

Аргентинските дипломати беа протерани од Венецуела по изборите, додека Буенос Аирес го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да издаде налог за апсење на Мадуро.

Мадуро, кој е на власт од 2013 година, обезбеди трет мандат откако изборната власт во земјата, која е преполна со владини лојалисти, го прогласи за победник.

Владата не обезбеди никакви конкретни резултати од гласачите за да ја поддржи победата на Мадуро. Опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес и има значителна поддршка од другите земји во регионот и од САД.

Гонзалес на 8 септември отпатува во Шпанија и таму поднесе барање за политички азил.

Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска организира еднодневен дополнителен трет упис за студенти бруцоши.

На Високата медицинска школа може да се пријават и запишат уште пет студенти за редовно студирање, 77 со партиципација и 47 вонредени студенти, на Ветеринарен факултет може да се запишат само 32 студенти, додека на ФИКТ огласени се 116 слободни места.

Дополнителен конкурс за запишување студенти во прва година на прв циклус студии се организира на Технички факултет каде слободни се 287 места, 84 индекси за студирање се слободни на Технолошко-технички факултет во Велес, во Прилеп на Економски факултет може да се запишат уште 181 студент, а во Охрид на Факултет за туризам и угостителство огласени се 186 места.

Факултетот за безбедност-Скопје, членка на битолскиот Универзитет, во третиот уписен рок може да запише 119 студенти, но за редовни студенти има само едно слободно место во насоката Криминологија и криминална политика, додека останата можност е за студирање со партиципација или вонредно студирање.

Од УКЛО-Битола информираат дека слободни места за упис има и на Правен факултет-Кичево, Педагошки факултет-Битола и Факултет за биотехнички науки-Битола.

Пронајден 36 годишен затвореник во затворот во Шутка

36 годишен затвореник во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари бил пронајден мртов во неговата ќелија, соопшти МВР.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

„Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

притисни ентер