Суд во Аргентина нареди апсење на Мадуро за злосторства против човештвото

Аргентински суд вчера нареди апсење на голем број владини претставници на Венецуела, вклучително и претседателот Николас Мадуро, како дел од случај за злосторства против човештвото.

- Аргентинската правда нареди апсење на Николас Мадуро, Диосдадо Кабело и други лидери на венецуелската влада за злосторства против човештвото, соопшти аргентинскиот Форум за одбрана на демократијата кој го покрена случајот.

- Се докажа дека во Венецуела постои систематски план за репресија, присилно исчезнување на луѓе, тортура, убиства и прогон на дел од цивилното население, развиен најмалку од 2014 година до денес, се вели во пресудата на 20 страници на федералниот суд во Буенос Аирес, цитирана од локалните медиуми.

Аргентинските судии својата одлука ја засноваа на принципот на универзална јурисдикција, кој се однесува на случаите на злосторства против човештвото, пренесе ДПА.

Претходно вчера Врховниот суд на Венецуела нареди апсење на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, министерката за безбедност Патриша Булрих и Карина Милеи, сестрата на претседателот и претседателски советник, под обвиненија за перење пари и незаконско лишување од слобода.

Буенос Аирес и Каракас ги затегнаа односите по спорните претседателски избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна измама.

Аргентинските дипломати беа протерани од Венецуела по изборите, додека Буенос Аирес го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да издаде налог за апсење на Мадуро.

Мадуро, кој е на власт од 2013 година, обезбеди трет мандат откако изборната власт во земјата, која е преполна со владини лојалисти, го прогласи за победник.

Владата не обезбеди никакви конкретни резултати од гласачите за да ја поддржи победата на Мадуро. Опозицијата тврди дека победил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес и има значителна поддршка од другите земји во регионот и од САД.

Гонзалес на 8 септември отпатува во Шпанија и таму поднесе барање за политички азил.

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР

Тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај ним блиски фирми и лица, наместо во проекти од општо добро и значење.

Нашите тврдења, сега се поткрепрни и од Државниот ревизор, со ревизијата завршена во мај 2023 година, која точно посочува како се трошеле стотици милиони евра народни пари.

Имено во извештајот се констатира дека преку Владината потпрограма Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства. Тоа се цели 100 милиони евра.

За да може да разбереме колкава штета е направена, ќе нотираме дека изградбата на нов Клинички центар во Скопје со оставен проект во 2017 година ќе чинеше 120 милиони евра. Значи владата на СДС и ДУИ за една година на сомнителен начин поделила пари колку за еден нов Клинички центар во Скопје. Се разбира никој не знае како се поделени истите, ниту што е ефектот.

Кога се прашуваме зошто власта на СДС и ДУИ за 7 години не направи нов Клинички центар, а иако имаа готов проект, еве го одговорот.

Наодите на ревизија се уштр пострашни во продолжение, имено тие велат дека при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Што во буквален превод значи, владата воопшто нема претстава каде завршиле цели 33 милиони евра од 100 милиони кои ги делела без јасно утврдени критериуми.

Ова е само еден дел од злоупотребите констатирани од ДЗР за само една буџетска година, деновиве ќе продолжиме со изнесување детали од истиот Извештај во однос на други неправилности. Одговорност мора да има.

Марија, Митева, портпарол, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Кривични пријави за осум лица кои подметнувале пожар

Според информациите на МВР највозрасниот подметнувач имал 75 години, а најмладиот 40 години.

СВР Битола до основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024.

Според информациите на МВР највозрасниот подметнувач имал 75 години, а најмладиот 40 години.

„Гответе со Дракче“ - Пудинг со џем од боровинки

Во понеделник (23.09.2024) во емисијата гостин ни беше Ивана Кнез

Состојки за денешниот рецепт:

1 пудинг од ванила

500 мл. млеко

4 - 5 лажици мед

1 пакување смрзнати боровинки

3 лажици чија семе

1 лимон

1 лажичка цимет

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер