СДСМ: Кошничката нема ефект, јајцата, зејтинот, јогурот, кашкавалот, со повисоки цени

Зголемените трошоци за живот стануваат неподнослив предизвик за сè поголем број семејства. Основните прехранбени производи, наместо да бидат достапни за сите, сега стануваат луксуз.

И власта на Мицкоски, наместо нешто да преземе, да се справи со овој сериозен проблем и да го поддржи стандардот на граѓаните, направи измама со така наречената новогодишна кошничкка.

Го видовме истото сценарио – трговците прво ги покачија цените, а потоа мерките стапија во сила.

Реалноста во маркетите и продавниците којашто граѓаните ја гледаат секој ден е дека цените не само што останаа високи, туку кај некои производи и дополнително се зголемија.

СДСМ ги помина маркетите во текот на вчерашниот ден, и рве што покажува реалноста:

o Цената на зејтинот сега е 97 денари, а на 1 октомври се продаваше за 83 денари. Значи имаме зголемување а не намалување.

o Јајцата кои се продаваа од 75 до 85 денари сега се над 100 денари. Од 107 до 140 денари. Исто така покачување на цените.

o Кај мешаното сирење нема промени и цените се движи околу 450 денари – непроменето.

o Кашкавалот е поскапен и сега е над 600 денари за килограм.

o Јогуртот со 3,2% масленост, во некои маркети достигна и над 72 денари, исто така зголемена цена.

o Намалувањето кај кравјото сирење е минимално – само 5 денари, и сега е 398 денари за килограм.

Ова е реалноста, ова се фактите кои јасно ја покажуваат измамама која со кошничката им ја приреди власта на граѓаните.

Тоа народот го гледа секој ден.

Граѓаните заслужуваат решенија, а не лажни ветувања и манипулации. СДСМ веќе понуди конкретен предлог – укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Со оваа мерка, цените ќе се намалат реално, без простор за манипулации од трговците.

Едно семејство би заштедило 2.000 денари месечно, или 24.000 денари годишно.

Тоа што власта не ја прифати оваа мерка покажува дека Мицкоски им удоволи на трговците и дозволи тие да се богатат на грбот на граѓаните.

Прес-конференција, Лолита Ристова, членка ИО на СДСМ

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч).

Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. И во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Горан Пандев спортски директор на националните селекции. Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ.

Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар.

Веднаш по завршувањето на Вонредно изборно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

притисни ентер