Вонредно изборно Собрание на ФФМ: Прифатена оставката на досегашниот претседател, Муамед Сејдин

На Изборното Собрание присутните ја прифатија оставката на досегашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. 

Во својот говор пред присутните 62 делегати, фудбалски работници, наши истакнати поранешни фудбалски имиња и гости од УЕФА и ФИФА, Муамед Сејдини упати благодарност до сите кои во изминатите години дадоа придонес за развојот на македонскиот фудбал.

Од една страна чувствувам исклучителна гордост за сè што постигнавме заедно во овие седум години како претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Од друга страна, ова е момент за размислување, бидејќи секоја епоха има свој крај, а денес завршуваме едно поглавје кое носеше многу предизвици, но заврши со историски успеси.

Овие години ќе останат незаборавни за мене и верувам за сите кои го сакаат нашиот фудбал. Од историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, преку големата победа против Италија, успесите во Лигата на нации, па сè до инфраструктурните проекти кои трансформираа многу фудбалски терени во нашата земја. Сето ова е резултат на заедничката работа и посветеноста на сите нас.

Денес си заминувам исто така на ист начин - со благодарност и можност да ве погледнам сите во очи, споделувајќи чувство на гордост за заедничките успеси кои ќе останат долго во историјата на нашиот фудбал.

Посакувам и во иднина да имаме уште поголеми успеси и нашиот фудбал да продолжи да биде извор на гордост за сите нас. На мојот наследник му посакувам успешна работа и многу успеси на неговиот пат“.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е заробена во минатото,„нема правда нема мир“ го заменија со „правдата избега“

СДС е заробена во минатото, слоганот од Шарената револуција „нема правда нема мир“ го заменија со „правдата избега“ доказ зошто се на ниво на невладина а рејтингот 5 спрема 1

Реакција на соопштението на СДС

СДС е заробена во минатото, слоганот од Шарената револуција „нема правда нема мир“ го заменија со „правдата избега“ доказ зошто се на ниво на невладина а рејтингот 5 спрема 1, и покрај обединувањето на двете крила тоа на Заев, Фондација Заев и на Фани Фондација Сорос

СДС наместо смислуваат приказни и нон сенс соопштенија, кои се неболузни и надвор од здравиот разум подобро би било да се позанимаваат со причините зошто ги снема на политичката мапа и рејтингот им е 5 спрема 1 во анкетите.

Разбирлива е реакцијата на СДС, бидејќи самите си го опишаа почетоткот и крајот на владеењето СДС-ДУИ, па досетливиот режисер го преименува слоганот од „нема правда, нема мир во „правдата избега“.

СДС знаат дека правдата им избега затоа што сите знаеа, молчеа и дозволија криминалните шеми како онаа на Груби за Лотарија да функционират.

СДС знаат дека правдата им избега кога наместо да го санкционираат криминалот корупцијата и криминалните тендери дозволија тие да навлезат во секоја пора во општеството.

СДС ја заборавија правдата и владеењето на правото бидејќи за да се задржат ден повеќе на власт дозволија да бидат соучесници во криминалот.

СДС и ДУИ се партнери во криминалот. СДС беше само асистент на Груби и се им беше дозволено бидејќи тоа им беше неопходно за не падне владата и опстане коалицијата а со тоа и криминалните шеми.

Во СДС ништо не се менува, на СДС веќе никој не им верува а за тоа доказ е рејтингот кој тоне и е 5 спрема 1, и СДС се сведе на ниво на невладина организација која само ги спои двете крила, едното на Заев, Фондација Заев и другото на Фани и Фондација Сорос.

Време е СДС да се освести и консолидира.

Време е за одговорност и посветеност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Принцот Вилијам и Кејт не се појавија на традиционалниот предбожиќен ручек на кралот Чарлс

Годинава принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не присуствуваа на традиционалниот предбожиќен ручек на британскиот крал Чарлс III во палатата Бакингем, каде се собра целото пошироко семејство

Причината за нивното отсуство не е позната, а Вилијам и Кејт ќе ги поминат празниците со своите деца во нивниот дом – Палатата Сандрингам, пишува Дејли Мејл.

Исто така, според странските медиуми, на оваа вечера не присуствувал и принцот Ендру, помладиот брат на кралот Чарлс, и покрај тоа што наводно бил поканет. Британски Експрес претходно објави дека кралот го поканил и покрај нивната кавга.

Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија

Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија; СПЦ со загриженост следи атмосфера на конфронтација во општеството.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има преодна влада, за која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“.

„Многупати сме ги победиле. Повторно ќе ги победиме и ќе ги победиме поубедливо од било кога и ќе ги победиме затоа што работиме за народот и затоа што го имаме народот...Велат потпишете преодна влада, мислат да дојдат на власт без избори. Нема ништо од тоа“, рече Вучиќ.

„Србија незапирливо се движи кон иднината и никој нема да не спречи на тој пат“.

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, изјави денеска дека СПЦ со длабока загриженост ја следи растечката атмосфера на конфронтација во општеството и дека се поголемите поделби го загрозуваат единството на народот.

„На наше големо жалење, ние како народ долго време сме погодени од разни немири, особено во последните денови кога се соочуваме со немири што се последица на големата трагедија во Нови Сад... И како луѓе, се подразбира дека очекуваме сите одговорни за несреќата да одговараат адекватно пред законот“, рече патријархот Порфириј.

„Истовремено, нашата Црква, сите ние, со длабока загриженост следиме се што се случува во нашиот народ, во нашето општество, ја следиме се поголемата атмосфера на конфронтација и антагонизам со секојдневните инциденти од кои, се плашиме, не дај Боже, се прошири толку многу што може да има навистина голем број жртви“.

притисни ентер