Дуа Липа се вери за актерот Калум Тарнер (ФОТО)

Пејачката која постигна завидна светска кариера , Дуа Липа, кажа „да“.

Според последните информации, Дуа Липа за Божиќ се свршила со актерот Калум Тарнер, а нивниот нов љубовен чекор откри фотографија на Дуа Липа со веренички прстен на раката, како што пренесуваат медиумите.

Иако се уште ништо не е потврдено и никаде ја немаат објавено оваа среќна вест, фановите веќе им честитаат и ја слават нивната љубов. Калум и Дуа веќе некое време објавуваат слатки снимки од нивната врска, а пет години постариот актер „никогаш не изгледал посреќен“ како што коментираат на мрежите.

Близок инсајдер изјави за The Sun дека и двајцата се толку вљубени и „знаат дека ова ќе трае вечно“.

- Тие се свршени и не можеа да бидат посреќни. Дуа имаше една од најдобрите години во кариерата и ова е само шлаг на тортата - вели инсајдерот.

Совети за проблеми во односот родител - дете

Создавањето здрава и силна врска со децата може да биде предизвик, но e клучно за нивниот емоционален развој.

Иако понекогаш може да биде потребна и стручна помош, важно е прво да се препознаат знаците што укажуваат дека детето има тешкотии да се поврзе со родителот. Следат петте најчести показатели за можните проблеми и совети за подобрување на односот на родителите со своите деца.

Не Ве слушаат

Кога детето редовно ги игнорира укажувањата и советите на возрасниот, тоа може да значи дека не го сфаќа сѐ тоа сериозно, или пак, не гледа личност на авторитет пред себе. Доколку, на пр., го замолите да си ја исчисти собата и тој / таа се префрли на нешто друго, ова е знак дека е потребна промена во пристапот во воспитувањето.

Не сакаат да минуваат време со Вас

Кога детето редовно избегнува семејни активности и сака повеќе да се дружи со другарчињата отколку со родителите - тоа е сериозен знак. Ако се повлече во својата соба избегнувајќи ги семејните дружби, можеби се работи за детска привреемена бунтовност, но доколку постојано се повлекува, можеби тој / таа не се чувствува поврзан /-а со семејството, што, исто така, бара промени во односот родител - дете, пишува босанскиот портал „Кликс“.

Се однесуваат како да сте им непријател

Ако децата често реагираат бурно или дефанзивно на кое било прашање на родителот, или го гледаат како личност со која постојано се расправаат, тоа значи - има некаква тензија. Ваквото однесување може значително да ги влоши односите, па треба да се обрне внимание и на ваквите реакции.

Речиси никогаш не Ви се доверуваат за својот личен живот

Ова е знак на недоверба. Ако не му е удобно да му се довери на својот татко, или на мајка сѝ, можеби детето не е сигурно дека ќе биде разбрано.

Претеран сарказам и негативни коментари

Кога детето често користи сарказам, цинизам и остри коментари кон родителот, тоа може да биде знак на фрустрација и недоразбирање. Прашања како „Дали воопшто ти е гајле?“ - можат да укажуваат на чувство на запоставување во семејната врска.

Препознавањето на овие знаци е важно за навремено решавање на проблемите во односот родител - дете. Ако се забележи некој од овие признаци, важно е возрасниот отворено да разговара со детето и да се размисли како да се подобри меѓусебното разбирање и поврзаност.

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за обезбедување против едно осомничено лице во предметот “Адитив”, обвинителството појаснува.

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за обезбедување против едно осомничено лице во предметот “Адитив”, обвинителството појаснува дека МВР вчера (26.12.2024 година) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување за постапување по сите 77 наредби за претрес издадени од Основниот кривичен суд – Скопје во кое, во точката што се однесува на наведениот осомничен е наведено дека тој во моментот на претресот не бил пронајден на домашната адреса и не бил забележан подолг период од страна на соседите.

Законот за кривична постапка е јасен и дециден во вакви случаи – МВР треба најпрво да го извести судот кој ќе побара од полицијата да ја утврди достапноста на лицето. Доколку притоа се утврди дека лицето е недостапно, судот известувањето на МВР ќе го достави на запознавање во случајов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ќе побара обвинителството да се произнесе во однос на предлогот за определување на мерките на обезбедување.

До денес, Основниот кривичен суд – Скопје нема доставено ваков документ до обвинителството и предметните обвинители не можат прескокнувајќи постапки и институции да носат предлози или одлуки надвор од нивните законски овластувања. Во моментот кога ОЈОГОКК ќе добие известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување.

притисни ентер