Бали - најромантичното место за одмор во светот

Редовно рангиран меѓу најдобрите светски туристички дестинации, Бали нуди редок спој на богато културно наследство, неверојатна природна убавина, добри домаќини и широка палета искуства.

Островот Бали е прогласен за најромантичното место за одмор во светот, на „Светските награди на патувања 2024“ (World Travel Awards 2024), зацврстувајќи го така својот углед како најдобра дестинација за парови кои бараат незаборавно патување и искуства. Ова, инаку, е првпат дестинација на Индонезија или во Југоисточна Азија да го добие ова признание.

„Редовно рангиран меѓу најдобрите светски туристички дестинации, Бали нуди редок спој на богато културно наследство, неверојатна природна убавина, добри домаќини и широка палета искуства. Познат како 'Островот на боговите', неговата длабоко вкоренета духовност е во остар контраст со современата слика на постојана посетена туристичка точка. Оваа динамика е она што го прави Бали бескрајно фасцинантен и често погрешно разбран“, соопшти организаторот.

Романтичниот шарм на Бали му ја донесе титулата за најдобра дестинација за меден месец, пишува „Трипедвајзор“ (TripAdvisor).

„Ова признание нѐ мотивира да продолжиме да му ја покажуваме убавината на Индонезија на светот и да се погрижиме Бали, заедно со другите дестинации, да блесне уште повеќе“, велат од индонезиското Министерство за туризам.

Тропскиот рај на Индонезија, во трката за таа престижна титула, ги победи Малдивите, Сант Лусија на Карибите и Маурициус. Бали е познат е по своите недопрени плажи, природниот пејсаж и богатото културно наследство, коешто со години го прави омилен остров меѓу туристите и патниците, а и сѐ повеќе љубовни двојки се одлучуваат и за свадби или меден месец тука.

Сиљановска-Давкова го прими Стојан Николов, потпретседател на Обединетата македонска дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Стојан Николов, потпретседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД). 

Како што соопшти нејзиниот Кабинет на средбата се разговарало за важноста на односите меѓу дијаспората и матичната држава, со посебен акцент на зајакнувањето на културните, економските и образовните врски.

Сиљановска-Давкова изразила поддршка, почит и благодарност за активностите на ОМД во промовирањето и зачувувањето на македонскиот идентитет и култура ширум светот и ја истакнала посветеноста кон дијаспората и можностите за отворање нови хоризонти за соработка и развој, што ќе се придонесе за зајакнување на македонското присуство и влијание на глобално ниво.

Во тој контекст, претседателката ги претставила своите заложби за формирање Национален совет за соработка со дијаспората, што ќе работи на координирање, конкретизирање и продлабочување на врските со дијаспората во потрага по најдобри решенија за нејзино вклучување во научниот, образовниот, културниот, економскиот и друг развој на државата. Сиљановска-Давкова изразила желба и подготвеност за вклучување на млади од дијаспората во работата на Советот за млади.

Таа ја истакнала важноста на дијаспората за македонското национално ткиво, како негов неразделен дел, амбасадор во САД и неговите политички институции, лобист за македонската кауза и промотор на националната традиција.

На средбата, посочуваат од Кабинетот на претседателката, била изразена поддршка на реализацијата на проекти што ќе ги зајакнат врските на државата со нејзината дијаспора, со акцент на заедничката визија за иднината во која Македонците, без разлика каде живеат, ќе бидат обединети околу заложбите за промовирање на заедничката култура, јазик и идентитет и развојот на матичната држава.

Кабинет на претседател

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и другар му Перпарим системски краделе од Лотарија, СДС знаеле и молчеле

На криминалот на ДУИ и на Артан Груби му нема крај. Груби со другар му Перпарим Бајрами во Државна лотарија си направиле криминална шема, од која профитирале милиони. 

Артан Груби и Перпарим Бајрами системски краделе од лотарија и ваквиот криминал, од надлежните институции, е документиран и истражен. За неколку месеци од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, документиран е случајот со Државна лотарија и покренати се истражни постапки и кривични пријави.

Криминалот во Лотарија се шири, а Груби и другар му Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Во Државна лотарија се договарани тендери за набавка на телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вредност од над 400.000 илјади евра.

Но, криминалот во овие тендерски постапки за набавка на телевизори и компјутерска опрема лежи во тоа што, иако е потпишан прием за нив, по спроведените проверки и попис не се пронајдени.

За ваквиот криминал, кој имал епидемиски размери и кој по само шест месеци по промената на власта можеше да се документира, истражи и да се процесуира, не е можно да не знаеле СДС.

СДС сигурно знаеле за ваквиот криминал во Лотарија, но ги оставиле Груби и ДУИ да крадат од македонските институции, за што подолго останат на власт и во удобните фотелји.

И сега, кога сиот криминал на Груби, посебно во Лотарија кои СДС го знаеле, излегува на површина, ги нема да го осудат, дистанцираат и да го повикаат да се врати во Македонија и да се соочи со правдата.

СДС, наместо осуда за Губи, ги гледаме секојдневно како смислуваат разно разни приказни и конструкции, но од друга страна пак, тоа е единственото кое што им остана.

Затоа што, Македонија се трансформира и следува одговорност за сите што работеле спротивно на закон, се наведува во партиското соопштение.

Почина боксерски шампион, кој неодамна го надмина рекордот на Тајсон

Тажна вест вчера попладне го погоди светот на боксот кога беше објавено дека Пол Бамба, боксерскиот шампион, ненадејно починал на 35-годишна возраст.

Причината за смртта се уште не е позната, но потврдено е дека тој починал вчера попладне. Веста е објавена на Инстаграм со порака: „Со големо жалење ја објавуваме смртта на саканиот син, брат, пријател и боксерски шампион Пол Бамба, чија љубов и светлина допреа многу животи“.

Бамба минатиот викенд ја освои златната титула на WBA Gold Cruiserweight со победата над Рохелио Медина Луна и постигна рекорд во кариерата од 19 победи и три порази. Тој имаше одлична година во 2024 година каде забележа 14 победи, сите со нокаут, соборувајќи го рекордот на Мајк Тајсон од 13 нокаути за 12 месеци. По неговата последна победа, Бамба го предизвика Џејк Пол на борба.

„Џејк, можеш да дојдеш, можеш да се бориш или можеш да продолжиш да лажираш борби. На крајот на денот, јас си ја завршив работата. Можеш да кажеш дека боксот го сфаќаш сериозно и направи многу пари, но не си заработил почит во боксот“, изјави Бамба пред неколку дена.

Пол Бамба требаше да се бори со Томи Фјури, полубратот на Тајсон Фјури, во 2020 година во Дубаи, но борбата потоа беше откажана бидејќи Фјури имаше проблеми со тежината. „Тој беше борец со голема самодоверба и непоколеблива амбиција да постигне врвни резултати.“

Но, пред сѐ, тој беше неверојатен човек кој инспирираше многумина. Ние сме уништени од неговата смрт и љубезно бараме приватност и разбирање во овој тежок момент додека тагуваме заедно“, се заклучува во објавата.

притисни ентер