МД „Илинден“-Тирана: Бројките за македонското национално малцинство се манипулирани

Македонското друштво „Илинден“-Тирана остро реагира по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија.

- Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните формулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија, стои во реакцијата.

Се додава дека "овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив".

- Во име на Македонците во Република Албанија не само што не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија, нагласуваат од "Илинден".

Исто така друштвото бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија.

Воедно, од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција на Република Албанија бараме да поведе истрага не само за ИНСТАТ, туку и за "сите показатели за незаконски извршена попишувачка активност од страна на попишувачите, бидејќи отворен е сомнежот во нивната улога во пописот".

Ги повикува европските институции, кои, како што стои во реакцијата, тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија.

-Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе го информира раководството на Федералната унија на европските националности, ФУЕН за грубиот пописен фалсификат, зашто во Албанија “етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис од 11.претходно спроведени ниту едно лице не се изјаснило како Бугарин. Нив ги нема на целата територија на Албанија, освен во бугарската амбасада, се посочува во реакцијата потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

На пописот кој беше спроведен од 18 септември до 30 октомври, а во неколку рурални подрачја продолжен до 15 ноември, како Македонци попишани се 2281 лице, наспроти 7957 Бугари.

ДУИ: Скандалите немаат крај, нема ниеден Албанец во раководството на Агенцијата за разузнавање

(ВМРО) ВЛЕН докажува дека се само гледачи, соработници во деградирањето на Албанците и учесници во Владата за задоволување на нивните кланови интереси.

Демократската унија за интеграција смета дека не може да помине ден без последователни и скандалозни дејствија за дефакторирање на Албанците во Македонија и систематско девалвирање на Охридскиот рамковен договор од страна на губитниците на изборите и моноетничката власт во земјава.

По промената на формулата „Балансер“ и намалувањето на процентот на Албанци од 29,5% на 25%, непочитувањето на резултатите од пописот на населението и бришењето на албанската дијаспора од нивните права, симнувањето на албанскиот јазик од претседателската функција, следниот скандал е не -назначување на албански кадар во Агенцијата за разузнавање.

Габриела Јаковлева е нов директор на Агенцијата за разузнавање, додека Ивана Стојановска е избрана за заменик директор на оваа институција. Ова никогаш не се случило од 2001 година.

Ваквите одлуки само ја докажуваат инфериорноста на вазалите кои без ниту еден услов и без легитимитет на народот станаа дел од оваа Влада која ќе остане запаметена по враќањето на времето на институционалната дискриминација и угнетувањето на Албанците како во времето пред 2001 година.

(ВМРО) ВЛЕН докажува дека се само гледачи, соработници во деградирањето на Албанците и учесници во Владата за задоволување на нивните кланови интереси.

Демократската унија за интеграција ќе продолжи да ги следи одлуките на оваа анти-албанска Влада на секој чекор и ќе го осуди рушењето на сите демократски достигнувања што ги постигнавме заедно во овие 23 години.

Демократската унија за интеграција (ДУИ)

Од почетокот на инвазијата на Газа оштетени се повеќе од 500 израелски оклопни возила

Повеќе од 500 израелски оклопни возила се оштетени во нападите на Израел врз Појасот Газа, објави израелскиот весник Маарив на хебрејски јазик.

Во написот се наведува дека израелската армија воспоставила два логистички центри во Газа за поправка на возилата оштетени во борбите со палестинските групи.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други членови на неговиот кабинет наводно примале неделни известувања за статусот на воените залихи бидејќи војната против Хамас во Газа потрошила многу повеќе оружје отколку што очекувала израелската армија.

Според висок службеник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, како што објави Вашингтон пост, САД обезбедиле 6,5 милијарди долари безбедносна помош за Израел откако започна нападот врз Појасот Газа. Во извештајот се наведува дека само минатиот месец е обезбедена речиси половина од износот. /МИА

притисни ентер