Тошковски: Континуирана обука на вработените во МВР за зајакната стручност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР го посетија Центарот за обука на МВР. 

Тошковски, како што информираат од неговиот кабинет, потенцирал дека континуираната обука на вработените во МВР ќе донесе поголема безбедност за граѓаните.

Тој информираше дека во моментот се реконструираат дел од објектите на Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници.

-Наша амбиција е да го унапредиме Центарот за обука во модерен центар за полициска обука, кој ќе прерасне во регионален центар за обука на кадри од областа на безбедноста. Во минатото не бил ставен доволен акцент на континуираноста на обуките и на тој дел посветено ќе се работи, посочил Тошковски за време на посетата.

Тој нагласил дека ќе изградат систем на континуирана обука на полициските службеници и вработените во Министерството за внатрешни работи, со што ќе се зајакне стручноста и професионализмот на целата институција која е надлежна за безбедноста, како основа за подобар квалитет на живот на сите граѓани.

Позната пејачка ги збуни фановите со бизарниот настап: Зошто ја мачкаат со сладолед? (ВИДЕО)

Камила Кабело настапи на фестивалот Гластонбери, а нејзиниот бизарен настап се прошири на социјалните мрежи.

Пејачката настапи со танчерки во костими кои ѝ ставаа сладолед на телото. Како и да е, уверете се сами.

@irenouken sangria wine stuck in my head #camilacabello #glastonbury @Camila Cabello ♬ original sound - irenouken

Настапот предизвика различни реакции, а додека некои се прашуваа што штотуку гледале, други беа воодушевени.

„Зошто ја мачкаат со сладолед?“, „Девојката се брука“, „Можам слободно да кажам дека Камила нема да добие нови обожаватели затоа што всушност ја гледам“, „Посакувам некој да ми покаже како изгледаше моето лице за време на воведната песна на Камила, Кабело во Гластонбери, бидејќи искрено, бев збунет“, се дел од коментарите.

Драма во авион: Над 30 патници се повредени поради силните турбуленции (ВИДЕО)

Патничкиот авион „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на Ер Европа принудно слета во Бразил поради силни турбуленции во кои се повредени 30 лица.

Авионот летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот, соопшти авиокомпанијата, јавува Би-би-си.

Летот UX045 бил пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил на пат кон главниот град на Уругвај, објави шпанската компанија на X.

Оттаму додаваат дека повредените патници „примаат помош“.

Авионот, во кој имало 325 патници, наиде на турбуленции над Атлантикот додека се приближуваше до бразилскиот брег, изјави портпаролот на Ер Европа.

Авионот слетал нормално и го пречекале голем број амбулантни возила.

Аеродромските власти соопштија дека на некои патници им била потребна медицинска помош и биле пренесени во најблиската болница.

Локален медицински тим за бразилските медиуми изјавил дека лекувале најмалку 30 патници од различни националности и дека 10 од нив биле пренесени во болница.

Пациентите се здобиле со повреди на главата за време на турбуленциите, вклучувајќи фрактури на черепот и исекотини на лицето, додаде тимот.

Инцидентот се случува неколку недели откако лет на Сингапур ерлајнс беше погоден од силни турбуленции над Мјанмар, при што беа повредени неколку луѓе, а еден Британец загина.

Тешките турбуленции се ретки, но неодамнешните студии покажаа дека климатските промени може да го зголемат ризикот.

Голема победа за Трамп- Врховниот суд пресуди дека има имунитет за кривична постапка

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешниот американски претседател и овогодинешниот републикански кандидат за претседател Доналд Трамп не може да биде кривично гонет за службени дејствија како претседател, туку може да биде гонет за приватни дела.

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешниот американски претседател и овогодинешниот републикански кандидат за претседател Доналд Трамп не може да биде кривично гонет за службени дејствија како претседател, туку може да биде гонет за приватни дела, во значајна одлука со која за прв пат се признава каква било форма на претседателски имунитет од гонење.

Според Ројтерс, судиите гласале со 6 спрема 3 за да се отфрли пресудата на понискиот суд со која се отфрли аргументот на Трамп за имунитет од кривичните обвиненија кои ги вклучуваат неговите напори да ја оспори и поништи неговата изборна загуба во 2020 година од Џо Бајден. Тројца либерали беа против, што уште еднаш ја докажува големата поделеност во одлуките на највисокото судско тело во Америка. Истиот резултат се случи, на пример, во одлуката за отфрлање на федералното право на абортус (Roe vs. Wade) од 2022 година.

„Заклучуваме дека, според нашата уставна структура за поделба на власта, природата на претседателската власт бара поранешниот претседател да ужива одреден имунитет од гонење за службени дејствија за време на неговиот мандат“, напиша главниот судија Џон Робертс во објавата.

„Барем во однос на извршувањето на неговите основни уставни овластувања од страна на претседателот, овој имунитет мора да биде апсолутен. Што се однесува до неговите преостанати официјални акти, тој исто така има право на имунитет“, додаде Робертс.

Трамп ја поздрави пресудата во објава на социјалните мрежи, пишувајќи: „ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА НАШИОТ УСТАВ И ДЕМОКРАТИЈА. ГОРД ШТО СУМ АМЕРИКАНЕЦ“. Либералната судијка Соња Сотомајор беше огорчена од пресудата, велејќи дека претседателот сега е над законот. Со неа се согласија и преостанатите двајца либерални судии и лидерите на Демократската партија, мислејќи на „нападот врз демократијата“.

Робертс рече дека случајот на Трамп ќе биде вратен во пониските судови на дополнително сослушување. Бавното разрешување на случајот веќе му помогна на Трамп бидејќи беше малку веројатно дека било кое судење по обвиненијата покренати од специјалниот советник Џек Смит може да биде завршено пред изборите.

Судот ги анализираше четирите категории на однесување содржани во обвинението на Трамп, неговите разговори со претставници на Министерството за правда по изборите во 2020 година, неговиот наводен притисок врз тогашниот потпретседател Мајк Пенс да ја блокира потврдата за изборната победа на Бајден, неговата наводна улога во собирањето лажни про -гласачи на Трамп и неговото однесување во врска со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Судот утврди дека Трамп има апсолутен имунитет за разговорите со претставници на Министерството за правда, но случајот го врати назад до пониските судови за да се утврди дали Трамп има имунитет за другите три категории. Ова е прв пат во историјата на САД Врховниот суд да одлучи дека поранешните претседатели во секој случај можат да бидат заштитени од кривични пријави.

притисни ентер