Нова песна на Ана Петан во соработна со Копров посветена на Тоше

 Ана Петан е една од најсилните женски вокали во регионот.

Веќе на првите ноти од нејзиниот настап публиката е вљубена во нејзиниот глас.

Во соработка со легендарниот македонски композитор Григор Копров, создадена е прекрасна балада, која Копров ја посвети на легендарниот Тоше Проески, за кој Григор Копров ги напиша едни од најубавите песни од почетокот на својата кариера.

„ Balada za anđela“ е напишана од срце и душа и чекаше пејачка со ваков глас. Ана е одлична и очекува многу од неа“, вели композиторот Григор Копров.

Филмско студио Авала

Јаневска: Ниту една промена во образованието нема да се случи без консултации со наставниците

Сакам да знаете дека вие ќе ми бидете најголема потпора и поддршка во следниот период. 

Имаме големи планови врзани за подигнување на квалитетот на воспитно - образовниот процес, а во рамки на сето тоа, еден од фокусите ќе биде и враќање на вашиот дигнитет, достоинство и подобар статус во општеството. Ова во видео обраќање пред наставници, го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на Синдикалните спортски игри на СОНК што денеска и утре се одржуваат во Струга.

„Основното образование е приоритет, мој како министерка, и на Владата. Но, ниту една промена нема да се случи без вас. Затоа што сте најважната алка во воспитно образовниот процес и јасно е дека ако не сме на иста страна, ако немаме усогласен став, нема да има успех. Затоа најавив и повторувам - ништо нема да правиме без ваша согласност, на сила или пак инкогнито. Помина тоа време“, рече Јаневска, додавајќи дека активно ќе работи во интерес на наставниците, но заеднички фокус треба да бидат младите.

„Ако треба нешто да издвојам, тоа сигурно е потпишувањето нов колективен договор за основно и средно образование и тоа ќе се случи во текот на мандатот на оваа Влада. Пред неколку дена ја остваривме првата средба и начнавме првична дискусија со раководството на СОНК и заедничка заложба е да создадеме повеќе можности за вас“, нагласи Јаневска.

Министерката информираше дека ќе бидат елиминирани оние аспекти на Концепцијата за основно образование кои иницираат незадоволство кај наставниците, учениците и родителите, но и како што рече, ќе го продолжиме и надградиме тоа што е добро и токму вие сте го оцениле како такво. Информираше дека ќе се организираат и повеќе обуки кои се од интерес на наставниците, ќе се работи на обезбедување учебници за сите ученици, а меѓу приоритетите ќе бидат и дигитализацијата и инклузијата на образовниот систем, бидејќи компарациите со земјите од регионот, покажуваат дека доцниме.

Ги повика наставниците за време на собирот да споделуваат добри искуства и практики и да споделуваат информации и идеи со неа, бидејќи, посочи таа, секоја идеја вреди да се разгледа и размисли за ефектите и начинот на имплементација.

Министерство за образование и наука

Муцунски – Гир: Што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир.

На средбата, министерот Муцунски, го нагласи силниот фокус на новата Влада за забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата со високата корупција.

Муцунски упати благодарност и за континуираната поддршка од Европската унија за реформските процеси, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности.

На работната средба беше истакната и важноста на евроинтегративниот процес за стабилноста на регионот и, во таа смисла, потребата од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст. Во таа смисла, беше поздравен и неодамна донесениот План за раст за Западен Балкан како значаен политички и финансиски влог на ЕУ кој треба да внесе дополнителен поттик на патот кон остварување на крајната цел за полноправно членство во ЕУ, соопшти МНР.

Фолксваген штеди: 200 менаџери останаа без службени Поршеа, па поднесоа тужби

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген го ограничи бројот на менаџери кои можат да користат луксузен спортски автомобил Порше за деловни цели, со цел да заштедат пари, потврди портпаролот.

Само членовите на раководството на групацијата Фолксваген и шефовите на Порше можат да изберат Порше за службено возило, објави германскиот високотиражен весник Билд.

Регулативата за службените возила е изменета на почетокот на годината, потврди вчера за агенцијата DPA портпаролот на Volkswagen. Не кажа колку компанијата планира да заштеди со мерката.

Според податоците до кои дојде DPA, промената опфаќа околу 200 менаџери на VW. Некои менаџери веќе поднесоа тужби до судот за труд во Брауншвајг, во близина на седиштето на Фолксваген, за да ја оспорат уредбата.

На крајот на минатата година Фолксваген најави мерки со кои треба да заштеди 10 милијарди евра до 2026 година, вклучувајќи четири милијарди во 2024 година. Компанијата планира да го забрза развојот и производството, да ги намали трошоците за вработените и да ги прилагоди набавките за да бидат поефикасни.

притисни ентер