Николовски: Унапредување на соработката со Армијата

Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите

Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance).

Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата. По брифингот беше остварена посета на објектите каде се одржуваат и чуваат JLTV и Stryker возилата.

Од Царинската управа велат дека Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија.

Средба Дурмиши-Рокас

Спроведување на реформите во економијата се приоритет на патот кон членството во ЕУ.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со новиот амбасадор на Европската унија во државава Михалис Рокас, соопштија од Министерството.

-Соработката со Европската унија и спроведувањето на економските реформи се едни од најважните приоритети на Министерството за економија и труд, истакнал министерот Дурмиши на состанокот и додал дека како министер ќе биде целосно ангажиран во спроведување на надлежностите во делот на реформската агенда.

Основната нејзина цел, според Дурмиши, е засилено спроведување на реформите преку забрзување на усогласувањето на нашиот јавен сектор со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на јавниот сектор на Унијата, обезбедување негово транспарентно управување, развој на конкурентна и зелена економија и поддршка на процесот на пристапување.

Двајцата соговорници разговараале дека овие средби се од суштинско значење за зајакнување на соработката и потикнување реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ.

Министерот на средбата потенцирал дека дека ЕУ е наш значаен партнер и се заблагодарил за континуираната поддршка на ЕУ кон земјата и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина, во насока на остварување на нашата цел – целосна интеграција во ЕУ.

Реформската агенда на владата за планот за раст на Европската комисија пред собраниска комисија

Реформската агенда на владата  која се однесува на планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања .

Реформската агенда на владата која се однесува на планот за раст на Европската комисија, ќе биде презентирана денеска на третата седница на Комисијата за европски прашања која ќе се одржи во Собранието на седницата обраќања пред пратениците ќе имаат претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова, амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. Таму е нашата Маја Стојановска.

Маја дали почна седницата?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер