Заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“

Со Вечер на поезијата заврши првиот дел на „Струмица опен фестивал“, кој годинава се одржува под мотото „Културни бранови на радост“.

Од 22 јули, кога почна Фестивалот, се одржаа четири настани, а „Струмица опен“ продолжува на 13 идниот месец.

-Многу сме задоволни од реализирањето на планираните програмски содрини, кои беа одлично профаттени од публиката. Во вториот дел, кој почнува на 13 август, продолжуваме со промоцијата на албумот на Иван Кукиќ „Sunday vibes“, а подготвуваме и дополнители изненадувања. Се надевам дека вториот дел уште повеќе ќе го привлече вниманието на публиката, изјави Томи Печков од „Струмица опен фестивал“.

Фестивалот завршува на 20 август со манифестацијата „Струмички евергрини“.

Потврдено обвинението против осомничените за убиството на малата Данка,се бара доживотен затвор

Вишиот суд во Зајачар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, од кое осум месеци нема ни трага, ни глас..

Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, а за кое постои право на жалба до Апелацискиот суд во Ниш, потврдуваат за Танјуг од судот. Обвинителството во обвинителниот акт предложи судот да ги осуди на доживотен затвор Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Тие се сомничат дека на 26 март, со автомобил на на јавното претпријатеие водовод, каде што биле вработени, удриле во двегодишното девојче воБањско поле кај Бор, а потоа го внеле во возилото. Постои сомнеж дека нејзиното тело потоа го фрлиле на депонија, од каде што подоцна било преместено. Телото на девојчето сè уште не е пронајдено..

КСЗД: Недостапноста на јавниот превоз дискриминира повеќе групи граѓани

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека во изминатиот период добива претставки од различни групи граѓани кои се жалат на дискриминација поради недостапноста на јавниот превоз во Скопје.

Во соопшението се наведува дека многу групи граѓани зависат од јавниот превоз за да ги остварат своите основни човекови права како правото на образование, движење, здравје, работа, пристап до добра и услуги и други.

- Недостапноста на јавниот превоз непропорционално повеќе засега одредени групи на граѓани како жени, млади луѓе и ученици, пензионери и други возрасни лица, Роми, луѓе што живеат во населби пооддалечени од центарот на градот. Особено е загрижувачка состојбата со јавниот превоз од населбата Шуто Оризари, каде повремено возат само приватни превозници, со што се врши дополнителна дискриминација врз основа на етничка припадност и раса, соопштија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Изразуваат загриженост и за неможноста учениците да посетуваат настава, да го остваруваат правото на образование поради недостапноста на јавниот превоз, гарантирано со член 44 од Уставот на Република Македонија, каде е наведено дека образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Јавниот превоз, се подвлекува, има многу значајна улога во општеството и носи бројни економски, социјални, здравствени и еколошки бенефити. Преку јавниот превоз се промовира и зајакнува инклузивноста бидејќи тој овозможува сите луѓе да учествуваат во животот во градот и да ги остварат своите права. Со јавниот превоз се промовира независноста и мобилноста на граѓаните, се зајакнуваат социјалните интеракции и чувството на живеење во заедница. Клучна карактеристика на општества во кои има повисоко ниво на еднаквост е добро организиран, достапен и пристапен јавен превоз кој го користи голем дел од населението. Недостапноста на јавниот превоз ги продлабочува нееднаквостите на сметка на и онака помалку привилегираните групи во општеството.

- Исто така, недостапноста на јавниот превоз го зголемува користењето на приватните возила и ја зголемува фреквентноста во сообраќајот, што директно влијае на загадувањето на возухот и на оневозможување на правото за здрава животна средина. Согласно член 43 од Уставот секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и Републиката е должна да обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина, соопштија од Комисијата.

Од овие причини, од Комисијата апелираат до централните и локалните власти да ги остават настрана партиските интереси и итно да донесат долгорочни решенија за унапредување на достапноста и пристапноста на јавниот превоз.

„Јас, на некое друго место“ нова премиера на штипскиот Народен Театар

Театарската претстава „Јас, на некое друго место“ во режија на Јован Ристовски премиерно ќе се одигра на 30 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Народниот Театар Штип (НТШ).

Режисерот, Ристевски на денешната прес-конференција вели станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска Трпеноска, за да го напише била инспирирана од вистинска приказна.

-Ана се инспирира од еден весник, читајќи приказна за една мајка, сопруга, која за жал ги убива нејзините деца. Се случува еден пресврат во целата претстава, а жената е избеглица од Босна, кои живеат во Виена, вели Ристовски.

Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија како и деструктивното однесување во средината во која живееме.

-Оваа претстава треба да не инспирира, да се запрашаме кој сме, што сме и дали како граѓани имаме добро однесување према заедницата околу нас и дали ги приметуваме луѓето, со кои сме најблиски, односно дали имаат проблем или не, бидејќи најчесто менталните и психолошки проблеми луѓето ги кријат и им е непријатно да ги кажат на глас, рече Ристовски.

Актерите од штипскиот Народен Театар велат дека станува збор за претстава која треба да се види, доживее, а ја носи пораката дека во ова време на социјални мрежи членовите на едно семејство треба да разговараат и да се сакаат. Директорката на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Кристина Атанасова Арсова на денешната прес-конференција истакна дека ова е последната реализирана претстава за оваа година која е финансирана од Програмата на Министерството за култура и туризам. Но, најави дека во декември во нивна продукција ќе имаат уште две нови премиери, од кои едната е детска претстава.

Во претставата „Јас, на некое друго место“ играат: Марија Минчева-Андонов, Пеце Ристевски, Ангелка Нашкова, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини и Стефанија Митовска.

притисни ентер