Започна акцијата за отстранување граната од центарот на Белград

Министерот за внатрешни работи на Стрбија , Ивица Дачиќ денеска изјави дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна,

Министерот за внатрешни работи на Стрбија , Ивица Дачиќ денеска изјави дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна, од локација во центарот на Белград на безбедна локација во Делиблатско песочиште, каде што ќе биде уништена.

Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека станува збор за артилериска граната од калибар 305 мм, тешка повеќе од 280 килограми.

Дачиќ додаде дека се надева оти нема да има компликации при извршувањето на таа акција.

Конте: Навивачите на Јувентус ме гледаа како ривал, но никогаш нема да ми бидат непријатели

Тренерот на Наполи, Антонио Конте ги сумираше впечатоците од натпреварот од 5. коло од Италијанското првенство против Јувентус.

Избраниците на Конте одиграа 0:0 против неговиот поранешен тим.

- Ривалството помеѓу Јувентус и Наполи секогаш ќе биде тука. Важно е да нема насилство, туку да има почит. Јас сум дел од историјата на Јувентус и тоа никој не може да ми го одземе. Се надевам дека ќе бидам дел од Наполи во иднина. Живееме во свет во кој многу луѓе забораваат да бидат благодарни, а тоа не е добро. Денес, навивачите на Јувентус ме гледаа како ривал, но никогаш нема да ми бидат непријатели, го цитира Конте новинарот Николо Шира.

По овој меч Јувентус е на четвртото место во поредокот со девет бодови, едно место погоре е Наполи со 10 бодови.

Љутков во Љубљана и во Крањ: Македонската култура и јазик живеат во Словенија

Македонската култура и јазик живеат во Словенија благодарение на трајните пријателства.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов. Станува збор за луксузно издание, на македонски и на словенечки јазик, илустрирано од реномираниот уметник Боге Димовски, кое ги обединува сите препејувачи кои во текот на последниве шест децении го препејувале Шопов на словенечки јазик.

-Горди сме на поединците од македонската културна средина како што е Ацо Шопов. Токму поради ваквите личности, во светот моќно одекнаа силината и убавината на македонскиот поетски збор, истакна пред присутните министерот Љутков, потсетувајќи дека македонската култура, 2023 година ја чествуваше како „Година на Шопов“, а јубилејот, еден век од неговото раѓање, беше одбележан и во УНЕСКО, информираат од министерството за култура.

На промоцијата, се вели во соопштението, меѓу присутните гости беа и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, претседателот на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија, Бранислав Тасков, кои ја издадоа книгата, претставници на македонската дијаспора, професори, преведувачи и други личности од јавниот живот на Словенија.

Љутков упатил благодарност до Сојузот на македонските културни друштва во Словенија за нивните заложби за промоција на македонската култура, до многубројните преведувачи, меѓу кои е и професорката по македонски јазик, книжевност и култура на Филолошкиот факултет во Љубљана, Намита Субиото, која е авторка на предговорот на оваа книга.

-Личностите како нив, кои се врвни професори и преведувачи на македонски јазик, се големо богатство за нас бидејќи сите тие се наши културни амбасадори. Македонската култура и македонскиот јазик живеат надвор од својата татковина благодарение на овие трајни пријателства и врски и ве уверувам дека и понатаму ќе работиме за тие да се унапредуваат и да се развиваат, нагласил министерот Љутков.

Во рамките на својата работна посета на Словенија, во петокот вечерта во просториите на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ, министерот Љутков ја отвори и 8. јубилејна ликовна изложба на академскиот сликар и графичар, еден од најголемите во Словенија, Боге Димовски.

Македонскиот министер за култура и туризам ја поздрави посветеноста на Димовски во развојот на македонско-словенечката ликовна соработка, анимирањето на младите преку детската ликовна колонија, неговата теоретска и педагошка работа и активното и влијателно 50-годишно творештво.

-Сево ова говори за човек и уметник со визија, со уметнички и општествен ангажман што создава трајни врски меѓу неговата родна Татковина и државата која е неговиот дом, рече министерот Љутков во Крањ, додавајќи дека само со посветеност и љубов, словенечката и македонската култура се интегрираат, отвораат можности за соработка во туризмот и во другите сфери, создаваат нераскинливи врски кои се белег на одличната билатерална соработка.

Македонскиот министер за култура и туризам во текот на вчерашниот ден во Љубљана, заедно со словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух присуствуваше на богослужба во македонската црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана.

Во македонската Амбасада, министерот Љутков, заедно со заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски и амбасадорот на РС Македонија во Словенија, Горан Милевски, се сретнаа со претставници на Сојузот на Македонците во Словенија. На средбата, се вели во соопштението од министерството за култра, била поздравена иницијативата за отворање на македонски Културно-информативен центар во Словенија, кој всушност претставува одговор на нивните потреби за континуирана реализација на повеќе проекти и содржини. Беше споделено и дека во наредниот период, ќе се работи на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората која ќе биде од големо значење за засилување на врските со дијаспората. Оваа стратегија ќе претставува дополнителен импулс за подобрување на соработката и комуникацијата со нашите иселеници, како и за поддршка на нивните потреби и иницијативи. На средбата беше упатена благодарност до претставниците на дијаспората за нивната посветеност и ангажман во афирмацијата на нашата држава и култура во Република Словенија.

Во реномираната сала „Цанкарјев дом“ во Љубљана, вечерваминистерот Љутков, заедно со министри од словенечката влада, ќе присуствува на концертот на македонскиот културен амбасадор, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

Анализа: Вработените во големите градови во Германија се враќаат во канцелариите

 Во поголемите градови во Германија, работниците постепено се враќаат во канцелариите, иако нивото пред пандемијата се уште не е достигнато. 

Ова го посочуваат резултатите од студијата на компанијата за услуги за недвижнини Џонс Ланг ЛаСал , цитирана од ДПА.

Според извештајот, вработените во Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Дизелдорф и Штутгарт работат во нивните канцеларии околу 3,6 дена во неделата. Ова е значително над 3,2 дена неделно во 2023 година, но под просекот пред пандемијата од 4 дена канцелариска работа неделно.

Пополнетоста на канцелариите во седумте градови сега е 72 проценти - се уште е под нивото од 79 проценти забележано пред пандемијата да ја парализира глобалната економија во 2020 година и да ги промени навиките за работа од дома.

притисни ентер