Верстапен протестираше на прес-конференција откако беше казнет од ФИА поради псовки

- Смешно ми е тоа што се случи, па зошто да дадам детални одговори? Излегува дека лесно можете да добиете парична казна за ова. Затоа, претпочитам да не кажувам многу, да го зачувам гласот и можам да давам интервјуа на друго место“, рече Верстапен.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази незадоволство од паричната казна од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за псовки. Тој на официјалната прес-конференција пред Големата награда на Сингапур одговори со едносложни зборови и рече дека има проблеми со гласот.

На прашањето на еден од новинарите да одговори подетално, тркачот рече: „Не, може да бидам казнет“..

Потоа изјави дека ќе им даде одговори на медиумите надвор од службената прес-конференцијата на ФИА.

-Смешно  ми е тоа што се случи, па зошто да дадам детални одговори? Излегува дека лесно можете да добиете парична казна за ова. Затоа, претпочитам да не кажувам многу, да го зачувам гласот и можам да давам интервјуа на друго место“, рече Верстапен.

Дваесет и шестгодишниот возач на Ред Бул доби општокорисна казна поради употреба на непристоен јазик за време на официјалната прес-конференција на ФИА на 19 септември.

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ денеска изјави дека денешното обраќање на претседателката на земјава, Гордана Сиљановска Давкова, не понудило визија за иднината на државата.

Тој рече дека очекувал многу теми во општеството да бидат дел од денешното обраќање на Сиљановска Давкова во Собранието.

- Морам да кажам дека два дела во обраќањето, кога зборува за Армијата, поддршката на Армијата и поддршката на сите политики што би значеле унапредување на состојбата во Армијата и подобрување на животниот стандард на сите воени и цивилни лица во Армијата, е нешто за што ќе добие поддршка од нас. И второ, поддршката на еднаквите можности, вметнувањето на жените во политиките и така натаму, декларативно е добро како став на претседател на држава. Меѓутоа, очекувам дека таа декларативност преку влијание преку јавно искажан збор ќе биде преточена во политики, истакна Спасовски на прес-конференција во Собранието.

Меѓу другото, тој рече дека очекувал таа јавно да го осуди носењето на Законот за јавни набавки, со што, додаде, се руши транспарентноста и очекува и ја повика да не го потпише овој указ - Закон за јавни набавки.

- Доколку постои каков било предлог за унапредување на евроинтегративните процеси на државата, тој предлог да биде споделен и со парламентарната опозиција и на основа на тоа, заеднички да разговараме, да заземеме соодветни ставови и заеднички да им помогнеме на граѓаните и на државата, нагласи Спасовски меѓу другото.

Тој со јавноста сподели и дека очекувал зборови и за состојбата на економски план за тоа што се случува во моментов и да биде упатена порака и да се предложи начин за решение на проблемите.

Меморандум на Стопанската комора и ДКСК за заедничка борба со корупцијата

Меморандумот за соработка го потпишале претседателот на Комората, Бранко Азески, и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Стопанската комора на Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска потпишале Меморандум за соработка во борбата со корупцијата. Како што соопшти Комората, иницијативата е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“ поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

-На состанокот, кој се одржа во просториите на Стопанската комора, беа презентирани активностите на Стопанската комора во рамки на проектот, вклучително и резултатите од анкетата што Комората ја спроведе за изложеноста на компаниите на коруптивни барања од јавниот сектор во 2023 година. Беше дискутирано и за обуките за бизнис интегритет, кои се дел од проектот, а опфаќаат поставување систем за интегритет во компаниите, усогласување со меѓународните и европските стандарди, примена на мерки за спречување на корупцијата и поттикнување на етичка деловна средина, соопшти Стопанската комора.

Меморандумот за соработка го потпишале претседателот на Комората, Бранко Азески, и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Тој предвидува одржување средби меѓу претставниците на двете институции, со можност за вклучување компании членки на Комората и други релевантни институции со надлежности за спречување на корупцијата.

-Оваа рамка за соработка опфаќа учество во работни групи заради промена на законска и друга регулатива од областа на спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и учество во изготвувањето на новата национална стратегија за спречување на корупцијата и имплементација на активностите од истата. Меморандумот предвидува соработка при реализација на настани - јавни дебати, работилници, конференции, тренинзи насочени кон зголемување на свеста кај јавноста за прашања поврзани со спречување на корупцијата и јакнење на интегритетот, се наведува во соопштението.

Стопанската комора информира дека Програмата „Граѓаните против корупцијата“ е предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка, поддржана од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), а се реализира преку Конзорциум на разновидни учесници, меѓу кои и Комората како претставник на приватниот бизнис-сектор.

МОН: Исплатени ученичките и студентските стипендии

Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници.

-Исплатата на стипендиите отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати. Министерството останува посветено на младите. Преку добра непосредна соработка, продолжуваме да ги подобруваме ученичкиот и студентскиот стандард, наведува МОН во објавата.

притисни ентер