Доминација на Норис на Гран прито во Сингапур

Возачот на Мекларен Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на  Сингапур.

Со доминатно возење од почетокот до крајот на трката заслужено Норис стигна до убедлив триумф на Гран прито во Сингапур. Норис ја по прв пат во кариерата успеа пол позицијата да ја претвори во триумф на една трка.

Норис сега тоа го направи на доминантен начин. Британецот успеа да ја забележи третата победа сезонава прва на на патеката Марина Беј.

Во ноќната трка во Сингапур второ време на целта имаше светскиот шампион Макс Верстапен од Ред Бул, а на подиумот се искачи и вториот возач на Мекларен, третопласираниот Оскар Пјастре.

За Верстапен ова е осма трка по ред без победа.

Во генералниот пласман по денешната трка во Симнгапур Норис има 52 бода помалку од Верстапен, а до крајот на сезоната остануваат уште шест трки.

До бодови на гран прито во Сингапур стигнаа и Расел, Леклер, Хамилтон, Саинц, Алонсо , Хулкенберг и Перес возачите кој на крајот беа пласирани од 4 до 10 позиција.

Во Лондон уапсен маж кој со автомобил удрил во пешаци

Британската полиција уапси маж откако синоќа, 45 минути по полноќ, со автомобил удри во пешаци во лондонскиот кварт „Вест енд“.

Во инцидентот повредени се четворица пешаци, кои се хоспитализирани, а еден од нив е во тешка здравствена состојба.

Возачот (31) е приведен под обвинение за обид за убиство.

Полицијата посочи дека станува збор за изолиран инцидент, што не е поврзан со тероризам./МИА

Околу 50 луѓе загинаа при нападот на пакистанската армија во Авганистан

Претставник на авганистанската талибанска Влада изјави дека при нападот на пакистанската армија врз источниот дел на Авганистан загинале 46 луѓе, од кои најголемиот број жени и деца, а шест лица се повредени.

Портпаролот на пакистанските талибанци тврди дека загинале 50 луѓе од кои 27 жени и деца.

Официјален Исламабад не го коментираше нападот, но пакистанската армија соопшти дека безбедносните сили убиле 13 бунтовници во операцијата во Јужен Вазиристан, округ долж источната авганистанска провинција Пактика.

Пакистан ги обвинува талибанците дека не се доволно посветени на борбата против акциите на милитантите долж границата, додека талибанската Влада во Авганистан тврди дека на никого не му дозволува да извршува напади врз која било земја.

Пакистански беспилотни летала и борбени авиони нападнаа камповите на исламистичките милитанти во соседен Авганистан. Пакистанската армија тврди дека цел на нападот биле борците, кои наводно стојат зад смртоносните прекугранични напади во изминатите недели. Најмалку четири засолништа што ги користеа пакистанските талибанци за обука на милитанти, вклучително и бомбаши самоубијци, беа цел на нападот.

Тоа е втор напад на пакистанските сили во Авганистан од март минатата година. Тие најверојатно дополнително ќе ги заострат и онака непријателските односи помеѓу соседните земји. /МИА

Ристески: Законот за нефер трговски практики стартува по Нова година

Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година, а овој Закон треба да ги среди односите меѓу производителите, добавувачите и трговците.

Досега во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики, а спрема тарифникот се внесени 2.546 префрлени земјоделски производи во овој Закон, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески во Штип.

Тој посочи дека на подолг рок со овој Закон ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите и граѓаните, заштита на животниот стандард.

-Од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос и пред се на маркетите. Деновиве се докомплетира КЗК со пет нови членови, коишто беа изгласани во Собранието на Република Македонија. Тие ќе бидат главниот контрол на сите овие договори. Договорите завршија до 28 септември, дадовме еден мониторинг период до 1 јануари, каде што ги пратиме сите случувања, кои се случуваат имаме различни дојави и одредени проблеми околу поврат на роба во маркетите, некаде дури се појавуваат и двојни ценовници имаме како информација, вели Ристески.

Тој истакна дека укажуваат по Нова година казнените мерки се големи и треба да внимаваат трговците и сите оние коишто ги склучуваат овие договори.

-Казните се некаде околу 20.000 евра, што не е малку како да речеме за нефер трговски практики, изјави Ристески.

Прашан за зголемените цени на производите во супер маркетите и новата потрошувачка кошничка, Ристески истакна дека трговците, производителите, супер маркетите, бизнис заедницата ветија пред целата јавност дека ќе ја поддржат акцијата, која произлегува од нив, со што ќе има намалување најмалку 10% на основните прехрамбени производи во Новогодишната кошничка. Заменик министерот за економија, Ристески истакна дека најголем мониторинг за оваа мерка се граѓаните, кои доколку забележат неправилности можат да се јават и реагираат.

-Јас би порачал до трговците, но и до производителите кошничката има 1.100 производи, меѓутоа имаат време и период до крајот на неделата, доколку има неправилности да ги исправат, да ја намалат цената на прехрамбените производи, пред се за граѓаните. Сметаме дека се се уште општествено одговорни фирми, кои го ветија тоа пред народот, посебно во одредени производи, како што се маслото за јадење, шеќерот, млечните производи, како што е кашкавал, сирење, месните производи, месото, како што е јунишкото свинското месо, јајцата и тоа да го направат и имаат време до крајот на неделата, рече Ристески.

Тој додаде дека доколку тоа не го сторат во тој случај Владата во наредниот период ќе донесе уште подрастични мерки, а главната цел им е штитење на стандардот на граѓаните.

притисни ентер