Кејн за дербито со Баер: Ние сме Баерн и не се адаптираме на играта на противникот

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн ги искажа очекувањата за големото дерби со Баер Леверкузен.

Натпреварот од 5. коло во Бундеслигата ќе се одигра на 28 септември во Минхен.

- Ние сме Баерн и не се приспособуваме на играта на противникот. Секако, не чека тежок тест. На Леверкузен му оди одлично, но со ист став и посветеност ќе пристапиме на натпреварот. Домашен натпревар за време на Октоберфест ќе биде одличен настан, изјави Англичанецот во дресот на Баварците.

Баерн е во одлична форма, вчера го совлада Вердер на гости со 5:0.

Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза

Либанскиот пратеник Хасан Фадлалах, член на Хезболах, денеска изјави дека војната со Израел влезе во нова фаза и дека организацијата е подготвена за секое сценарио, војна или конфронтација.

На погребот на еден член на екстремистичкиот Хезболах убиен заедно со десетици други, вкупно 45 лица, во израелски воздушен напад во населба во Бејрут, Фадлала рече дека јужниот фронт одиграл клучна улога во притисокот врз Израел да ја запре војната во Газа.

Тој, исто така, оцени дека Израел нема да може да ја постигне својата главна цел да ги врати доселениците на север и ги пофали можностите на Хезболах.

-Имаме силен и способен отпор кој има способности, компетенции, бројни борци и опрема и може да се прилагоди на секоја нова ситуација, рече заменикот.

Албанија ги „дисциплинира“ и нотарите

 Паралелно со процесот на ветинг кај судиите и обвинителите, во Албанија се спроведува строга контрола и во работата на нотарите.

- Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите, рече министерот за правда, Улси Мања.

Според него, во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки.

Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.

Инаку, деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд.

Пријателскиот кошаркарски меч Панатинаикос- Партизан пред 42 000 гледачи

Актуелниот освојувач на кошаркарската Евролига, Панатинаикос ја објави официјалната бројка на посетители кои од трибините на стадионот „Панатинаикос“ го следеа натпреварот со Партизан на турнирот „Павлос Јанакопулос“.

Иако првично информации беа дека дуелот во Атина меѓу европскиот шампион Панатинаикос и Партизан го следеле околу 35 000 гледачи сега најновите информации покажуваат дека таа бројка била многу поголема.

Дури 42.000 луѓе во живо го виделе поразот на „зелените“ од Атина од црно-белите од Белград со резултат 75:64.

Инаку овој дуел беше и последен тест за избраниците на Жељко Обрадовиќ пред сезонското деби во АБА лигата против Борац на 25 септември.

Најдобар во тимот на Партизан беше Двејн Вашингтон со 13 поени, додека Брендон Дејвис додаде 12.

притисни ентер