Утре клучни избори во Франција, на анектите води партијата на Ле Пен

Во Франција заврши предизборната кампања, пред утрешните клучни парламентарни избори.

Според првите проекции, убедлива победа ќе извојува крајнодесничарската партија национален собир на чело со Марин Ле Пен.

Францускиот премиер Габриел Атал предупреди дека евентуална победа на Ле Пен ќе доведе до „омраза и агресија“, но резултатите од анкетите покажуваат дека партијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Џордан Баредела, кој би можел да биде нов премиер, цврсто ја држи водечката позиција.

Единствено прашање, како што покажуваат анкетите, е дали тој ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот на изборите кои се одржуваат во два круга, утре и на 7 јули.

Зараза од норовирус на познато езеро во Италија, над 300 лица завршија во болница

Повеќе од 300 луѓе се хоспитализирани, а многу други страдаат од дијареа, гадење, грчеви или треска по појава на норовирус во општината Тори дел Бенако на езерото Гарда во северна Италија, соопштија денеска властите.

Повеќе од 900 случаи се регистрирани во таа општина на источниот брег на езерото, инаку популарна дестинација за одмор за Италијанците, но и за странските посетители. Се претпоставува дека вирусот се шири преку пиење вода од чешма.

Општинските власти им наложија на луѓето да купуваат флаширана вода, а чистата вода се дели бесплатно.

Весникот вели дека се верува дека избувнувањето на вирусот е поврзано со високите нивоа на езерото по обилните дождови во последните недели, кои го преоптоварија канализациониот систем. Засега нема официјална потврда за ова.

Општинските власти соопштија дека се обидуваат да утврдат како се шири вирусот. Додека во петокот беа пронајдени траги во водата за пиење, последователните тестови од добавувачот на вода се негативни.

Сепак, градоначалникот Стефано Никотра се уште повикува на претпазливост. „Не користете вода од чешма за лична употреба или за храна“, рече тој. Водата не смее да се користи за готвење или миење храна.

Општината вообичаено има само 3.000 постојани жители, но сега прима и многу туристи. Норовирусот е многу заразен, но обично краткотраен.

Пожари беснеат на грчките острови Хиос и Кос во источниот дел на Егејското Море (ВИДЕО)

Грчките пожарникари се алармирани да ги локализираат пожарите кои денеска избувнаа на островите Хиос и Кос во источниот дел на Егејското Море.

Грчките служби за итни случаи издадоа наредби за евакуација на жителите од областа Метохи во западен Хиос, повикувајќи ги да се упатат кон блиската плажа, пренесува АП.

Малку појужно, на островот Кос, противпожарната служба соопшти дека 20 пожарникари, хеликоптер и доброволци се борат со пожарот кој избувна во централниот дел на островот.

Пожарите избувнаа еден ден откако противпожарната служба успеа да ги ограничи двата големи шумски пожари во близина на Атина кои беа запалени од налетите на силните ветрови.

„Имавме исклучително тежок јуни во однос на метеоролошките услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Ова лето ќе биде особено опасно поради пожарите“, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на седница на владата.

Оваа година, како дел од подготовките за гаснење пожари, Грција ангажираше неколку нови членови на противпожарната служба и ги интензивираше процесите на стручна обука.

„Сите заинтересирани ќе можат да ги поднесат своите кандидатури и да ги поминат задолжителните тестови и надвор од распоредот на редовните конкурси за прием на кандидати во противпожарната служба“, изјави грчкиот премиер.

Никол Шерзингер се соблече по повод роденденот, фановите воодушевени (ВИДЕО)

Никол Шерзингер го прослави својот 46-ти роденден и ги почести своите обожаватели со фотографија и видео на својот Инстаграм профил.

Таа позираше во дводелен црн костим за капење покажувајќи го своето затегнато тело.

„Обземена сум од количината на љубов што ми ја испратија на мојот роденден“, им порача Никол на своите следбеници под објавата. „Боже, ти благодарам за уште една година. Не секоја година - веројатно мојата најхрабра досега. Ти благодарам за твојата благодат додека ми помагаш да растам и да се развивам. Ти благодарам за радостите и смеата, борбите и лузните. Ти благодарам за борбениот дух кој живее во мене за никогаш да не се откажам и да го пуштам, вечно сум благодарна за сè што сум“, им порача пејачката на своите фанови.

„Среќен роденден убава жено“, „Ти си мојата инспирација од самиот почеток на мојата кариера до денес... Те сакам“, „Ти го заслужуваш целиот свет“, беа само дел од коментарите на нејзините верни следбеници.

Неодамна Никол даде изјава за медиумите каде призна дека би сакала да има деца со нејзиниот вереник Том Еванс, но дека е многу тешко поради премногу обврски со кои се преоптоварени. Таа додава дека се чувствува како биолошкиот часовник да ѝ отчукува. Двојката се вери минатата година на Хаваи.

притисни ентер