Во навивачко стампедо по фудбалското финале во Сенегал,8 мртви

Осум лица загинаа а повеќе од 50 се повредени во навивачкото стампедо на стадионот „Демба Диоп“ во Дакар , по финалето од фудбалскиот шампионат во Сенегал.

Според сенегалската агенција АПС навивачите се судриле откако полицијата употребила солзавец што предизвикал паника и стампедо меѓу публиката на стадионот.

Како што информира АФП во тој момент се срушил еден ѕид додека публиката го напуштала стадионот , покрај 8 загинати повредени и се повеќе од 50 лица.

Крмов од Велес:Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот

Носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и денес има средби со граѓаните на Велес. 

​​​[💬] ,,Втор ден сум во Велес. Вчера се движевме по Чаршијата, разговаравме со велешани. Денес сме на Пазарот во Велес.

Она што можеме да го слушнеме од велешани е дека тие ја препознаваат Левица како единствена опција којашто потекнува од народот.

Во Програмата на Левица има најмногу за обичниот работник, затоа што оттаму ние и потекнуваме".

[🚩] Борбата продолжува, а Крмов апелираше дека за истата да продолжи, треба граѓаните да ја поддржат Левица како единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси:

,,Потребно е сега да се гласа за Левица, за да продолжи борбата во Собрание.

Ние заедно со претседателот Апасиев во последниве 4 години од нашиот мандат покажавме дека некои работи може да се сменат, дека пратениците може да НЕ зимаат патни трошоци, дека може да се борат за вистинските интереси на македонскиот народ и сега мораме да бидеме двоцифрен број, за да ја продолжиме борбата!", додаде Крмов.

Командантот на украинската армија вели дека ситуацијата на фронтот се „влошува“

 Главниот командант на вооружените сили на Украина денеска објави дека позицијата на Киев на фронтот е влошена и дека Русија постигнала голем број придобивки на бојното поле.

„Ситуацијата на фронтот се влоши“, наведе Олександр Сирски во објава на Фејсбук.

Тој додава дека Русија „напаѓа по целата линија на фронтот“ и постигнала „тактички успех во некои сектори“.

Баришиќ пред трансфер во Трабзон

 Хрватскиот фудбалер Борна Баришиќ на лето би можел да ги засили редовите на турски прволигаш Трабзонспор во чиј редови настапува македонскиот капитен Енис Барди.

Договорот на хрватскиот репрезентативец од редовите на Глазгов Ренџерс истекува на лето, а се погласни се шпекулациите дека ќе ја смени средината.

Според италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре, во летниот преоден рок Баришиќ ќе се пресели во Турција, а со него во турскиот клуб би заминал и Џон Лундстрам.

притисни ентер