Во МАНУ работилница „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“

Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ.

Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ, денеска организираат работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“.

На работилницата обраќања ќе имаат Катица Ќулавкова на тема „Оспорувањето на јазилниот идентитет како политички говор на омраза“, Ганка Цветанова за „Македонското прашање во контекст на политичкиот говор на омраза“, Елеонора Серафимовска и Маријана Марковиќ за „Трансгенерациската политичка траума на македонскиот народ како резултат на негирањето на посебноста на македонскиот јазик и политичката легитимност на македонската нација“, Соња Миленковска за „Прагматичните теории и дискурсите на моќ“, Милка Димитровска за „Говорот на омраза кон македонскиот јазик: помеѓу правото и политиката“, Марјан Марковиќ за „Македомските дијалекти во бугарската пропаганда“ и Давор Јанкулоски за „Македонскиот јазик во печатото на КПГ (1950–1970)“.

Работилницата ќе се одржи во амфитеатарот на МАНУ со почеток во 11 часот.

Малолетен ученик физички повредил соученик во велешкото ООУ„Блаже Конески“

Во Полициска станица Велес вчера било пријавено дека во Општинско Основно училиште, малолетник физички нападнал друг малолетник-негов соученик.

Со итна медицинска помош малолетникот бил однесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, за настанот известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

Таа најави дека СВР Велес презема мерки за расчистување на случајот.

В.д. директорката на ООУ„Блаже Конески“ Маја Коруновска преку соопштение до медиумите даде појаснување за настанот.

-Училиштето, како и до сега е подготвено за соработка со сите надлежни институции за надминување на вакви ситуации. Ве замолуваме да се воздржите од ширење на дезинформации по овој случај со цел да се заштитат учениците вклучени во инцидентот, нивните семејства и другите ученици од одделенската заедница, а истовремено да се спречат несоодветни реакции од страна на потесната и пошироката јавност, апелира в.д директорката Коруновска

Таа информира дека во ООУ „Блаже Конески“ – Велес, на 20.11.2024 година пред почетокот на вториот час за време на малиот одмор се случи немил инцидент помеѓу двајца ученици од предметна настава.

Од страна на предметните наставници, стручната служба и директорот веднаш е постапено со тоа што е повикана Итна медицинска помош и се известени родителите на повредениот ученик и тој во придружба со одделенскиот раководител и секретарот на училиштето е пренесен во Општата болница во Велес. Веднаш се извршени разговори за резрешување на случајот со сите ученици од одделенската заедница, индивидуално е разговарано со ученикот кој го предизвикал инцидентот и разговори со група на ученици од одделението. Известени се и повикани на разговор родителите на ученикот кој го предизвикал инцидентот и запознаени се со целиот случај и понатамошните постапки кои ќе ги преземе училиштето за случајот. Од страна на училиштето е постапено во согласност со Законот за основно образование и се известени СВР Велес и Центарот за социјални работи Велес.

Појаснува дека во училиштето е направен увид од страна на службени лица од СВР Велес при што е објаснет целиот инцидент и дадени се индивидуални изјави од стана на неколку предметни наставници, лице од технички персонал и директорот, кои интервенирале веднаш по случувањето на инцидентот.

-Директорката и стручната служба ќе продолжат да постапуваат согласно Законските и подзаконските акти, процедури и насоки за постапување при вакви постапки со цел во иднина да не се повторуваат, најави Коруновска.

Русите собориле две британски ракети „Сторм Шедоу“

 Руската противвоздушна одбрана собори две британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана во редовниот воен извештај.

Системите за противвоздушна одбрана соборија две крстосувачки ракети „Storm Shadow“ од британско производство, шест ракети HIMARS од американско производство и 67 беспилотни летала од авионски тип, се вели во соопштението.

Британските медиуми вчера јавија дека Украина за првпат истрелала проектили „Сторм шедоу“ доставени од Велика Британија кон Русија, откако Киев доби зелено светло од Лондон за употреба на тој вид оружје.

Ѕвездата на „OnlyFans“ призна: „Сакам да водам љубов со Илон Маск на Марс“

Атрактивната Елса Тора, ѕвезда на платфромата за возрасни „OnlyFans“, сака да биде првата личност што ќе се породи на Марс за да помогне во населувањето на планетата - и таа сака помош од Илон Маск да го оствари тоа.

Идејата ја добила од Кај Ценат, кој сакал да биде првата личност што ќе стримува од вселената и се надевала дека Илон Маск ќе му помогне да го направи тоа.

- Видов дека еден стример побара од Илон Маск да му помогне да стане првиот стример на Марс. Сакам да бидам првата личност која ќе има секс во вселената, а втората цел ми е да го родам првото бебе на Марс и да помогнам да се насели Марс – вели Елса, пишува Index.hr.

Нема да и треба само Илон за да и помогне да стигне до Марс...

- Нека ме однесе таму горе и нека ми помогне да создадам колонија. Има 12 деца, претпоставувам дека знае што прави, порачува Елса,

И додека Елса фантазира за секс без гравитација, астрономот Џон Милис еднаш објасни како тоа би изгледало.

- Замислете да водите љубов додека скокате со падобран - секое туркање или потисок ќе ве турне во спротивна насока. Не би било пријатно - вели тој.

притисни ентер