Во Берово утрово минус два степена

Во Берово утрово се измерени минус два степена, во Струмица еден, Битола два, Тетово три, пет во Скопје, а седум степени во Охрид, соопшти УХМР.

Претпладне по котлините ќе има магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде претежно сончево со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје претпладне со магла или ниска облачност, а потоа петежно сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Државниот јавен обвинител ги отфрла обвинувањата дека вршел притисок врз виш јавен обвинител

 Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ги отфрла, како што вели, неоснованите тврдења за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.

– Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат после повеќе од четири години да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам. Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи!, вели Коцевски во реакцијата.

Додава дека кога ја презел функцијата јавен обвинител дал заклетва дека функцијата ќе ја врши чесно и одговорно и дека тоа и ќе го направи. Најавува дека сите сознанија до кои ќе дојде по извршената контрола ќе ги објави веднаш по завршување на соодветните постапки предвидени во Законот за јавното обвинителство.

– До крајот на овој месец контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. За сите контроли задолжени се јавните обвинители од републичкото обвинителство распоредени како координатори за соодветните обвинителства со редовен годишен распоред. Според задолженијата, тие ќе треба да го проверат предметното работење на сите јавни обвинители во предметите во кои обвинителите се откажале од жалба или од обвинение. Затоа очекувам нападите кон мене да продолжат со уште поголем интензитет, особено од страна на лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон додека граѓаните очекувале правда, стои во демантот на Коцевски.

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предмет поврзан со политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател

Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Камала Харис изјави дека нејзиниот противкандидат Доналд Трамп ја згрозува функцијата претседател на САД.

Забелешките дојдоа откако Трамп ја нарече „гаден потпретседател“ на предизборниот митинг ден претходно.

-Претседателот на Соединетите Држави мора да ги постави стандардите, не само за нашата нација, туку и за улогата што ја игра нашата нација во светот. Кога човек ги претставува Соединетите Држави, тој влегува во светските сали со заслужен авторитет и легитимитет да зборува за важноста на демократијата и владеењето на правото, рече таа.

Во саботата Трамп ја нарече Харис и најлошиот потпретседател на САД.

Двајца загинати и 22 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Самос

 Две лица го загубија животот во несреќата со чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос, додека спасени се 22 лица.

Две лица го загубија животот во несреќата со чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во морскиот дел во близина на грчкиот остров Самос, додека спасени се 22 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми од островот, животот го загубија еден маж и една жена, кои од засега непознати причини паднале од чамецот и се удавиле во морето, а нивните безживотни тела биле извлечени од крајбрежната служба.

Чамецот со 24 мигранти тргнал од турското крајбрежје.

притисни ентер