СЗО: Египет е земја без маларија

 Египет официјално е прогласен за регион без маларија, за што Светската здравствена организација (СЗО) упати честитки до владата во Каиро и и врачи сертификат.

-Маларијата е стара колку и самата египетска цивилизација, но сега болеста што ги мачеше фараоните припаѓа на нејзината историја, а не на иднината, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Во светот, 44 земји и една територија се сертифицирани како ослободени од маларија.

Научниците докажаа дека маларијата постои во Египет од најмалку 4000 п.н.е.. Меѓу другите наоди, болеста била идентификувана во мумијата на Тутанкамон, фараон кој владеел од околу 1332 до 1323 година п.н.е..

Според податоците на СЗО, Египет покажа дека синџирот на локално пренесување маларија преку комарците „Анофелес“ е прекинат најмалку три години.

Резултатите беа постигнати преку ригорозен мониторинг, постојано отстранување на местата за размножување и заштита од каснување од комарци.

За да добијат сертификат од СЗО, земјите, исто така, мора да покажат способност да спречат повторно појавување на преносот.

Оваа болест е предизвикана од паразити кои ги пренесуваат комарците „Анофелес“. Се манифестира со висока температура, треска, главоболка и болки во мускулите. Тоа може да биде особено смртоносно за деца и возрасни со ослабен имунолошки систем.

Продолжи судењето за масовното убиство кај Младеновац со потресни сведочење на сведоците

На рочиштето присуствуваа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац, како и нивни претставници кои носеа црни маици на кои беше испишан датумот 4.5.2023 година со порака „Живеете“.

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко, јави дописникот на МИА од Белград.

На рочиштето присуствуваа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац, како и нивни претставници кои носеа црни маици на кои беше испишан датумот 4.5.2023 година со порака „Живеете“.

На претходните рочишта сведочеа повредените, и родителите на загинатите во масовното убиство и ранетите на 4 мај 2023 година, а денесka судењето продолжи со распит на сведоците, меѓу кои и Андријана Митровиќ, која беше ранета на 4 мај во Дубона.

Митровиќ изјави дека тогаш Урош Блажиќ го запрел автомобилот во близина на дворот и дека едeн од нејзините пријатели му рекол „Чекај, што правиш“, но Блажиќ, според неа, рекол „Рацете горе“ и потоа пукал рафално во нив. Таа рече дека почувствувала дека е погодена и дека паднала и се преправала дека е мртва, после што не се сеќава на ништо.

На прашањето на обвинителката дали се сеќава дека Блажиќ се вратил повторно да ги застрела пријателите, Митровиќ рече дека мисли да тој се вратил и поединечно пукал во нејзината другарка која врескала, и дека и неа уште еднаш ја застрелал во грб.

Сведочењето и на останатите сведоци, роднини, пријатели на убиените млади од Дубона и Орашје исто така беа потресни, тешки, во еден момент и на раб на инцидент кога сведокот Ј.М. на кого му се убиени двајцата браќа тргна накај обвинетите Урош и татко му со зборовите „Си воспитал монструм“, но беше спречен од обезбедувањето.

Денешното судење заврши и ќе продолжи во понеделник, 28 октомври.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево го товари Урош Блажиќ за тешко убиство, а неговиот татко Радиша за недозволено држење и носење оружје и експлозивни материи. Обвинителството предложи казни од 20 години затвор за двајцата.

Законот предвидува Урош Блажиќ да не може да биде осуден на доживотен затвор, бидејќи во времето кога го извршил делото имал неполни 21 година. Затоа максималната казна на која може да биде осуден е 20 години.

Судењето започна во август 2024 година, а од безбедносни причини само физички беше преместено од Смедерево во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево.

Урош Блажиќ на првото рочиште во август ја призна вината и изјави дека е подготвен да одговара за стореното. Радиша Блажиќ пред судот ја негираше вината и рече дека не знае од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај.

Намалување на цените на горивата

Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, а дизелот за два денари. 

За 2,50 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство.

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 ден/лит, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 79 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 68,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 68,00 ден/лит. Се намалува и цената на Мазутот за 0,639 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од 42,573 ден/кг.

Од РКЕ информираат дека со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 проценти во однос на претходно донесената одлука.

Фото: Адријана Лима позираше без шминка за шпански Вог

Адријана Лима позираше за шпански Вог.

43-годишната манекенка позираше без шминка, а на Инстаграм беа објавени фотографии од ноемвриската насловна страна на магазинот.

„Посилна и похрабра од кога било. Адријана Лима се врати да позира за нашата насловна страница“, објави магазинот, додавајќи дека Лима се присетила на раната кариера.

На првата насловна Лима позираше во маица на Кристијан Диор и шешир на „Clyde x Collina Strada“. На втората корица манекенката позираше во црн фустан на Диор.

Во интервју за Вог таа се осврна и на мајчинството. „Тешко е, имам пет деца, а да се биде мајка на 40 не е исто што и да се биде мајка на 20 години, но отсекогаш сум сакала да имам големо семејство и сум млада во срцето. Исто така, сакам да тренирам, тоа е дел од нашата култура овде во Рио де Жанеиро“, рече Лима.

Таа се осврна и на негативните коментари за нејзиниот изглед

"Точно е дека обично се дебелеам многу за време на бременоста, но морам да размислувам за себе. Имав други приоритети. За среќа, ја имав поддршката од моето семејство, а сега сето тоа е во минатото. Модата е за нас жените, кои вообичаено купуваме и сме свесни што се случува таму, така што секој момент во животот треба да се слави и во моментов се чувствувам одлично“, рече таа. Додаде дека во моментов сака да се гледа себеси без шминка.

Најбогатиот ангел на Викторија

Адријана Лима се појави на неодамнешната ревија на Викторија Сикрет, која се одржа во Њујорк по шестгодишна пауза.

Адријана е една од ангелите на Викторија со најдолго служење во историјата на Викторија Сикрет. Бразилката уште во 2014 година го зазеде второто место меѓу најплатените модели во светот. Покрај тоа што долги години беше модел на Викторија Сикрет, Адријана во текот на нејзината кариера соработуваше со бројни луксузни брендови и ги красеше насловните страници на познатите списанија.

Нејзиното богатство се проценува на 95 милиони долари.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер