И по три дена откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека со поголем дел од банките се постигнал договор околу каматата за кредитниот ризик за средствата од унгарскиот заем наменет за бизнисот – од Македонската банкарска асоцијација и натаму нема официјален став за договореното.
Засега, единствено информациите за јавноста ги сподлувата од владата.. Од таму велат дека очекуваат до крајот на неделава да се презицираат критериумите под кој ќе се делат унгарските пари, и веќе од идната недела компаниите да може да аплицираат за кредитите преку банките кои ќе ја прифатат каматата од 1,95%. Од она што досега е познато е дека парите ќе бидат достапни за сите компании независно дали се од мал, среден или голем обем, но и дека ќе мора да имаат 20 % сопствено учество.
„До крајот на оваа недела ќе се финализираат целокупните процедури и веднаш по завршување на истите јавноста ќе биде информирана.“ изјави Марија Митева – портпарол на Влада.
За дел од експертите има многу нејаснотии околу тоа кои компании ќе може да добијат дел од овој кредит но и за која намена. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за Канал 5 вели мора да има строго дефинирани критериуми, бидејќи постојат големи ризици овие средства да завршат кај фирми блиски до власта, или профитабилни копмании, чија ниска каматна стапка ќе падне на грбот на граѓаните.
„Мора да се предвидат строги намени, многу строго да се дефинира, тесно да се дефинира за што ќе може да се користат парите, не смее парите да се користат за непродуктивни цели, како купување коли, градење згради кој што не се производствени погони. Треба според мене да се утврди она што е зелена инвестиција, но и производство. Производствени процеси, нови технологии, нови машини и такви рбаоти. Значи продуктивни инвестиции, а не само било какви инвестиции.“ -изјави Бранимир Јовановиќ – економски аналитичар.
Премиерот Мицкоски во неделата, по неколкуте состаноци со банките, сооошти дека нјаголем дел од нив прифатиле да бидат дел од проектот, но кои се тие и натаму е најасно.. Компаниите, како што кажа Мицкоски, ќе може да добијат максимални 10 милиони евра, а рокот за враќање на заемот да биде 15 години, со 3 години грејс период. Основната камата од 3,25% на Унгарија ќе и се враќа со пари од буџетот, во истиот временски интервал..