61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија

61 годишна скопјанка е највозрасната родилка во Македонија. Таа на свет донесе здраво машко дете тешко 2,350 грама и долго 48 сантимери.

Петар е момчето што брачниот пар го чекале повеќе од три децении. Мајката имала десет неуспешни ин-витра и неколку хируршки интервенции. Бебето е добиено со ин-витро третман во нашата земја во приватна клиника. Кога започнале проблемите за забременувањето брачниот пар решил сега 61 годишната мајка во приватна болница оставила јајце клетка каде била замрзната. Жената се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство. Сопругот има 65 години.

„Во брак се 37 години, најверојанто пред 30 години е замрзнта јајце клетката. Кај жените уште во стомакот кај мајката девојчето создава јајце клетки. Со новата медицина постои можност јајце клека да се замрзне и потоа да се направи оплодување кога жената сака. Ианку кај мажите нема потреба од овој порцес“, вели Д-р Ирена Алексиовска Папестиев директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Мајката и бебето се во добра здравствена состојба и денеска се пуштени дома. Директорката на клиниката потврди дека по три години застој на Клиниката за гинекологија и акушерство почнува ин-витро оплодувањето.

Податоците покажуваат дека во Србија 62 гоДишна жена била прворотка. А во светот највозрасна родилка е 66 годишна жена од Барселона која родила близнаци.

Јанчев: Интензивно се работи на изградбата на кејот на реката Луда Мара до болницата

Интензивно се работи на изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци која ќе го дополни убавиот кеј кој се протега се до с.Ваташа.

Во тек е изградбата на минор коритото, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј-шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Проект од особено значење за овој дел на градот. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 1 милион евра.

Кавадарци за сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Омилениот нискобуџетен филм на Тарантино

 Квентин Тарантино е познат по љубовта кон среднобуџетните и нискобуџетните тн. „Б-филмови“ и слични „жанровски експерименти“.

Оние филмови, пак, коишто тој ги режираше, како „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел и „Отпорен на смртта“, се класици што неодоливо потсетуваат на акционите филмови од 1970-тите. Таа страст го навлекла режисерот и на култниот филм „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ (Faster, Pussycat! Kill! Kill!) во режија на Рас Мајер, од 1965 година.

А пак, една од глумиците во тој филм - Сузан Бернард имала посебно влијание врз Тарантино. Следствено, нејзиниот син - режисерот Џошуа Џон Милер за „Колајдер“ (Collider) споделува како, додека работел на својот филм „Егзорцизам“, Тарантино неочекувано му се јавил...

- Тој ми рече: „Само што гледав филм со Вашата мајка, и тоа е најдобриот филм што некогаш сум го гледал, и никој не знае за тоа!“, открива Милер.

Тој тоа го сфатил како знак на поддршка и дополнителна мотивација да го заврши својот проект.

Филмот на Милер, во којшто глуми Расел Кроу, имал тежок пат до реализацијата. Снимањето почнало 2019 година, но пандемијата го одложило, па тоа продолжи дури во 2023 година „Егзорцизам“ беше премиерно прикажан на 21 јуни оваа година - на истиот датум, но пет години по смртта на Сузан Бернард. Тарантино, пак, дента го прикажа филмот „Побрзо, маче“ во полноќната програма на неговото омилено кино. Милер се пошегува:

- Ако не Ви се допаѓа филмот, внимавајте - мајка ми ќе дојде по вас.

Иако „Побрзо, маче, убиј, убиј!“ беше критички и комерцијален неуспех по издавањето, подоцна стана култно дело поради субверзијата на родовите улоги во 1960-тите. Очигледно, Тарантино го смета за еден од најдобрите филмови на сите времиња. /МИА

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Венко Филипче

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби.

Во разговорот Венко Филипче ја информираше претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на новите партиски органи и функционери.

Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.

Претседателката го информираше за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија, соопштуваат од Кабинетот.

притисни ентер