СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите.
СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници.
Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространеторста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата.
Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи.
Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС.
Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче Спасовски.
Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше.
СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот.
СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата.
СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше.
Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема.
Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ