ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира, заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад

СДС манипулира, заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст.

Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи забрзано на економска трансформација

СДС манипулира. Со СДС заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст.

Додека Македонија имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас.

Со СДС Македонија има ненадоместливи штети.

Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија оди кон економска трансформација, нови инвестиции, владеење на правото и нови мерки и проекти за подобра иднина.

За првпат во историјата на државата пензиите ќе се зголемат за 5000 денари.

Ќе растат и платите. Македонија оди напред, а СДС можат само да учат како се работи.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на прес-конференцијата на СДСМ

Македонската Царина со „боди камери“ ќе ја искоренува корупцијата

Преку боди камери вградени на униформите на цариниците ќе се контролира нивната работа, а со тоа ќе се намали нивото на корупција на границите – најави првиот човек на Царинската управа Бобан Николовски.

Тој вели дека во тек е набавка на 60 вакви камери, кои наскоро ќе бидат распределени низ 5 гранични премини во земјава. Камерите освен што препознаваат лица, регистрираат и возила и ќе алармираат за оптовареност на граничните премини како и за сомнителни движења. Николовски очекува потизивните ефекти од користењето на камерите да бидат двострани. Освен што граѓаните ќе бидат заштитени од коруптивни влијанија од страна на царинските слубеници, службениците ќе бидат заштитени од лажни пријави и поплаки.

-Ќе ги заштитиме сите учесници во царинската постапка од аспект да цариснките службеници имаат негативно влијание во однос на негативни активности во самата царинска постапка. Ако има поплака од некој комитент или учесник во царинската постапка, ќе можеме да видиме што точно се случувало за да немаме случаи како што имало претходно каде што сме имале поплака на нашиот телефон за поплаки 197, меѓутоа не сме можеле да провериме фактичка состојба и не сме можеле да преземаме мерки,- - Бобан Николовски – директор на Царинска управа.

Николовски вели дека често се случува да добијат лажни пријави за коруптивно дејствување на царински службеник, но од реалните и по утрвдено несоодветно однесување или прекршок во месец август произлегле 18 дисциплински постапки.

-Секако дека има и реални и нереални повици. Нереалните повици се предизвикани од нервоза на странките кои учествуваат во постапка и немаат трпение да се спроведе цела постапка, меѓутоа секако дека во минатото имало и реални поплаки. Само во август има 18 постапки од најразлични видови, нашиот сектор за професионална одговорност работи тековно и тоа ќе продолжи да си фукционира,- - Бобан Николовски – директор на Царинска управа.

Според Николовски, за намалување на корупцијата низ граничните премини дополнително ќе придонесе и најавениот проект за автоматизирање на терминалите низ граничните премини во земјава. Преку проектот постоечките мануелни ваги и рампи ќе се заменат со електронски, со што се очекува да се намали можнста цариснки службеник да делува коруптивно , но и да се забрза постапката на влез на товарни моторни возила во државата.

Во околината на Зеница, БиХ, регистриран силен земјотрес

Силен земјотрес попладнево ја погоди Зеница, а според проценките на EMSC, магнитудата била 4,6 степени според Рихтеровата скала. 

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 39 километри од Зеница. Засега не се знае дали има материјална штета или повредени лица.

Меџити: Имаме усогласеност во владата за закон за правична застапеност

Меѓу владините партнери има усогласеност за нов закон за правична застапеност во јавниот сектор, тврди првиот вицепремиер Изет Меџити. 

По бројните реакции во јавноста за злоупотреби на т.н. балансер и одлуката на Уставниот суд да го разгледува неговото евентуално укинување, Меџити во интервју за Радио Слободна Европа вели дека има политички договор тоа да се среди со нов закон каде предност ќе има квалитетот, а за етничката припадност да се води евиденција без да се навлегува во приватноста на информациите. Но кога и со каква содржина би го предложиле на Влада останува неизвесно.

-Имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност, но и квалитет.

По што ќе се разликува?

-Ако треба да се вработи Македонец, да ќе се вработи, но најквалитетниот. Ако треба да се вработи Албанец – да, но најквалитетниот, најобразованиот, најспремниот и утре, задутре подобро ќе им служи на граѓаните за нивните потреби. Само треба да најдеме начин евентуално да има евиденција на етничката припадност во администрацијата без да се косиме со приватноста на информациите, изјави Меџити.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во изјава за Канал 5 претходно кажа дека во моментов нов закон не се подготвува, а тоа ќе зависи од конечната одлука на Уставниот суд. За евентуално ново законско решение, министерството за јавна администрација ќе се залага за решение за професионална јавна администрација врз основа на стручност и знаење, а не на партиски или етнички кадри.

Од министерството за јавна администрација најавија соодветно упатство кое ќе го испратат до сите институции во однос на постоечките огласи за вработувања, откако Уставниот суд одлучи времено да ги замрзне вработувањата во јавниот сектор.

-Што се однесува до распишаните огласи за вработувања кои се во тек, Министерството за јавна администрација ќе постапи согласно содржината на донесените времени мерки од страна на Уставниот суд, по објавата во Службен весник. За истите ќе подготви соодветно упатство кое ќе го сподели и дистрибуира до сите институции, велат оттаму.

Во меѓувреме, Вреди и ДУИ ја продолжуваат партиската „војна“ преку соопштенија за тоа кој е виновен за одлуката на Уставен за балансерот, но и за Законот за бранители кој го предложи СДСМ во Собранието. Меџити порача дека очекуваат овој закон и натаму да остане „заглавен“ во комисијата која ја води пратеничката од Европскиот фронт“, Илире Даути, бидејќи според нив тој не е добар за државата и процесите.

Од ДУИ, пак, секојдневно ги прозиваат Вреди дека дозволиле укинување на правата на Албанците и нарушување на меѓуетничките односи.

притисни ентер