Македонската Царина со „боди камери“ ќе ја искоренува корупцијата

Преку боди камери вградени на униформите на цариниците ќе се контролира нивната работа, а со тоа ќе се намали нивото на корупција на границите – најави првиот човек на Царинската управа Бобан Николовски.

Тој вели дека во тек е набавка на 60 вакви камери, кои наскоро ќе бидат распределени низ 5 гранични премини во земјава. Камерите освен што препознаваат лица, регистрираат и возила и ќе алармираат за оптовареност на граничните премини како и за сомнителни движења. Николовски очекува потизивните ефекти од користењето на камерите да бидат двострани. Освен што граѓаните ќе бидат заштитени од коруптивни влијанија од страна на царинските слубеници, службениците ќе бидат заштитени од лажни пријави и поплаки.

-Ќе ги заштитиме сите учесници во царинската постапка од аспект да цариснките службеници имаат негативно влијание во однос на негативни активности во самата царинска постапка. Ако има поплака од некој комитент или учесник во царинската постапка, ќе можеме да видиме што точно се случувало за да немаме случаи како што имало претходно каде што сме имале поплака на нашиот телефон за поплаки 197, меѓутоа не сме можеле да провериме фактичка состојба и не сме можеле да преземаме мерки,- - Бобан Николовски – директор на Царинска управа.

Николовски вели дека често се случува да добијат лажни пријави за коруптивно дејствување на царински службеник, но од реалните и по утрвдено несоодветно однесување или прекршок во месец август произлегле 18 дисциплински постапки.

-Секако дека има и реални и нереални повици. Нереалните повици се предизвикани од нервоза на странките кои учествуваат во постапка и немаат трпение да се спроведе цела постапка, меѓутоа секако дека во минатото имало и реални поплаки. Само во август има 18 постапки од најразлични видови, нашиот сектор за професионална одговорност работи тековно и тоа ќе продолжи да си фукционира,- - Бобан Николовски – директор на Царинска управа.

Според Николовски, за намалување на корупцијата низ граничните премини дополнително ќе придонесе и најавениот проект за автоматизирање на терминалите низ граничните премини во земјава. Преку проектот постоечките мануелни ваги и рампи ќе се заменат со електронски, со што се очекува да се намали можнста цариснки службеник да делува коруптивно , но и да се забрза постапката на влез на товарни моторни возила во државата.

Русија ги нападна локациите на украинската енергетска инфраструктура,десетици домови без струјa

Русија ги нападна локациите на украинската енергетска инфраструктура, десетици домови без струја во регионот Полтава.

Десетици домови останаа без струја во регионот Полтава, на околу 350 километри југоисточно од Киев, откако руски беспилотни летала нападнаа цели на украинската енергетска инфраструктура во текот на ноќта, јави ДПА, повикувајќи се на порака на Телеграм на регионалниот гувернер, Филип Пронин.

Тимови инженери работат на враќање на струјата, напиша Пронин, прецизирајќи дека нема извештаи за жртви во нападот.

Според извештаите од Киев, руските сили користеле 80 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство и два проектили во нивниот напад на украинска територија. Украинските власти прецизираа дека 71 од беспилотните летала биле соборени, а уште шест биле пренасочени од нивните првично поставени координати со електронски пречки.

Москва повторно почна да ги насочува своите напади врз цели на украинската енергетска инфраструктура во пресрет на зимските месеци, како што тоа го прави од почетокот на нејзината целосна војна во Украина.

Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза

Либанскиот пратеник Хасан Фадлалах, член на Хезболах, денеска изјави дека војната со Израел влезе во нова фаза и дека организацијата е подготвена за секое сценарио, војна или конфронтација.

На погребот на еден член на екстремистичкиот Хезболах убиен заедно со десетици други, вкупно 45 лица, во израелски воздушен напад во населба во Бејрут, Фадлала рече дека јужниот фронт одиграл клучна улога во притисокот врз Израел да ја запре војната во Газа.

Тој, исто така, оцени дека Израел нема да може да ја постигне својата главна цел да ги врати доселениците на север и ги пофали можностите на Хезболах.

-Имаме силен и способен отпор кој има способности, компетенции, бројни борци и опрема и може да се прилагоди на секоја нова ситуација, рече заменикот.

Албанија ги „дисциплинира“ и нотарите

 Паралелно со процесот на ветинг кај судиите и обвинителите, во Албанија се спроведува строга контрола и во работата на нотарите.

- Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите, рече министерот за правда, Улси Мања.

Според него, во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки.

Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.

Инаку, деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд.

притисни ентер