Фото: Севе во тексас

Балканската музичка ѕвезда Северина „блесна“ во лежерно издание на аеродромот во Сараево. Мегапопуларната Севе во главниот град на Босна и Херцеговина се пристигна облечена целата во тексас.

Северина деновиве престојува во Сараево, што го потврди и со својата најнова фотографија на Инстаграм.

На фотографијата на која позира, на аеродромот во Сараево, таа стави натпис „Сараево, љубов моја“.

Таа за својот аутфит избра долго тексас здолниште со тексас кошула која ја истакна нејзината фигура.

Црните чизми ги усогласи со црна чанта, а на фотографиите уште повеќе се истакна црниот појас.

Трипуновски: Министерството подостапно

Министерството подостапно од денеска и во општина Новаци и општина Могила преку новите подрачни канцеларии

„Денеска сум повторно на посета во општина Новаци, целта е отворање на подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој пат оваа канцеларија ќе биде опслужена заедно со вработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Новаци.

„Целта е како што ветивме да продолжиме да го отвораме Министерството кон земјоделците. Во оваа општина според Регистарот има некаде околу 1.000 земјоделци кои што своите потреби ги извршувале во општина Битола. Сега ќе можат овдека земјоделците да проверуваат податоци, да аплицираат итн.“, појасни министерот.

Тој посочи дека целта е да се отвори Министерството и да биде подостапно за земјоделците. Тие заслужуваат да бидат информирани за секоја активност на Министерството.

„Исто така потоа заминуваме и во општина Могила да отвориме и таму подрачна канцеларија. Значи општина Могила и општина Новаци ќе бидат со нови подрачни канцеларии“, истакна министерот Трипуновски.

Тој додаде дека и во подрачната канцеларија во општина Могила ќе има вработени од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

„Она што во минатото го направивме заедно со директорот на Платежната агенција сите земјоделци ќе можат во самата подрачна единица да ги следат апликациите, зошто во минатото многу од земјоделците морале да патуваат во поголемите центри па дури и во Скопје. Но, овој пат земјоделците сите тие активности ќе можат да ги прават на лице место. Со тоа сакаме да покажеме дека навистина се грижиме за земјоделците да имаат повеќе време да работат на полињата, а помалку време да губат на бирократијата“, појасни Трипуновски.

Песков: Русија е загрижена за последиците од убиството на лидерот на Хамас

Русија е загрижена за последиците за ситуацијата на Блискиот Исток откако Израел го ликвидираше лидерот на „Хамас“ Јахја Синвар, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Главната работа за нас се последиците за цивилното население што ги гледаме, рече тој како одговор на прашањето како Кремљ реагира на акциите на Израел, додавајќи: „Имаме сериозна загриженост за ова“.

„Хуманитарната катастрофа што се забележува и во Појасот Газа и во Либан предизвикува сериозна загриженост во нашата земја“, додаде портпаролот на шефот на руската држава.

Коментирајќи го фактот дека убиството на лидерот на Хамас буквално беше емитувано на интернет, Песков рече дека Израел дејствува, а „медиумите тоа секојдневно го прикажуваат во живо“. „Ова е нивото на технолошки развој“, додаде тој.

Израелските одбранбени сили вчера соопштија дека Синвар бил убиен во операција на израелската војска во јужниот дел на Појасот Газа на 16 октомври. Властите во земјата го сметаат за еден од главните организатори на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Палестинското исламистичко движење Хамас официјално не ги коментираше извештаите за смртта на Синвар.

БиХ категорично ги отфрла обвинувања за наводна обука на молдавски државјани

 Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина најостро ги демантира и отфрла неоснованите медиумски наводи кои се однесуваат на наводна обука на молдавски државјани во БиХ.

„Станува збор за неточни и целосно непоткрепени тврдења кои немаат апсолутно никаква врска со Босна и Херцеговина“, соопштија од Министерството.

До Министерството за безбедност на БиХ не пристигнале никакви официјални барања од молдавските власти, ниту се доставени какви било докази кои би ги потврдиле наведените тврдења. Спомнувањето на Босна и Херцеговина во овој контекст е очигледно обид за манипулација во екот на вжештената политичка кампања во Молдавија, која на 20 октомври избира претседател на Републиката, се наведува во реакцијата.

„Посебно потенцираме дека Босна и Херцеговина намерно се става во овој контекст, бидејќи е држава која не воведе санкции кон Руската Федерација. Поради тоа, погодна е за одредени центри за пласирање вакви конструкции на нејзина сметка. Ставот на Министерството за безбедност и безбедносните агенции на Босна и Херцеговина е јасен – ние имаме неутрална политика и апелираме да се постигне што побрзо мир во Украина и крај на војната која предолго трае“, се посочува во соопштението и се додава дека Министерството за безбедност не би толерирало и нема да толерира појави на какви било кампови за обука, без разлика на чиј интерес би работеле.

Самата фактичка состојба дека ваквите медиумски наводи се последица на политички интереси и кампања, а не на постоење на какви било кредибилни информации за вмешаност на Босна и Херцеговина во нарушување на стабилноста на Молдавија, потврдува дека станува збор за обид за дестабилизација на меѓународните односи, се тврди во соопштението.

Министерството ги повикува сите медиуми и надлежни органи на одговорно известување и верификација на информациите пред објавување, со цел да се избегне ширење на дезинформации кои можат да имаат негативни последици врз меѓународните односи.

притисни ентер