ВМРО-ДПМНЕ: Ја враќаме довербата и професионалноста во безбедносните служби, заврши партизирање

Ја враќаме довербата и професионалноста во безбедносните служби, заврши партизирањето спроведувано од СДС.

СДС се видени и прочитани дека единствено што знаат на власт е да лажат, манипулираат, да ги злоупотребуваат и партизираат институциите. А, во тоа македонските граѓани повторно се уверија и во изминатото нивно седумгодишно владеење.

Не за џабе кај народот се познати како симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и институциите на системот.

СДС покажаа и докажаа дека се симбол на злоупотреба на државните ресурси за приватни и партиски цели, а институциите на системот ги претвори во партиски штабови.

Од нивната лакомост да злоупотребуваат и партизираат не ги поштедија ни едни од најклучните институции, кои се столбовите за државната безбедност, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Поранешниот директор на АНБ назначен, Виктор Димовски беше долгогодишен партиски функционер и тоа на највисоките тела на СДС, меѓу кои на нивниот Извршен одбор.

Тоа го потврдуваат и фактите кои ги потврдуваме со фотографии на кои убаво, јасно и прецизно се гледа Димовски меѓу останатите членови на ИО на СДС. Од фотографиите во прилог можеме да видиме дека освен во ИО, Димовски беше член и на нивниот Дипломатскиот совет. Партиските ангажмани на Виктор Димовски не завршуваат тука, тој учествуваше и во креирањето на политиките на СДС кој учествувал на јавни настани и на партиски дебати.

СДС ја партизираше и Агенцијата за разознавање со назначувањето за директор Еролд Муслиу, кој злоупотребувајќи ја позицијата, агенцијата ја претвори во нивен партиски штаб. Потсетуваме и за партизацијата на УБК кога СДС за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.

Затоа пак, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да ја врати довербата на граѓаните во институции и затоа приоритет е стручноста, професионалноста и компететнтноста на кадрите. Така се постапува и при изборот на раководните кадри во во безбедносните служби, кои ќе го вратат професионализмот и интегритетот во служби и истите ќе работат независно за заштита на државните интереси.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Стабилно време со студени утра и во наредните денови

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата, соопшти УХМР.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

Браќата од „Оејзис“ сепак ќе имаат одделни соблекувалници и одвоен превоз

Браќата од поп-дуото „Оејзис“ (Oasis) - Ноел и Лијам Галагер наводно ќе бидат „одделени“ вон сцената при нивната долгоочекувана турнеја во 2025 година.

Тоа значи дека ќе имаат посебни, одделни гардероби и ќе патуваат одвоено, што според познавачите, не е невообичаено со оглед на нивните долгогодишни несогласувања и расправии, пишува „Дејли мејл“.

Лошиот однос меѓу раскараните браќа го достигна својот врв во 2009 година, откако Ноел (57) го напушти култниот бритпоп-состав по кавга зад сцената на концертот во Париз. Со Лијам (52) оттогаш се скарани. Сепак, двајцата браќа успеаја да ги тргнат своите несогласувања настрана за да се вратат на сцената.

Според нивните агенти, тие ќе имаат посебни соблекувални и одвоен превоз „за да се избегне потенцијален конфликт и ПР и финансиски кошмари“.

„Ќе работат заедно за промотивниот дел од турнејата и за настапите. Освен тоа, поголемиот дел од времето ќе бидат одделени. Секако, ќе одржуваат заеднички проби, но атмосферата ќе биде наелектризирана“, изјави неименуван извор за „Мирор“.

Лијам претходно изјави дека сега веќе поранешната сопруга на Ноел, Сара Мекдоналд е виновна што составот престанал да постои. Но, откако лани разводот на Ноел, „тежок“ 20 милиони фунти, беше привршен, постариот Галагер бил поуверен „во финансискиот успех на повторното обединување“ на дуото.

Ноел и Сара ѝ открија на јавноста дека се разделуваат во јануари 2023 година, по речиси 12 години брак.

Билетите за 14-те датуми во јули и август, за настапи во Велика Британија и Ирска се пуштени во продажба на 31 август. Поп-составот ќе одржи концерти во Кардиф, Велс; Манчестер, Англија; Лондон; Единбург, Шкотска; и во Даблин, Република Ирска.

Ибраимовски: Скршено е стакло, фрлена неактивирана бомба, нема повредени

Клубот Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово е оштетен, скршено е стакло, па е фрлена неактивирана бомба и нема повредени луѓе, информираше партискиот претседател Самка Ибраимовски.

Според него, целиот настан е евидентиран преку камера која служи за видеонадзор.

- Ми се јави член на партија што го држи клубот, дека е фрлена бомба во нашиот клуб. Му реков да повика полиција, да дојдат на лице место. Стаклото беше скршено, а бомба ако се активира се знае ќе има поголема штета. За среќа и на мојот сопартиец, бомбата не беше активирана, беше тука пред врата. Не чепкавме ништо, дојде полицијата почна да истражува, работи на случајот, истакна Ибраимовски.

Тој смета дека ќе се најде сторителот затоа што бил снимен преку камера за видеонадзор.

- Веќе видеоснимки постојат, и ќе се најде лицето. Во 4:23 часот дошол тука, го скршил стаклото, ја фрлил бомбата. Имал храброст да се врати назад да види дали ја активирал или не. А нашиот активист зел метла, среќа негова што не почнал да мете. Би било страшна експлозија, се работи за бомба кашикара од постарите што има огромно разорно дејство. Полицијата работи на случајот. Мислам дека лицето ќе се види кој е како е и зошто е направено ова. Ние како политичка партија, имаме наш став, си тераме наша политика, немам никакви забелешки ниту сме се замериле со некого. Единствено со извршителите што го кажував, дали е тоа причината или нешто друго, тоа не можам да кажам, меѓутоа во скоро време ми ветија дека ќе го дознаеме, истакна Ибраимовски.

Екипа на СВР Тетово извршила увид, а фрлената неексплодирана бомба е подигната.

притисни ентер