Стабилно време со студени утра и во наредните денови

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата, соопшти УХМР.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.

Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 2 мил. денари за детско игралиште во Кисела Вода

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија со донација од 2.269.864 денари,  го стави во функција 18 игралиште.

Децата го заслужуваат најдоброто. Тоа е нашиот предизвик како општествено одговорна компанија, унапредување и развој на заедницата, примарно создавајќи најдобри услови за најмладите. По 17 игралишта во изминатите 10 години, ја дополнуваме оваа бројка со нови.

Со особена чест и задоволство со јавноста споделуваме дека овозможивме функционалност на уште едно игралиште на кое ќе има детскиот џагор и смеа. Со донација од 2.269.864 денари, Видеолотарија Касинос Австрија придонесува за нов изглед на ова детско катче. Инклузивното игралиште кое од денес ќе биде во функција е безбедно за сите дечиња.

Игралиштето има гумиран под на кој се поставени реквизити, комплетно безбедни за сите деца, а околу игралиштето е поставена ограда. Игралиштето овозможува пристап и можности за забавување и на дечињата со попреченост, со што се овозможува инклузивност. Нашата цел е сите деца да добијат еднаква шанса за забавување и безгрижни детски денови.

„Сакам да изразам благодарност до Државна видеолотарија Касинос Австрија, која веруваме ќе биде добар пример и за други општествено одговорни компании. Денес благодарение на нивната донација, се овозможи од една руинирана локација, ова место да прерасне во модерно катче за непречена детска забава и игра и тоа, во центарот на Кисела Вода, изјави градоначланикот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Како модерна и одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина, ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за забава,спорт и рекреација на најмладите низ Македонија.

Нашата идеја е да придонесеме кон развивањето на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики низ забава и игра. Затоа остануваме посветени во креирањето на инфраструктура со цел да може да им се обезбеди безгрижно детство на нашите деца. Нашата компанија со буџет од 45.500.000 денари обезбеди функционалност на 18 игралишта низ Македонија. До крајот на 2024 очекуваме да биде завршено и 19 игралиште. Станува збор за мултифункционално спортско игралиште во општина Кисела Вода.

Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи

Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари.

Како што соопшти МЗШВ, со овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 отсто од вредноста за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.

-Целта на овој Договор е санација и модернизација на радарски центри и метеоролошки станици. Само преку редовно информирање може да се предупреди за евентуалните непогоди кои што можат штетно да влијаат врз земјоделието, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека преку активната соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Управата за хидрометеоролошки работи може да допринесе подобрување на метеоролошкиот систем во државата.

Израел потврди дека вчера во Појасот Газа влегле 114 камиони со хуманитарна помош

 Израелското владино тело кое ја надгледува хуманитарната помош (COGAT) денеска соопшти дека 114 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа во неделата преку граничните премини Керем Шалом и Ерез.

COGAT објави на платформата X дека хуманитарната помош, транспортирана со 21 камион, била собрана од меѓународни организации во Газа, објави Ал Џезира.

Во Газа влегоа и осум цистерни со гориво и шест цистерни со гас за готвење, додека два танкера со гориво беа наменети за „хуманитарни цели во северна Газа“.

Хуманитарните експерти и групи веќе подолго време предупредуваат дека ограничената количина на помош што доаѓа во Газа не е доволно.

Пред почетокот на војната, во Појасот Газа секој ден влегуваа во просек по 500 камиони со помош и друга стока.

Минатата недела највисоките американски функционери го предупредија Израел дека американската влада може да биде принудена да ја прекине помошта за земјата доколку Израел не преземе „итна и постојана акција“ за да дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до Газа.

Активистите за човекови права и правни експерти во исто време ги повикаа САД да го почитуваат законот и веднаш да ја прекинат помошта за Израел.

притисни ентер