По тврдењата на вицепремиерот Изет Меџити дека во моментов тој не е во Косово, туку во Албанија, премиерот Мицкоски вели дека до него пристигнуваат различни информации каде е Груби за кои не би сакал да шпекулира.
„Различни се информациите не би шпекулирал дали е на Албанија или е на Косово факт е дека не бил чист како солза, бидејќи ако било така немало да избега, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност. “Христијан Мицкоски – Претседател на Владата.
Прашан за обвинувањата кои доаѓаат од опозицијата меѓу кои тие дека власта го пуштила Груби да избега од државава Мицкоски одговори дека ваквите пораки не се во насока на борба против криминалот и корупцијата. Тој откри детали за тоа што се било запленето во полициската акција во која се вршеа претреси на повеќе локации во Скопје. Тој порача дека граѓаните се безбедни, а ваквите акции вели ќе продолжат и во следниот период.
„ Само пред два дена се најдени 200 гр експлозив кои се доовлни да кренат во воздух поголема зграда на Влада, на Парламент, 40 милиметарски гранати, неколку автоматски пушки од современо производство, а на тоа му претходеше арсенал доволно за една чета да се опреми. Сега се поставува прашањето како овие сшто се обидуваат денеска да дефуксураат не успеаа да а ние за шест месеци молевме за трпение за само неколк дена разбиеме ваков тип на криминални струтури. “-Христијан Мицкоски – Претседател на Владата.
Од опозициската СДСМ, пак, и денеска го повикаа министерот за внатрешни работи Тошковкси да си поднесе оставка од функцијата. Обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски сами си ги креирале сценаријата за сомнеж дека тие го пропуштиле Груби да си оди од државата и побараа поранешниот вицепремиер да биде итно спроведен пред лицето на правдата.