Кинеска компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за затворање на Тик Ток

Кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е Тик Ток ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката за затворање на платформата на една година во Албанија, објавија албанските медиуми.

Кинеската компанија наведува дека не нашла докази дека сторителот или жртвата на тепачката пред училиштето „Фан Ноли“ во Тирана, имал сметки на оваа платформата и дека бројните извештаи потврдиле дека видеата кои довеле до оваа трагедија биле објавени на друга платформа.

Според одлуката што ја објави вчера премиерот Еди Рама, во 2025 година платформата Тик Ток нема да биде достапна на територијата на Албанија на која било возраст, како дел од планот за зголемување на безбедноста во училиштата.

-Одлуката е донесена по едномесечните консултации меѓу претставниците на образованието и родителите, по убиството со нож на 14-годишниот Мартин Цани, ученик во училиштето „Фан Ноли“, за време на конфликт со друг ученик од истото училиште, што се случи на 18 ноември 2024 година. На одлука и претходеа 1.300 средби на кои присуствуваа 65 илјади родители. Во Република Албанија повеќе нема да има Тик Ток, рече Рама.

На средбите Платформата е обвинета за поттикнување насилство и малтретирање, особено меѓу децата а албанските експерти оценуваат дека токму децата ја сочинуваат најголемата група корисници на Тик Ток во земјата.

Албанија е прва земја во регионот која го блокира Тик Ток.

Во Кремљ средба на Путин со словачкиот премиер Роберт Фицо

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Кремљ има средба со словачкиот премиер Роберт Фицо, еден од ретките европски лидери со кои остана пријателски, јавија руските медиуми.

„Путин моментно води разговори во Кремљ со словачкиот премиер Фицо“, јавија руските медиуми.

Фото: Севе во секси комбинезон!!

Хрватската пејачка Северина на својот Инстаграм сподели уште едно одлично модно издание кое многумина ги потсети на препознатливиот стил на американската старлета Ким Кардашијан.

Кланот Кардашијан е познат по тоа што носи комбинезони, а Ким е во првите редови на трендот, поради што комбинезонот стана еден од нејзините заштитни знаци.

Северина за своето издание избра светло-кафеав комбинезон без ракави од брендот La Mania, кој го усогласи со едно многу популарно парче - долга бунда во беж боја.

Комбинацијата ја надополни со мини „Nile“ чанта од брендот „Chloe“ и проѕирни сандали на потпетици од брендот „Versace“.

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во планинските подрачја.

Чистењето на патот може да биде оневозможено доколку се остварат најавите за нови врнежи и зголемување снежната покривка.

Претседателот на месната заедница. Александар Костиќ-Мијак за МИА информира дека по апелите од минатиот викенд да се обезбеди проодност на патот пат од Маврово до селото никој не се одзвал, но за два дена сепак бил отстранет дефектот и нормализирано снабдувањето со струја. Многумина сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап.

- Во селото има 230 куќи, во кои сопствениците не можат да дојдат, а има и тројца постојни жители. Очекуваме да ни се овозможи проодност до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден, вели Костиќ.

Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата, бидејќи како што посочува Костиќ, проодноста на патот не е само од важност за Галичник, туку по него се обезбедува и пристап за сервисирање во случај на дефект до 110 киловолтниот далновод

- Проодноста на овој патен правец не е само за Галичник. Покрај патот поминува и стратешкиот 110 киловолтен далновод, врската помеѓу централите Шпиље и Вруток. Во вакви услови и непроодност, поправката на дефектот би се оддолжила на подолг рок, па и од таа причина е важно да се обезбеди проодност и да се исчисти снегот, вели Костиќ и напомнува дека со најавите за нов, чистењето на стариот снег треба да биде интервентно.

притисни ентер