Парите од кредитот ќе може да се користат за -
„инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема;
- недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба);
- транспортни средства поврзани со производствениот процес;
- обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и
- нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.“
Исплата ќе се врши по доставена фактура од страна на фирмите кои ќе аплицираат, а ваквиот услов од Владата велат е со цел да се обезбеди соодветна контрола на искористување на средствата.
Фирмите кои ќе сакаат да земат кредит од оваа линија ќе мора да имаат 20 % сопствено учество од вкупната вредност на инвестицијата, а максималниот износ за една компанија е до 10 милиони евра. Од Владата велат средствата ќе бидат давани со фикасна каматна стапка од 1.95 % без надомест за одобрување и управување, а кредитот ќе се враќа во рок од 15 години со 3 години грејс период, и квартална отплата по завршување на грејс периодот.
„Средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друшва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство...Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди станува збор за 5 % од БДП средства кој што очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година, тоа е алатка со која ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост.“ -изјави Марија Митева – портпарол на Влада.
Од Влада велат сега Министерство за финансии сега треба парите да ги префрли на Развојната банка, која подоцна ќе треба да склучи договори со комерцијалните банки, по што парите ќе им се стават на располагање на фирмите. Од владата очекуваат овој процес да се заврши што поскоро.
Но и натаму останува не јасно кој од банките ќе бидат дел од овој проект. И од Владата и од МБА велат најголем дел од банките се согласни да учествуват во кредитната линија – но кој се ќе биде дел засега нема детали, точната листа ќе се знае откако ќе се склучат договорите со Развојната банка.
„Кончените информации ќе ги имаме кога ќе знаеме дека Управниот и Надзорниот одбор на секоја банка ги разгледала и одобрила условите за соработка, по што ќе се потпише договор со Развојната банка, која дејствува како агент за оваа конректна кредитна линија.“- МБА.
Основната камата од 3,25% на Унгарија ќе и се враќа со пари од буџетот, во истиот временски интервал.