Битиќи до Мицкоски: Зошто ја криете правната основа за инвестициите?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции и доделувањето поволности на инвеститорите, притоа нагласувајќи дека транспарентноста не е само етички принцип, туку и основа за доверба и заштита на јавниот интерес.

Битиќи потсети на проектот за ветерниот парк на Алказар Енерџи, вреден 500 милиони долари, кој треба да биде еден од најголемите во регионот, притоа појаснувајќи дека таквите проекти се добредојдени, но со нив секогаш се поврзува и потребата од транспарентност, која е основа за доверба, како и обврската да се заштити јавниот интерес.

„Граѓаните имаат право да знаат: според која правна основа се реализира оваа инвестиција? Кои поволности се предвидени за инвеститорот и ако се доделени, на која седница на Владата истите се одобрени? Транспарентноста во овој контекст не е само етички принцип, таа е и основа за осигурување дека одлуките се донесуваат соодветно и во интерес на сите граѓани“, му порача на премиерот Мицкоски, пратеникот Битиќи, притоа потсетувајќи го дека Северна Македонија веќе има Закон за стратешки инвестиции, создаден токму за вакви случаи.

Битиќи потсети дека овој закон обезбедува јасно дефинирани процедури и критериуми за инвестиции кои имаат големо значење.

„Зошто овој закон не е применет за проектот на Алказар Енерџи? Дали причината лежи во прецизираните процедурите или во избегнување на деталните анализи што ги бара законот и прескокнување на чекори кои се од огромна важност за транспарентноста на инвестициите од овој тип?“, праша Битиќи и додаде дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ како опозиција спречи транспарентни и законски 786 милиони евра инвестиции во енергетиката.

„Дополнителен пример за недостатокот на транспарентност е и договорот со „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени. Првично најавената инвестиција од 13,5 милиони евра и 530 работни места на крајот се намали на 8,5 милиони евра и 200 вработувања. Господине премиер, што се случи во меѓувреме? Кои поволности беа укинати или доделени на инвеститорот? “, праша Битиќи и упати порака до премиерот Мицкоски дека овие прашања се важни не само за конкретните проекти, туку и за градењето на систем кој ќе обезбеди фер и транспарентни услови за сите инвеститори, се наведуива во партиското соопштение.

Грузија ги прекина преговорите за прием во ЕУ поради уцени и манипулации од Брисел

Грузија ги прекина преговорите за нејзиниот прием во Европската унија на четири години поради „уцени и манипулации од одредени европски политичари и бирократи“, изјави денеска премиерот Иракли Кобахиџе.

Тој го објави ова неколку часа откако членовите на неговата партија Грузиски сон го реизбраа за претседател на владата.

Кобахиџе рече дека неговата земја, иако сака да биде примена во Европската унија, „нема да се занимава со отворање на пристапните преговори до крајот на 2028 година“, а дотогаш ќе одбива и средства од буџетот на ЕУ.

Партијата Грузиски сон победи на изборите, чии резултати беа оспорени од опозицијата и кои доведоа до масовни протести и одлука на опозицијата да го бојкотира парламентот.

Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон.

На средбата се разговарало за можностите за зголемена соработка, особено во енергетскиот сектор, со акцент на исполнување на заедничките цели за енергетска стабилност, независност и зелена енергетска транзиција.

Министерката Божиновска го истакнала значењето на британската поддршка и посочила дека цели на државата се модернизација на енергетската мрежа, подобрување на капацитетите за складирање електрична енергија и унапредување на обновливите извори на енергија. Од британска страна, како што информира Министерството за енергетика, била потенцирана подготвеноста за вложувања и поддршка на реформите во енергетиката, како дел од заедничките заложби за намалување на емисиите на штетни гасови и обезбедување на одржлива енергија.

- Г. Бартон, кој ја посети Македонија по трет пат, ја нагласи важноста на партнерството меѓу двете земји, додека амбасадорот Лосон истакна дека Велика Британија и Македонија веќе успешно соработуваат во неколку клучни области, а енергетиката е стратешки приоритет за понатамошно продлабочување на односите, се посочува во соопштението.

Од Министерството за енергетика ја оценуваат оваа средба како значаен чекор кон отворање нови можности за инвестиции и зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави со цел градење стабилна, независна и зелена енергетска иднина.

Вучиќ: Нестабилно е во светот, работите не се движат во добра насока

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека глобалната политичка сцена е многу нестабилна, и дека Србија следи сѐ што се случува за да ја обезбеди безбедноста на граѓаните.

Вучиќ како гостин во Националниот дневник на ТВ Пинк зборуваше за актуелни и важни теми. На почетокот тој ја коментираше актуелната состојба во светот, особено тензиите во Русија и Украина, објави Телеграф.

„Работите не одат во добра насока, моите предвидувања се дека сѐ што се случува сѐ повеќе ќе излегува од контрола. Секоја изјава од која било страна не е деескалирачка и се плашам дека ќе доведе до поголеми конфликти и проблеми. Ние мора да ја зајакнеме нашата земја. Што се однесува до засолништата, имаме катастрофални бројки“.

притисни ентер