Видео: Робот за прв пат диригира симфониски оркестар

Под диригентство на робот во неделата настапија музичарите на симфонискиот оркестар на Дрезден.

Роботот диригираше со помош на три раце дизајнирани во соработка со локалниот технички универзитет.

Робот со три раце, дизајниран да имитира човек, од кои секоја држеше палка која потсетува на светлосните сабји од филмот „Војна на ѕвездите“, а беше изведена музика составена специјално за него, објави Фигаро.

Роботот ги користел своите три раце за да ги диригира трите дела на оркестарот одделно, што не би било возможно со еден човек диригент.

Германскиот композитор Андреас Гундлах, кој го компонираше делото изведено со помош на робот-диригент, рече дека бил инспириран од идејата за роботот на научниците од Техничкиот универзитет во Дрезден кои развиваат „коботи“ или „колаборативни роботи“, кои не се наменети да ги заменат луѓето, туку да работат со нив.

Извор: Б92

Реакција од Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

Стручниот колегиум искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете.

Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката.

Детската Клиника-Козле како и целата јавност го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе превземе понатамошни соодветни чекори.

Стручен колегиум на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем успех на криминалната СДС-ДУИ за членство во ЕУ е сликање селфи во авион

Наместо да обвинуваат и критикуваат, СДС треба да се погледне во огледало и да размисли дали политиките кои ги водеа изминатите 7 години вродија со плод?

Одговорот е НЕ.

Најголемиот успех на криминалната коалиција СДС-ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион. Освен дистанцирање од ЕУ и водење погубни политики врз грбот на граѓаните, ништо друго не направија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да тргува со идентитетот и образот на македонските граѓани. Граѓаните ни дадоа поддршка на изборите и ќе работиме во нивен интерес да почнеме преговори со ЕУ, се наведува во партиската реакција.

Индија купува 31 дрон од САД

Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Американските беспилотни летала се очекува значително да ги зголемат способностите за надзор на Индија, како и да го одвратат Њу Делхи од купување руска воена опрема.

Договорот е постигнат по преговорите што почнаа во 2018 година./МИА

притисни ентер