Манчестер јунајтед ќе престане да му плаќа на Фергусон за да ја извршува функцијата амбасадор

Манчестер јунајтед ќе престане да му плаќа на Фергусон за да ја извршува функцијата амбасадор на клубот.

Манчестер јунајтед одлучи да ги намали исплатите на Алекс Фергусон за да заштеди пари, пренесува „The Athletic“.

Забележано е дека на крајот од тековната сезона, 82-годишниот стручњак повеќе нема да добива „мултимилионски“ исплати од клубот за неговата работа како амбасадор на клубот.

Шефот на INEOS и акционерот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф лично го известил Фергусон за оваа одлука. Прашањето беше решено на мирен начин.

Според Атлетик, „Црвените ѓаволи“ првично му плаќале на Фергусон 2,16 милиони фунти годишно за неговите услуги како клупски амбасадор, но ситуацијата подоцна се променила.

Се тврди дека Шкотланѓанецот ќе остане директор на клубот и ќе продолжи да присуствува на натпреварите на тимот.

Фергусон беше главен тренер на Јунајтед од 1986 до 2013 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија 13 пати, го освои ФА Купот 5 пати и Суперкупот на земјата 10 пати. Исто така, под негово водство, Манчестер јунајтед двапати ја освои Лигата на шампионите и еднаш Суперкупот на УЕФА.

Индија купува 31 дрон од САД

Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Американските беспилотни летала се очекува значително да ги зголемат способностите за надзор на Индија, како и да го одвратат Њу Делхи од купување руска воена опрема.

Договорот е постигнат по преговорите што почнаа во 2018 година./МИА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која се бори за опстанок, Арсовска го уништи и колабира Скопје

Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ.

Одамна е демаскирана коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ.

Коалицијата Арсовска, СДС и ДУИ од свои лукративни причини го предизвикуваат уништувањето на Скопје. Сите кадри именувани од Арсовска се функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.

Арсовска е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје.

Арсовска е единица мерка за неспособност и криминал.

Одамна стана јасно дека на Арсовска сите други и се криви само таа не е.

Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави.

Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен план, програма и визија за развој на општините.

Град Скопје и Општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти.

Никогаш претходно немало во толку голем обем вложувања секаде и за сите како сега со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден, со превземањето на општините работат на проекти и нема населено место во кое не се работи на некој нов проект.

ВМРО -ДПМНЕ има поинаков пристап, ВМРО-ДПМНЕ има план и проекти, неспособноста завршува со СДС и ДУИ, се наведува во партиското соопштение.

Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифоски Питу“ ќе бидат обновени до 2026 година

Реконструкцијата на девет студентски домови, од кои четири во Скопје и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на условите за едукација и престој за македонските студенти.

Реконструкцијата на девет студентски домови, од кои четири во Скопје и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на условите за едукација и престој за македонските студенти, како една од мерките во напорите младите луѓе да се задржат дома.

Активностите за етапна реконструкција на студентските домови се во тек, а во моментот се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје.

Според планот, реконструкцијата на двата скопски студентски домови која е во тек се очекува да заврши до 2026 година и да чини 10 милиони евра.

притисни ентер