Де ла Фуенте за повредата на Јамал: Не сме камикази за да го загрозиме здравјето на играчите

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте ја коментираше ситуацијата со повредата на играчот од средниот ред Ламин Јамал.

- Ламин почувствува непријатност на крајот од натпреварот. Разговарав со него и тој рече дека според него нема да биде 100% фит во вторник, а кога се сомневаме, секогаш се потпираме на здравјето на спортистот. Затоа е веќе дома. Сакаме да бидеме први и ќе продолжиме да бараме најмногу од себе. Сите сакаме да победиме и мора да ги искористиме алатките што ги имаме. Добиваме плата за ова, но не сме камикази за да го загрозиме здравјето на играчите, изјави тренерот за „Goal“.

Претходно 17-годишниот фудбалер ја напушти шпанската репрезентација. Тој се повреди на натпреварот од 3. коло од Лигата на нации со Данска (1:0). Јамал го напушти теренот во судиското надополнување со куцање на левата нога.

По враќањето во Барселона, играчот од средниот ред беше подложен на лекарски преглед, кој откри дека играчот има истегнување на тетивата.

Реакција од Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

Стручниот колегиум искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете.

Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката.

Детската Клиника-Козле како и целата јавност го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе превземе понатамошни соодветни чекори.

Стручен колегиум на ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем успех на криминалната СДС-ДУИ за членство во ЕУ е сликање селфи во авион

Наместо да обвинуваат и критикуваат, СДС треба да се погледне во огледало и да размисли дали политиките кои ги водеа изминатите 7 години вродија со плод?

Одговорот е НЕ.

Најголемиот успех на криминалната коалиција СДС-ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион. Освен дистанцирање од ЕУ и водење погубни политики врз грбот на граѓаните, ништо друго не направија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да тргува со идентитетот и образот на македонските граѓани. Граѓаните ни дадоа поддршка на изборите и ќе работиме во нивен интерес да почнеме преговори со ЕУ, се наведува во партиската реакција.

Индија купува 31 дрон од САД

Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Американските беспилотни летала се очекува значително да ги зголемат способностите за надзор на Индија, како и да го одвратат Њу Делхи од купување руска воена опрема.

Договорот е постигнат по преговорите што почнаа во 2018 година./МИА

притисни ентер