Видео: Пулишиќ го прослави голот за тимот на САД со „танцот на Трамп“

Американскиот фудбалер за врска Кристијан Пулишиќ со „танцот на Трамп“ славеше постигнат гол ноќеска за репрезентацијата против Јамајка (4:2) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации во КОНКАКАФ.

Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач погоди во 14. минута. По голот Пулишиќ танцуваше во стилот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Репрезентацијата на САД во Сент Луис, ја победи Јамајка со вкупни 5:2 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации КОНКАКАФ. /МИА

Биткоинот за првпат го надмина прагот од 95.000 долари

 Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95.000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада.

Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95.004,50 долари пред да се тргува за 94.907 долари малку подоцна.

По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти.

Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80.000 долари, а на 13 ноември надмина 90.000 долари.

Винисиус дозна дека има камерунски корени

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, дозна за своето потекло откако направил ДНК тест.

Пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Уругвај (1:1), на напаѓачот на Бразил му беше врачен докумнет на кој пишува дека има камерунски корени.

Врз основа на информациите во текстот, Винисиус потекнува од племето Тикар, кое живее на северозапад од Камерун.

Претходно се дозна дека платформата Нетфликс ќе сними филм за напаѓачот на Реал Мадрид, кој ќе го прикажува животот и кариерата на 24-годишниот Бразилец. Филмот ќе биде објавен во 2025 година.

Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад

Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета.

Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера.

Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили.

Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија.

Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата.

притисни ентер