Видео: Потрошени 14 милиони долари за изградба на цел град за игрите на „MrBeast“

Ѕвездата на „YouTube“, „MrBeast“, откри дека компанијата „Beast Games“ на „Amazon“ потрошила 14 милиони долари за изградба на мал град.

Претходно оваа година, „MrBeast“ објави дека ќе го снима „најголемото шоу за игри во историјата“ заедно со „Amazon Prime“. Тој го објави тизерот за проектот на 25 ноември, а истакна дека ќе започне да се емитува на 19 декември.

„The Beast Games“ е мошне очекувано шоу во кое ќе учествуваат над 1.000 натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат за награда од пет милиони долари.

„MrBeast“ откри дека проектот чинел повеќе од 100 милиони долари за продукција. Проектот, сепак, се соочи и со бројни контроверзии, вклучувајќи неколку ситуации кога членовите на тимот беа хоспитализирани поради паѓање на сценоградија, додека натпреварувачите се жалеа на нехумани услови, па дури и го тужеа јутјуберот.

„MrBeast“ одговори на повиците на критичарите, кои истакнаа дека со таа сума пари можел да направи многу покорисни работи. „Би рекол дека ова е шоу на „Prime Video“ од 10 епизоди што јас го создадов, а не 25-минутно видео на „YouTube““, одговори јутјуберот.

Извор: Б92

ДУИ: Граѓаните се загрижени за случувањата на детската клиника

По СДСМ И ДУИ денска на прес-конференција со низа обвинување за случувањата на детската клиника.

Во време кога насловните страници на вестите известуваат за трагичната смрт на 20 деца за само шест месеци во Детската клиника во Скопје, раководството на оваа клиника избира да објавува фотографии од предновогодишни прослави финансирани од буџетски средства, прогласувајќи ја годината за „успешна“ велат интергративците.

Традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на овогодишниот Бадник на Водно

Одборот за прослава на Бадник во Скопје ги претстави новиот кум за Бадник 2025, Раде Макеларски и здравичарот Атанас Петров.

Двајцата напоменаа дека огромна е честа што оваа улога, годинава им припадната токму ним.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски кажа дека се е подготвено за централната прослава на 6-ти јануари на платото пред Соборниот Храм.

Манифестацијата помина во знакот на веселбрата, со посна храна и многу музика. Меѓу посетителите имаше и такви кои за прв се дојдени, нои некои кои се тука секоја година.

Омерагиќ: Милевски останува селектор

Македонската фудбалска репрезентација со актуелниот селектор Благоја Милевски ќе ги почне мартовските квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Ова доаѓа откако новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ изјави денеска дека Милевски, засега, останува на селекторската должност.

„Во овој момент не размислуваме за промена на селекторската позиција. Реалноста е дека, и покрај кризата во играта, ние завршивме како први во групата, што е значаен успех. Нема да преземам никакви нефудбалски потези кои можат да ја нарушат стабилноста на тимот.

Омерагиќ најави дека иднината на Милевски ќе зависи од постигнатите резултати.

„Нашата репрезентација има важни квалификации во март, и сè ќе зависи од резултатите и квалитетот на играта понатаму За сите во фудбалот, па и за мене истото ќе важи и за селекторите – а тоа се резултатите. Во моментов Милевски е селектор на А-репрезентацијата и не планирам во тој поглед никакви промени. Нормално дека во иднина сè ќе зависи од резултатите и игрите кои ќе ги прикажат репрезентативците“, рече Омерагиќ.

притисни ентер