Граѓаните се подготвуваат за претстојните новогодишни празници

Новогодишната ноќ е на само девет дена, граѓаните се поблиску до празниците кои ќе ги соберат семејствата на една трпеза и ќе ги соединат повотрно оние кои одамна не се виделе.

Поголемиот дел од нив велат 2025 ќе ја дочекаат во домашна атмосфера, други пак планираат да избегаат од градскиот метеж на повисоките места, пред се децата да им уживаат во снежната идила. Некои пак ќе отпатуваат во околните градови или земји... граѓаните велат веќе ги подготвиле новогодишните планови.

Дечињата се надеваат дека новогодишната ноќ пред се, ќе ги обели градските улици, оти им се прават снешковци и им се гаѓа со снежни топки, а во меѓувреме пак нивните желби се запишани велат, а писмата веќе испратени до дедо мраз.

За новогодишните празници веќе се подготвуваат и градовите и општините ширум земјата... Пред празничните програми се во полн ек, а веќе започнаа и најавите за тоа што граѓаните ќе ги забавува на плоштадите за „најлудата ноќ“, како и забавна програма преку ден за најмладите...

Во Скопје се чека се уште објава на програмата, во Охрид на плоштадот граѓаните ќе можат да уживаат во музиката на Каролина Гочева и Наум Петревски, а градот очекува и околу 15.000 туристи од регионот... Во Битола веќе трае предновогодишната програма, но што ќе се случува вечерта останува исто така непознато, како и во Струмица. Прилепчани пак на плоштадот ќе се забавуваат со едно од најпознатите македонски дуа Cyrillic...

Сепак, според прогнозите на УХМР, очекувањата се дека претсојниот период ќе биде сув, но има уште 10тина дена, па и од таму велат се надеваат поради дечињата дека снегот ќе тргне кон Македонија.

Покрај славјето и еуфоријата, граѓаните да бидат и совесни, апелираат од МВР. Да не се користат пиротехнички материјали за да нема повреди кои може да доведат и до траен инвалидитет. Возачите да не пијат, оти покрај себеси, во опасност можат да го доведат и животот на сограѓаните.

Од МВР најавуваат засилени контроли во текот на празничниот период, а побараа и максимална соработка од граѓаните од кои очекуваат да ги пријават сите нарушувања на јавниот ред и мир.

Каде живеат највисоките луѓе на светот?!

Универзитетот Оксфорд анализирал податоци кои ја открија земјата во која живеат просечно највисоките мажи и жени.

Луѓето од овие држави се највисоки.

Универзитетот Оксфорд анализирал податоци кои ја открија земјата во која живеат просечно највисоките мажи и жени.

Турција е дом на највисокиот човек на светот - Султан Косен, кој е висок два метри и 51 сантиметар. Но, таму живее и највисоката жена Румејша Гелги, висока два метри и 16 сантиметри.

Според последните податоци анализирани од Универзитетот Оксфорд, Холандија се издвојува како земја со највисока популација во светот, со просечна висина од 183 см за мажи и 170 см за жени. Од друга страна, Обединетото Кралство се наоѓа на 38-то место на глобалната листа, со просечна висина од 177 см за мажи и 164 см за жени.

Овие податоци укажуваат на значителни разлики во просечната висина помеѓу различни земји, што може да биде резултат на комбинација на генетски фактори, исхрана и општата здравствена состојба на населението.

Листата на земји со највисики луѓе во просек:

1. Холандија со просечна висина од 183,6 cm за мажи и 170,4 cm за жени

2. Црна Гора со просечна висина од 183,3 cm за мажи и 170,0 cm за жени.

3. Естонија со просечна висина од 182,8 cm за мажи и 168,7 cm за жени.

4. Данска со просечна висина од 181,9 cm за мажи и 169,5 cm за жени.

5. Исланд со просечна висина од 182,1 cm за мажи и 168,9 cm за жени.

6. Летонија со просечна висина од 181,2 cm за мажи и 168,8 cm за жени.

7. Босна и Херцеговина со просечна висина од 182,5 cm за мажи и 167,5 cm за жени.

8. Чешка со просечна висина од 181,2 cm за мажи и 168,0 cm за жени.

9. Србија со просечна висина од 180,7 cm за мажи и 168,3 cm за жени.

10. Литванија со просечна висина од 180,7 cm за мажи и 167,6 cm за жени

Овие податоци даваат увид во антропометриските карактеристики на популациите ширум светот и можат да бидат корисни во области како што се јавното здравје, ергономијата и дизајнот на производи прилагодени на различни пазари, пренесува Ona.

Листата открива дека многу од земјите со најголема популација се во Северна и Источна Европа.

Ливерпул подобар од Тотенхем во дерби со девет голови

По двете последователни ремија, фудбалерите на Ливерпул вечерва се вратија на победничките патеки и го совладаа Тотенхем во Лондон со 6-3 во дерби натпреварот од 17 коло во Премиер лигата.

Дијаз (23, 85) и Салах (54, 610 беа двојни стрелци за Ливерпул, а прецизни во редовите на актуелниот лидер беа и Мекалистер (36), Собослаи (45+1).

Мадисон (41), Кулушевски (72) и Соланке (83) ги постигнаа головите за Тотенхем.

Ливерпул води на табелата со 39 бодови, четири повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Челзи.

Тотенхем со осмиот пораз сезонава остана на 11 место со 23 бодови.

Видео: Кој е познатиот личен телохранител на Меси?

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, аргентинскиот волшебник Лионел Меси ужива во посебни безбедносни мерки откако е член на американскиот Интер од Мајами.

Неговиот личен телохранител Јасин Чеуко стана познат по својата посветеност и вештини во заштитата на славниот фудбалер.

Инаку, Јасин Чеуко е поранешен припадник на американската армија, со искуство во мисии во Ирак и Авганистан. Покрај воената кариера, тој е експерт и за боречки вештини, вклучувајќи бокс и теквондо. Неговата физичка подготвеност и боречки вештини го прават идеален за улогата на личен телохранител.

Чеуко е ангажиран да ги штити Меси и неговото семејство во секое време. Неговата посветеност оди дотаму што го придружува Меси дури и за време на натпреварите, следејќи го покрај линијата за да реагира брзо во случај на упад на навивачите или други потенцијални закани. Оваа практика стана вообичаена откако Меси дојде во Интер Мајами.

Поради постојаното присуство со Меси и забележителните интервенции, Чеуко стекна голема популарност на социјалните мрежи, со стотици илјади следбеници. Неговата посветеност на работата и импресивните вештини дополнително ја зголемија неговата популарност.

Јасин Чеуко стана незаменлив дел од тимот на Меси во Соединетите Американски Држави, обезбедувајќи му безбедност и овозможувајќи му да се фокусира на играта, додека неговото присуство дополнително ја зголемува популарноста на фудбалот во регионот.

притисни ентер